TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОБСЕ не го менува системот на набљудување

Дневник - 17.04.2004

ВО ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Мониторинг-мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) вториот изборен круг ќе го набљудува со ист број луѓе и според истата методологија како и првиот. - Ќе работиме според истата методологија и ќе покриеме отприлика исто толку гласачки ...

Најрегуларни избори досега

Дневник - 17.04.2004

Џевад Адеми Не сме задоволни од процентот на излезените гласачи. Затоа најмногу внимание ќе обратиме на причините за неизлегувањето на голем дел од електоратот Првиот круг на овие претседателски избори помина во демократска атмосфера.

Тајни знаци за јавните работи

Време - 17.04.2004

Емил Зафировски Се уште трае славењето на „победата“ во таборите на двете политички партии на Албанците во Македонија (впрочем, како и во македонскиот блок), а на политичкиот пазар рапидно расте цената на гласачите-Албанци. Во штабовите на двајцата претседателски кандидати им е јасно дека иако ...

Во вториот круг треба да излезат 847.553 гласачи

Утрински - 17.04.2004

ГЛАСАЊЕ Уставот е јасен и дефинира дека во вториот изборен круг на гласачките места треба да излезат вкупно 847.553 граѓани, што е мнозинство од половината избирачи плус еден гласач од 1.695.103 граѓани, запишани во Единствениот избирачки список, а дека ќе биде избран оној што ќе добие повеќе ...

"Мост" работи во интерес на граѓаните и на демократијата

Утрински - 17.04.2004

Граѓанскиот сектор брзо и успешно го проследи првиот круг од изборите во земјава "Мост" прв излезе со информации за задоцнето отворање гласачки места и за обидите за групно, семејно и прокси гласање ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Во Македонија форми на домашно набљудување можат да се забележат уште од 1998 ...

На Македонија сега и е потребен претседател

Дневник - 17.04.2004

Владо БуЧковски Македонија не смее да дојде во ситуација да се повторуваат претседателските избори. Тоа ќе не доведе во сериозна политичка криза и ќе ги оддолжи сите значајни реформски процеси за наше приближување кон евроатлантските и европските интеграции.

Ни треба подобар мониторинг за вториот круг

Дневник - 17.04.2004

вмро-дпмне Меѓу двата изборни круга ќе се задржиме на истите водечки принципи - правда, сигурност и успех за новото лице на Македонија, бидејќи резултатите од првиот изборен круг покажаа дека овие принципи се она вистинското во што граѓаните на Република Македонија веруваат, тоа се принципите на ...

Одзивот на изборите најмал од осамостојувањето на Македонија

А1 - 16.04.2004

Одзивот од само 55% во првиот круг од изборите е сигнал дека во останатите десетина дена до вториот круг, изборните штабови на двајцата претенденти за претседател Црвенковски и Кедев ќе мора да се фокусираат на анимирање - што поголем број граѓани да излезат на гласање за се избегне опасноста да не ...

Обсе ги оцени изборите како фер, забелешки за ситни инциденти

Утрински - 16.04.2004

Мониторинг-мисијата на ОДИХР го објави прелиминарниот извештај за првиот круг од изборите Според извештајот, грешки во процедурите се појавиле во многу избирачки места што значително ја загрозило сигурноста на изборниот процес ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Првиот круг претседателски избори во нашава земја во ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за упад на избирачко место, полицијата демантира

Дневник - 16.04.2004

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ВО ШУТО ОРИЗАРИ Група непознати лица ги одзеле гласачките ливчиња од Избирачкиот одбор во едно од избирачките места сместени во училиштето "26 Јули" во Шуто Оризари и ги уфрлиле во гласачката кутија - обвини Дарко Алексов претседател на граѓанската асоцијација "Мост".

Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера

Време - 16.04.2004

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Успешен и регуларен прв круг, кој помина во фер и демократска атмосфера, е оцената што граѓанската асоцијација „Мост“ ја даде за претседателските избори. - Во текот на гласањето се регистрирани одреден број нарушувања на изборниот процес, но тие не ги загрозуваат ...

