TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тетово беше без струја поради нерешени имотноправни работи

Утрински - 21.11.2008

Тетово беше без струја поради нерешени имотноправни работи. Дотраената опрема на двата најстари високонапонски далновода е причината за испадите во електричното напојување, кои пред два дена го оставија Тетово и тетовскиот реон без струја цели 14 часа, соопшти вчера МЕПСО. „Двата најстари далновода во државата, се од 1957 година.

Грејна сезона со стискање палци

Време - 21.11.2008

Наталија Томовска Со далноводи постари од пет децении и со зголемена потрошувачка на електрична енергија поради новите корисници, кои досега се грееја со парно, почнува новата грејна сезона. Прекинот од 17 часа во Тетово беше првиот аларм иако од Македонскиот преносен систем-оператор (МЕПСО) тврдат дека нема опасност градот повторно да остане без електрична енергија.

МЕПСО: Шерифи со оружје спречуваат поправка на далноводите

Вест - 21.11.2008

Дотраената далноводна мрежа е причината што Тетово и регионот завчера останаа 14 саати без струја. Директорот на преносната мрежа во МЕПСО Михаил Пановски на вчерашната прес-конференција објасни дека со реконструкцијата на далноводите Полог - Тетово и Тетово 1 - Скопје 1 трајно ќе се реши проблемот со напојувањето со електрична енергија во Тетово и во Гостивар.

МЕПСО нуди по 10 евра за квадрат за земјата на „локалните шерифи“

Дневник - 21.11.2008

МЕПСО им понудил по 10 евра за квадрат на локалните жители во Тетовскиот регион за земјиштето на кое треба да се реконструира застарениот далновод, кој во вторникот вечерта предизвика дефект и целиот град го остави без струја 17 часа. Но, некои од граѓаните, незадоволни од сумата, покренале судска постапка и со оружје не дозволуваат да се гради.

Енергетската мрежа „паѓа“ од студот

Н.Македонија - 21.11.2008

Енергетската дистрибутивна мрежа попушти под првиот студ и зголемената потрошувачка на струја. За два дена се случија поголеми испади на високонапонскиот далновод Вруток-Тетово, поради што градот под Шар Планина остана 17 часа без струја. Вториот поголем прекин на струја се случил во Кочани, каде здравствениот дом во Кочани, два дена е без напојување со електрична енергија.

МЕПСО: Далноводите под контрола на локални шерифи

А1 - 20.11.2008

Менаџментот на државната компанија МЕПСО чии далноводи крахираа, оставајќи го Тетово во мрак, се правда - одамна знаеле во каква кондиција се далноводите, но не можеле да ги модернизираат. Имале имотно правни спорови со локални моќници. „Проблемите се решени, папиролошки е решено.

Зошто Тетово немало струја?

Канал5 - 20.11.2008

Дефектот на далеководитре постари од 50 години, според МЕПСО биле причина зашто Тетово остана без струја цели 17 часа. Од МЕПСО тврдат дека биле подготвени да го постават новиот далековод Тетово 1-вруток, но дека биле спречени од локалното население. За ова побарале и асистенција од МВР, но и таму не добиле одговор.

МЕПСО: Тетово остана без струја поради стара опрема

Канал5 - 20.11.2008

Поради 50 години старата опрема на високонапонските далноводи Тетово и тетовскиот регион остана без струја цели 17 часа, велат од државната МЕПСО. Тврдат, локални шерифи не дозволуваат пристап до далеководите кои се во фаза на реконструкција.

Автопати и далноводи за три милијарди евра

Дневник - 20.11.2008

Доизградба на Коридорот 8, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, патот до ски-центарот Кожув, обиколницата на Охрид и далноводот Штип-Ниш се дел од проектите што Владата најави дека ќе ги гради во следните три години. Дознаваме дека е планирано да бидат потрошени 2,7 милијарди евра, но ниту една државна институција не сакаше да ја потврди информацијата.

Вооружени тетовци го оставија градот без струја

Дневник - 20.11.2008

МЕПСОне може да ги реконструира најстарите далноводи во држа вата бидејќи го спречуваат неколку тетовци. Тетовци завчера останаа 17 часа без струја затоа што Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) не може да го санира стариот и да постави нов далновод.

По повеќе од 20 часа тетовци добија струја

Дневник - 20.11.2008

Поради дефект на двата далновода што го снабдуваат градот со струја, Тетово и околината вчера и завчера беа во мрак повеќе од 20 часа . Завчера вечерта, сред снежна бура, прво откажал едниот, а потоа и другиот од двата далновода Полог - Тетово и Тетово - Скопје 1.

