TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА се закани со улична демократија

А1 - 10.09.2005

Уличната демократија ќе биде следниот чекор на ДПА, доколку власта продолжи да ги игнорира нивните забелешки околу локалните избори. „Може и тоа, бидејќи тоа е демократски феномен, не е ништо вондемократски“, изјави Арбен Џафери, претседател на ДПА.

Хазби Лика е главен лик во „белата книга“ на ДПА

Време - 10.09.2005

„ВРЕМЕ“ ДОЗНАВА ДЕТАЛИ ОД ПОЛИТИЧКАТА АКЦИЈА НА ЏАФЕРИ Емил Зафировски Хазби Лика, градоначалникот на Тетово и поранешен заменик-министер за внатрешни работи, командувал со 112-та бригада на ОНА и е најодговорен за киднапирањето и за судбината на 12-те Македонци од Тетовско, а не Даут Реџепи-Лека, ...

Џафери со влада во сенка

Дневник - 10.09.2005

ДПА Расветлување на случувањата од 2001 година со докази и аргументи изложени во "Белата книга" и формирање влада во сенка ќе бидат темите за кои денеска ќе расправа централното собрание на ДПА, дознаваме од партиски извори. Според нашиот извор, владата на ДПА ќе има двајца премиери - лидерот Арбен ...

ДПА ќе формира влада во сенка

А1 - 09.09.2005

По одлуката за бојкот на Собранието, ДПА ќе формирала влада во сенка. Тоа е жестокиот настап што го најавија. Тандемот Џафери-Тачи на утрешното централно собрание ќе предложи актуелните партиски комисии да бидат активирани во министерства.

ДПА: ОНА не водеше ослободителна војна

Време - 09.09.2005

ЏАФЕРИ НАЈАВИ „БЕЛА КНИГА“ ЗА КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА Диана Младеновска „Белата книга“ што денеска треба да биде промовирана на седницата на централното собрание на ДПА ќе претставува целосна негација на албанско-македонската војна во 2001 година, од аспект на националните интереси на Албанците ...

Продолжува бојкотот на седумте пратеници

Вечер Прес - 09.09.2005

ТЕТОВО.- Со еден глас воздржан, Централното Претседателство на ДПА, кое заседаваше во вторникот вечерта во Тетово, по двочасовна расправа со анонимно гласање одлучи да го поддржи барањето на лидерот на партијата, Арбен Џафери за продолжување на бојкотот на Парламентот, што значи и по шест месеци ...

ДПА ќе печати книга за врските меѓу ДУИ и СДСМ

А1 - 08.09.2005

Во „Белата книга“ што ќе ја печати на англиски јазик, ДПА најавува дека ќе ја разоткрие лагата на ДУИ. Според партијата на Џафери, Ахмети не ја водел војната за правата на албанците туку за да дојде на власт. Партиски извори велат, дека ќе изнесат докази за сите контакти и координации меѓу ДУИ и ...

ДПА останува надвор од пратеничките клупи

Време - 08.09.2005

ПО БАРАЊЕ НА АРБЕН ЏАФЕРИ Пратениците на ДПА и понатаму нема да одат на седниците на Собранието и го продолжуваат бојкотот на работата на законодавниот дом, решија членовите на централно претседателство на партијата, кое се одржа во вторникот во Тетово.

ДПА не кажува со кого ќе коалицира

А1 - 07.09.2005

Наспроти Груевски, кој отворено изјави дека ќе коалицира со стариот партнер Џафери, потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, сеуште не ги отвора картите. „Да се стигне до коалиција треба стварно сериозни разговори, сериозни договори, во тие нешта што можеме да се договориме и сериозно да се договориме ...

Парламентарна криза или парламентарна парада во режија на Мендух Тaчи

Канал5 - 07.09.2005

За две недели, собранието може да реши да им го одземе мандатот на само двајца од седумте пратеници од ДПА-Мендух Тачи и Фатмир Асани... За две недели, собранието може да реши да им го одземе мандатот на само двајца од седумте пратеници од ДПА-Мендух Тачи и Фатмир Асани, тие се единстевните кои 6 ...

Тачи ги премислува пратениците за враќање во Собранието

Вечер Прес - 07.09.2005

Централното претседателство на ДПА вчеравечер требаше да одлучи дали ќе ги врати своите пратеници во Собранието или уште ќе го бојкотира враќањето во парламентарните клупи. Како што дознаваме, речиси сите пратеници, кои шест месеци отсуствуваат од работата на законодавниот дом, не сакаат да се ...

ДПА ја потврди коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 06.09.2005

Пред почетокот на седницата на централното претседателство на ДПА, висок партиски функционер за А1 ја потврди пост-изборната коалиција, со како што рече, традиционалниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, односно Никола Груевски.

Утре ќе се знае дали ДПА ќе се врати во Парламентот

А1 - 05.09.2005

Утре Џафери ќе решава дали своите пратеници ќе ги врати во собраниските клупи. На утешното централното претседателство во Тетово една од темите ќе биде, се враќа ли ДПА во Парламентот или пак, не. Иако одговорот се насетува по партиските најави дека ДПА се подготвува за офанзивна предизборна ...