"Мост": Првиот круг од изборите е успешен и регуларен

Утрински - 16.04.2004

Прелиминарен извештај на набљудувачите Скопје - Граѓанската асоцијација "Мост", според извештаите добиени од своите набљудувачи, смета дека изборниот процес помина во фер и демократска атмосфера, а во поглед на регуларноста, првиот круг од вонредните претседателски избори е успешен и регуларен.

Изборите фер, со изолирани неправилности

Дневник - 16.04.2004

ПРВИЧНА ОЦЕНКА НА ОБСЕ Тоа што е од особено значење е дека насилствата што беа карактеристика на претходните избори, не беа забележани за време на овие, изјави претставник на ОБСЕ Првиот круг од предвремените претседателски избори во Македонија беше фер и го покажува демократскиот развој на земјата.

ОДИХР: Првиот круг по меѓународни стандарди, со мини-инциденти

Вест - 16.04.2004

Во првиот круг на претседателските избори беа почитувани заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди, оценија вчера шефовите на Организацијата за демократски институции и човекови права - ОДИХР, меѓународни монитори на изборниот процес.

Инциденти имаше, но изборите ги исполнија демократските стандарди

Време - 16.04.2004

ОДИХР На денот на изборите на 26 избирачки места се гласало за друго лице, информираа вчера набљудувачите на Канцеларија за демократија и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ. Според нив, на 14 места имало полнење на избирачките кутии.

Да се расчисти со „вишокот“ во избирачкиот список

Време - 16.04.2004

ПРАВНИЦИ ГО ПРОЗИВААТ МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА Диана Младеновска Министерот за правда Иџет Мемети е одговорен за веродостојноста на податоците во избирачкиот список и тој е повикан да ја елиминира можноста од постоење виртуелни гласачи во избирачкиот список, дури и ако станува збор за само неколку ...

Шут во сивата зона

Време - 16.04.2004

Диана Младеновска Во избирачкиот список има сива зона со околу 220.000 гласачи, што е околу 13 отсто од вкупниот електорат во земјава. Бројката сама по себе го активира алармот под претпоставка дека станува збор за непостојни гласачи, иако никој не сака да верува дека и тоа може да ни се случи.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе се жалат кај ДИК

Време - 16.04.2004

ДОДЕКА СДСМ И ДУИ СЛАВАТ ПОБЕДА Емил Зафировски ВМРО-ДПМНЕ и ДПА обвинуваат за многу нерегуларности и инциденти за време на изборите и најавуваат жалби до Државната изборна комисија за повторно гласање секаде каде што имало неправилности.

„Мост“: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера

А1 - 15.04.2004

Претседателски избори поминаа во фер и демократска атмосфера, констатираше невладината „Мост“. Според нивните пресметки одзивот на гласачите во првиот круг изнесува 54,55%. Врз основа на податоците земени од 296 избирачки места, Црвенковски освоил 43,1%,од гласовите, Кедев 35,6%, за Острени гласале ...

Спроведувањето на изборите во согласност со ОСЦЕ

А1 - 15.04.2004

„Спроведувањето на првиот круг на изборите беше во согласност со обврските на ОСЦЕ како и со други меѓународни стандардиза демократски избори“, изјави Фридрих Бауер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР. 328-те набљудувачи на ОДИХР ги забележале следниве изолирани неправилности: „Групно гласање, ...

Во метрополата гласање без возбуда

Дневник - 15.04.2004

СКОПЈЕ Солиден одѕив на гласачите и минимални нарушувања на изборната процедура го следеа изјаснувањето на граѓаните на Скопје на вчерашните претседателски избори. Во населбата "Методија Андонов - Ченто" на гласачкото место 2.495 членовите на избирачката комисија изјавија дека тројца гласачи се ...