Печките го оладија Тетово

Време - 20.11.2008

Тетово вчера повеќе од 17 часа живееше како во средниот век. Во екот на грејната сезона остана без струја, а тоа повлече во поголемиот дел од градот да снема вода. Струјата беше пуштена дури вчера околу 12 часот, откако тетовци ја поминаа ноќта без греење и без осветлување.

МЕПСО:Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетово

Канал5 - 20.11.2008

Директорот на Операторот на преносната мрежа при МЕПСО Михаил Пановски на денешната прес-конференција во врска со дефектите на далноводите во тетовско-гостиварскиот регион што се случија вчера и завчера, рече дека доколку се почнело со работа на новиот далекувод Тетово1-Вруток на 16 јули, денот кога е добиено одобрението за градба, немало да се случи тој проблем и Тетово и Гостивар ќе имале ...

Блокирана рекострукцијата на далноводот во Тетово

Алсат-М - 20.11.2008

Тетово и натаму ќе добива струја од далноводи кои се стари 51 година и кои поради дотраеноста се подлежни на чести испади. Од МЕПСО велат дека не можат да почнат со нивна реконструкција бидејќи за изградба на нова врска Скопје – Тетово, иако се обезбедени пари, не се решени имотно-правните односи.

Тетово остана без струја поради "локални шерифи"

Телма - 20.11.2008

Педесет илјади граѓани на Тетово останаа речиси 17 часа без струја поради самоволието на неколку локални жители и нефункционирањето на институциите на системот. Од МЕПСО објаснуваат дека до дефектот поради кој градот завчера остана без електрично напојување дошло бидејќи биле спречени да го реконструираат далноводот Вруток – Тетово, стар над педесет години.

МЕПСО: ЕВН ја манипулира јавноста

Нетпрес - 20.11.2008

ЕВН ј аманипулира јавноста со изјавите, кои ги даде во текот на вчерашниот ден, за испадите на двата високонапонски далекуводи, велат од државната компанија МЕПСО. “Овие дефекти немаат никаква врска со новоизградената 110 киловолтна трафостаница Теарце на ЕВН. “Надлежните служби во МЕПСО во дел на ЕВН и имаат издадено услови за приклучок и досега нема ставено забелешки на тие услови.

Откажаа двата најстари далноводи, стари 51 година

Алфа - 20.11.2008

Вината за 17 часовниот прекин на струја во Тетово МЕПСО ја лоцира кај двајца гостиварци во чии ниви се наоѓаат далновите за дистрибуција на електрична енергија. МЕПСО не ги соопштува нивните имиња но обвинува дека гостиварчаните не им дозволувале веќе 4 месеци пристап до нивите каде се наоѓаат далноводите стари 51 година, кои треба да се реконструираат.

МЕПСО: На Тетово му се “стемни“ од локалните шерифи

Нетпрес - 20.11.2008

Дотраената опрема на двата најстари високонапонски далекуводи е причина за испадите во електричното напојување, кои завчера, го оставија Тетово и тетовскиот реон без струја цели 14 часа, соопшти државната компанија МЕПСО. “Станува збор за двата најстари далекуводи во државата, кои се од 1957 година.

ЕВН: Од неработењето на трафостаницата Теарце страдаат потрошувачите

Нетпрес - 20.11.2008

ЕВН Македонија ги демантира изнесените изјави од страна на МЕПСО дека 110 киловолтната трафостаница Теарце не исполнува технички и правни услови за да биде приклучена во системот. Од таму велат дека со ваквиот чин МЕПСО ја ограничува и конкуренцијата во енергетскиот пазар, затоа што со укинувањето на чл.42 од Законот за енергетика секој што има енергетски објект може да врши пренос на електрична ...

МЕПСО - Тетово остана без струја поради Локални шерифи

Сител - 20.11.2008

Локални шерифи со оружје не дозволувале да се реконструираат далновидите кои поминуваат низ гостиварскиот регион. Државниот пренос МЕПСО денеска ги обелодени причините, зошто тетовчани 17 часа останаа во мрак. Одговорноста ја префрлаат кај министерствата за финансии и внатрешни работи. - Од непознати причини луѓето не си ја вршат работата и целиот регион го држат во заложништво.

МЕПСО:Ние не сме причина што Тетово немаше струја

Форум - 20.11.2008

Дотраената опрема на двата најстари високонапонски далекуводи е причина за испадите во електричното напојување, кои во вторникот, го оставија Тетово и тетовскиот реон без струја цели 14 часа, соопшти државната компанија МЕПСО Од таму викаат дека нивните екипи по 14 часовна работа го ставиле под напон 110 киловолтниот далековод Полог – Тетово, со што околу 12 часот во средата се создадени ...

Дали Македонија ќе падне во мрак зимава

А1 - 19.11.2008

Дали Тетово е увертира на она што може да и се случи на Македонија во зимата. На овие прашања, за А1, се обиде да одговори Владимир Лабудовиќ, експерт за енергетика. -Дефекти се случуваат и ќе се случуваат. Она што вчера се случи во Тетово имаше различни информации, меѓутоа она што јас денска го видов во медиумите, се работи за дефект на далновод. Како што рековте 20-тина години стар.

По 17 часа Тетово доби струја

А1 - 19.11.2008

Тетово повеќе од 17 часа живееше како во средниот век. Во екот на грејната сезона остана без струја, а тоа повлече поголемиот дел од градот да нема ниту вода. Работниците од фирмите уште од утрото беа вратени дома, поголемиот дел од маркетите не работеа, а беа распродадени и последните залихи на свеќи и плински боци.

Тетово и околината без струја цели 17 часа

Канал5 - 19.11.2008

17 часа Тетово и околните села поминаа без струја на температури под нулата. Дефектот на далноводот кој доведе до испад вчеравечер пред 19 часот беше саниран дури денеска напладне. Утрово граѓаните стравуваа како ќе се справат со студот ако подолго време останат без струја. - Струја немаме од 6 часот вчера, а со неа се поврзани и водата и парното. Имаме и кафуле кое не работи.

Кои се причините за 17-часовниот проблем со струјата во Тетово и околината?

Канал5 - 19.11.2008

- Еве што се случува кога доаѓа поголем напон, атмосферски или погонски. Ова е правата слика на еден пробиен изолатор. Напонот доаѓа со маса, а масата е столбот кој е поврзан со земја - вели еден електричар. Ова е еден од двата високонапонски далекуводи на МЕПСО кои го оставија Тетово и регионот без струја повеќе од 17 часа. Екипи на компанијата ги отстрануваа дефектите цела ноќ.

Тетово и натаму без струја-екипи на МЕПСО на терен

Алсат-М - 19.11.2008

Екипите на МЕПСО интензивно работата на терен со цел во најскоро време да биде надминат проблемот со снабдување со струја за Тетово и околината. Ова за Макфакс го изјави порпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов, додавајќи дека екипите на МЕПСО уште синоќа излегле на терен, но поради слабата видливост интервенцијата била многу отежната.

Тетово 17 часа беше без струја поради дефект на далновод

Алсат-М - 19.11.2008

Прекинот на двата 110 киловолтни далновода на државната компанија МЕПСО, го оставија Тетово и околината цели 17 часа без електрична енергија. „Синоќа беше многу лошо, смрзнавме, ни се расипаа фрижидерите, останавме без светло... како е можно ова?“ вели еден тетовец. „Катастрофа, како може да живееме без струја! смрзнавме, не знаевме што се случува“ одговара друг граѓанин.

Тетово доби струја

Макфакс - 19.11.2008

- Тетово и околината попладнево нешто по 12 часот постепено е снабдено со струја, а во моментов целото подрачје има нормално снабдување со струја, јави дописникот на Макфакс. Информацијата ја потврди и АД Мепсо, од каде информираа дека по 14 часовна непрекината работа, ставен e под напон 110 киловолтниот далновод Полог – Тетово.

Тетово и натаму без струја-екипи на МЕПСО на терен

Макфакс - 19.11.2008

Екипите на МЕПСО интензивно работата на терен со цел во најскоро време да биде надминат проблемот со снабдување со струја за Тетово и околината. Ова за Макфакс го изјави порпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов, додавајќи дека екипите на МЕПСО уште синоќа излегле на терен, но поради слабата видливост интервенцијата била многу отежната.

Тетово и околината 17 часа без струја и вода

Алфа - 19.11.2008

Околу 250 илјади жители на Тетово и околината – повеќе од 17 часа немаа ниту струја, ниту вода. Ноќта ја минаа на свеќи, во целосен мрак и студ. Причината е голем дефект на далеководите Полог-Тетово и Тетово-Скопје. Тетовци мислеле дека дефектот е предивизкан од силното невреме и врнежи и затоа се надевале дека струјата ќе дојде за кратко. Но, не било така.

Тетово доби струја, ама нема гаранција дека повторно ќе нема мрак

Нетпрес - 19.11.2008

Испадите на двата високонапонски далекуводи на државната компанија МЕПСО, синоќа, го оставија Тетово и тетовскиот реон без струја цели 14 часа. По санирањето на дефектот од страна на МЕПСО, струјата постепено протече и низ мрежата на ЕВН, по што засегнатиот реон целосно доби напојување.