До 16 часот на гласање излегле 26,3 отсто од избирачите

Време - 15.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА До 16 часот вкупно 446.411 гласачи, или 26,3 отсто од запишаните од избирачкиот список, излегле на избирачките места. Според информациите од ДИК, во овој период најголем бил одѕивот во Берово, каде што гласале 41 отсто избирачи, а најмал во Тетово, каде што на изборите ...

Без сериозни инциденти за време на вчерашното гласање

Време - 15.04.2004

МВР Изборите минаа фер, во демократска атмосфера и без посериозни инциденти, изјави вчера Мирјана Контевска, портпаролка на МВР. Според неа, Министерството ги презело сите мерки за безбедно одвивање на гласањето. - Во текот на гласањето добивме информации од странски набљудувачи дека на некои од ...

Претпладнето само шлаканици

Вест - 15.04.2004

Во тетовското село Теново Рефет Елмази од ДПА, поранешен заменик -министер за внатрешни работи, му удрил шлаканица на активист на ДУИ, но ситуацијата не ескалирала. Државната изборна комисија соопшти дека Граѓаните на Македонија вчера избираа претседател на државата.

Гласањето помина во демократска атмосфера

Дневник - 15.04.2004

ВО ТЕТОВО И ВО ГОСТИВАР Гласањето за избор на претседател на државата во Гостивар со уште девет општини и во Тетово плус осум општини вчера до 14 часот помина без инциденти. До 14 часот во Гостивар и околните општини гласале 15 отсто од 115.000 граѓани со право на глас.

Жолт картон за политичарите

Време - 15.04.2004

Стојанка Митревска Македонските гласачи како да ги подзакопаа секирите пред и за време на претседателските избори, што може да се толкува како демократско зреење. Првиот круг од третите претседателски избори вчера помина во речиси камерна атмосфера.

Иселениците не ја пополнуваат „сивата зона“ во избирачкиот список

Време - 15.04.2004

СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА МВР Диана Младеновска Во системот на Министерството за внатрешни работи се евидентирани 69.217 македонски државјани што живеат во странство, а имаат право на глас. Тоа е една третина од околу 220.000-те гласачи што, според сознанијата на „Време“ и според тврдењата на ...

На гласање излегле 54,55 отсто

Време - 15.04.2004

СПОРЕД НАБЉУДУВАЧИТЕ НА „МОСТ“ Според набљудувачите на „Мост“, до 19 часот на избирачките места излегле 54,55 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи. Кандидатот на ДПА, Зиди Џелили, добил 7,5 отсто, кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, 43,1 отсто, кандидатот на ДУИ, Гзим Острени, 13,8 отсто ...

Пендаровски: Најтешкиот ден од изборите ќе биде на 28 април

Утрински - 15.04.2004

ОЦЕНА Најтешкиот ден за Државната изборна комисија ќе биде 28 април кога е предвидено одржување на вториот изборен круг, изјави вчера претседателот на ДИК, Стево Пендаровски. Тој е оптимист за одѕивот на гласачкото тело и верува дека по завршување на изборниот ден, односно по затворање на ...

Во вториот круг треба да гласа половина од електоратот

Време - 15.04.2004

ЗА ЗАКОНСКИ ИЗБОРИ Околу 1,7 милион граѓани на Македонија имаат право на глас. За да биде избран претседателски кандидат во првиот круг, тој треба да добие повеќе од 50 отсто од околу 850 илјади гласачи. За да бидат изборите законски, во вториот круг на гласачките места треба да излезат повеќе од ...

До 14 часот гласале 30 отсто од граѓаните

Време - 15.04.2004

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Околу 30 отсто од граѓаните со право на глас гласаа вчера до 14 часот, се првичните неофицијални информации на граѓанската асоцијација „Мост“, чии активисти ги набљудуваа претседателските избори. Од „Мост“ велат дека најголем дел избирачки места се отворени навреме.

Одземени и уфрлени ливчиња во Шутка и во Непроштено

Дневник - 15.04.2004

Дваесетина непознати лица ги одзеле гласачките ливчиња од избирачкиот одбор и со нив ги наполниле гласачките кутии во училиштето "26 јули" во скопската населба Шуто Оризари, соопштија набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ.