По 15 часа мрак, Тетово доби струја ама до кога

Вечер Прес - 19.11.2008

Во градот вчера не работеа многу колонијални продавници, а благодарение на неколку фурни кои поседуваа агрегати за струја, лебот се печеше и веднаш се транспортираше низ целиот град. По 15 часа мрак, Тетово вчера доби струја. Завчерашните испади на високонапонските далноводи на преносниот оператор МЕПСО го оставија Тетово и околните села цела ноќ и половина ден без струја.

Тетово и околината во темница

А1 - 18.11.2008

Тетово и околните села немаат струја повеќе од четири ипол часа. Регионот е во мрак. Од ЕВН информираат дека од далекуводите на МЕПСО до нив не стигнива струја, значи проблемот не е кај нив и не можат да дејствуваат на теренот. Стапивме во контакт со луѓето од МЕПСО, од каде не информираат дека се работи за паднат далекувод од Вруток - Тетово.

ЕВН се жали дека МЕПСО ја спречува да увезува струја

А1 - 18.11.2008

МЕПСО го блокира увозот на струја за ЕВН Македонија, обвинуваат Австријците. Во официјалната писмена комуникација со државната компанија за пренос, ЕВН на двапати била одбиена да увезе струја по пониска цена од онаа што ја продаваат државните електрани. Според новиот закон за енергетика, ЕВН Македонија смее да набави струја на отворениот пазар, доколку ја најде по пониска цена.

Скопје му го врати трансформаторот на Дуброво

Вест - 18.11.2008

Скопје го врати трансформаторот во трафостаницата "Дуброво", близу Неготино, кој го зеде на заем кон крајот на 2005 година, по големата хаварија на единствениот трансформатор во трафостаницата "Скопје 5" во скопската населба Бутел. МЕПСО пред десетина дена монтираше нов трансформатор во скопската трафостаница и се создадоа услови, по три години, зајмениот трансформатор да се врати во "Дуброво", ...

МЕПСО пушти во работа нов трансформатор кај Неготино

Утрински - 18.11.2008

МЕПСО пушти во работа нов трансформатор кај Неготино. Неготино - МЕПСО вчера го пушти во работа вториот енергетски трансформатор на трафостаницата „Дуброво“ кај Неготино. Оваа постројка ќе врши трансформација од 400 на 110-киловолтно напонско ниво и пренос на електрична енергија меѓу двете напонски нивоа.

Тетово и околните села без струја

Сител - 18.11.2008

Од МЕПСО информираат дека екипи на компанија работат на терен со цел да го лоцираат дефектот, како и причините за испадот. - Се надеваме дека во најкус можен рок повторно ќе се воспостави напојувањето со електрична енергија на Тетово и околните села.

МЕПСО го пушти во работа трансформатор Дуброво

Форум - 18.11.2008

МЕПСО го пушти во работа вториот енергетски трансформатор на трафостаницата Дуброво кај Неготино. Оваа постројка ќе врши трансформација од 400 на 110-киловолтно напонско ниво и пренос на електрична енергија меѓу двете напонски нивоа. Од МЕПСО потенцираат дека овој трансформатор ќе работи паралелно со постојниот, а ќе ја подобри стабилноста на енергетскиот систем.

Дефект на далновод го остави Тетово и околината во мрак

Макфакс - 18.11.2008

Тетово и околината нешто пред 19 часот се без струја, јави дописникот на Макфакс. Од ЕВН потврдуваат дека нема струја во Тетовско, но посочуваат дека проблемот е кај МЕПСО. Од МЕПСО велат дека имаат дефект на два далновода на потегот од Вруток кон Тетово. Екипи на компанијата се на терен и се обидуваат да го лоцираат дефектот.

Нуклеарка во Македонија по 2025-та?

Н.Македонија - 18.11.2008

Стручен тим во МАНУ наредните седум дена ќе ја разгледува опцијата за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Земјата увезува дури 80 отсто од потребите за електрична енергија, по цени три пати повисоки од струјата произведена дома. Многу брзо ќе станеме и 100 отсто зависни од увоз, предупредуваат експертите.

Македонија го завршува проектот за енергетско поврзување со Бугарија

Канал5 - 17.11.2008

МЕПСО во трафостаницата Дуброво, кај Неготино, го привршува монтирањето на вториот трансформатор кој ќе ја трансформира електричната енергија од 400 во 110 киловолти. Со него треба значително да се подобри стабилноста на електроенергетскиот систем во централниот и источен дел на државата. Трансформаторот е посебно значаен за потрошувачите какви што се ФЕНИ Индустри и Бучим.

Нов трансформатор во Дуброво

Вечер Прес - 17.11.2008

Нов трансформатор во Дуброво. МЕПСО монтира и пушти во работа втор енергетски трансформатор во трафостаницата Дуброво. Намената на оваа постројка е трансформација од 400 на 110 киловолтно напонско ниво и едновремено пренос на електричната енергија меѓу двете напонски нивоа.