MOСТ: Одзивот на гласачите до 17.50 часот бил 49%

А1 - 14.04.2004

Според граѓанската асоцијација МОСТ до 17.50 часот на гласање излегле помеѓу 48,5 и 49% од гласачите. Асоцијацијата регистрирала и нови случаи на неправилности при гласањето во Демир Хисар каде имало гласање без лични карти. Забележани се случаи каде еден гласач гласал за повеќемина, а забележани ...

Според МОСТ имало неправилности во Шуто Оризари

А1 - 14.04.2004

Според информациите на граѓанската асоцијација МОСТ 20 непознати лица во две избирачки места во Шуто оризари ги одзеле гласачките листови и ги наполниле кутиите. Набљудувачите на МОСТ поради закани од нив ги напуштиле сите избирачки места во Шутооризари.

ДПМНЕ и ДПА имаат забелешки за изборниот процес

А1 - 14.04.2004

Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има одредени забелешки за денешниот тек на гласањето. „Беа констатирани многу инциденти не само нарушување на изборниот процес туку и инциденти за кои ја алармиравме ДИК и ОБСЕ.

ДИК: Изборите поминаа во демократска атмосфера, излегоа 55,44% од гласачите

А1 - 14.04.2004

Точно во 19 часот се затворија сите избирачки места освен во Црн врв каде гласањето не ни започна и во оние места каде гласањето беше пролонгирано поради прекин во текот на денот. За тоа како поминаа изборите тука ќе ни каже Стево Пендаровски претседател на ДИК.

Гласањето во избирачките места ширум Македонија се одвива мирно

А1 - 14.04.2004

Во избирачките места во Тетово се удвои процентот на гласачи во однос на раните утрински часови така според изјавите на ДИк и претседателите на избирачките одбори процентот на излезени гласачи изнесува над 20%. На сите 211 избирачки места гласањето во Тетовско започна без проблеми освен во село ...

ОДИХР се задоволни од работата на набљудувачите

А1 - 14.04.2004

Како во главно минаа денес изборите? „Нема да ги коментираме изборите затоа што сe уште не се завршени. Ги очекуваме извештаите од набљудувачите. Потребно е многу време за извештаите на 300 луѓе од кои дел биле на повеќе од десет гласачки места.

Фридрих Бауер посети две гласачки места во Скопје

А1 - 14.04.2004

Шефот на набљудувачката мисија на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, амбасадорот Фридрих Бауер денеска посети две гласачки места во Скопје. ОДХИР има 250 акредитирани набљудувачи од 17 држави главно од Европската унија.

Полицијата интервенирала во неколку гласачки места

А1 - 14.04.2004

Од утрово полицијата неколкупати интервенирала на гласачките места по барање на претседателите на одборите заради зачувување на јавниот ред и мир. Станува збор за поситни инциденти со кои се нарушувал текот на гласањето. „Во неколку наврати е побарано од одборите, така во Црн врв е побарано според ...

Мала можност за грешка во првичните резултати од изборите

Време - 14.04.2004

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Првичните неофицијални резултати од гласањето за избор на претседател и за одѕивот на граѓаните граѓанската асоцијација „Мост“ ќе ги соопшти по затворањето на гласачките места. Граѓаните што ќе забележат неправилности при гласањето може да ги пријават на бесплатниот ...

ОДИХР ќе набљудува и во поранешните кризни региони

Време - 14.04.2004

МОНИТОРИНГ Набљудувачите на канцеларијата за демократија и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ денеска ќе го следат гласањето во повеќето избирачки места низ земјава. Се очекува утре да се објави првичниот извештај од набљудувањето на гласањето.

Македонија избира

Дневник - 14.04.2004

денеска вонредни претседателски избори За да може да гласаат, граѓаните мора да носат важечка лична карта или патна исправа и да бидат запишани во единствениот избирачки список Граѓаните на Македонија денеска ќе избираат претседател на државата.

Набљудувачите мора да бидат објективни и неутрални

Дневник - 14.04.2004

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Домашните и странските набљудувачи на претседателските избори не смеат да се мешаат во изборниот процес, во постапката на гласање и во броењето на гласовите. Тие не смеат да носат никакви партиски симболи и ознаки или симболи на кандидатите.

3.320 лица од МОСТ ќе ги набљудуваат изборите

А1 - 13.04.2004

3.320 набљудувачи на граѓанската асоцијација МОСТ, во текот на утрешниот ден ќе ги набљудуваат претседателските избори. Должности и обврски на набљудувачите е непристрасен, непартиски и објективен мониторинг и благовремено и аргументирано известување, рече претседателот на МОСТ, Дарко Алексов.

„Мост“ ќе ги покрива сите избирачки места

Време - 13.04.2004

НАБЉУДУВАЊЕ Граѓанската асоцијација „Мост“ на овие избори ќе активира 3.320 набљудувачи од 19 регионални канцеларии, најави Дарко Алексов, претседател на асоцијацијата. Изборот на градовите во кои се наоѓаат регионалните центри, според Алексов, е направен така што ќе се обезбеди целосна покриеност ...

„Доверба“ сепак ќе ги следи изборите

Време - 13.04.2004

ГРАЃАНСКА КОАЛИЦИЈА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ Граѓанската коалиција на невладини организации „Доверба“ вчера соопшти дека „и покрај првичното одбивање од Државната изборна комисија на барањето за набљудување на претседателските избори“, тие сепак пред неколку дена добиле овластување да ги ...

Изборите ќе ги набљудуваат над 4 илјади домашни и странски монитори

Вест - 13.04.2004

УТРЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Претседателските избори што ќе се одржат утре ќе ги набљудуваат вкупно 4.015 домашни и 364 странски набљудувачи, соопшти вчера претседателот на Државната изборна комисија Стево Пендаровски.

Денеска и утре ќе се гласа за претседател

Време - 13.04.2004

ИЗБОРИ Диана Младеновска Граѓаните со право на глас денеска и утре, по третпат во независна Македонија, ќе гласаат за еден од четворицата кандидати за претседател на државата. Синоќа на полноќ почна изборниот молк, а од утринава гласаат раселените, војниците, затворениците, болните и снемоштените ...

Фридрих Бауер ќе ги предводи 310-те набљудувачи на ОБСЕ за време на изборите

Канал5 - 13.04.2004

Фридрих Бауер ќе ги предводи 310-те набљудувачи на ОБСЕ за време на изборите, кои ќе бидат распоредени во 9 региони во Македонија. Австриецот Бауер е оптимист кога станува збор за текот на изборниот процес. Верувам дека нема да има инциденти, изјавув Фридрих Бауер ќе ги предводи 310-те набљудувачи ...

Гласањето под будното око на 4.361 набљудувач

Дневник - 13.04.2004

ВЕСТИ ЗА ИЗБОРИТЕ Невладините организации и граѓанските асоцијации кои ќе ги набљудуваат претседателските избори, вчера се сретнаа со Стево Пендаровски, претседателот на Државната изборна комисија. - Разменивме информации за непречено набљудување на изборите од претставниците на невладините ...

Денеска гласаат војниците, раселените и болните

Утрински - 13.04.2004

Кампањата на претседателските кандидати заврши и Македонија е во предизборен молк Гласачкиот материјал веќе е дистрибуиран во 34-те општински изборни комисии. По промените во Единствениот избирачки список е утврдено дека право на глас ќе имаат 1.695.103 избирачи САШКО ДИМЕВСКИ - ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ ...

Од полноќ започнува предизборниот молк

А1 - 12.04.2004

Утре први ќе гласаат војниците, внатрешно раселените како и лицата во казнено поправните домови. До посебните избирачки одбори кои ќе го спроведуваат ова гласање целокупниот гласачки материјал ќе се дистрибуира денеска. Внатрешно раселените лица утре ќе гласаат во двата колективни центри во Скопје ...