Верниците, најблиските, но и сите оние што го почитуваа и познаваа трагично загинатиот претседател Трајковски како верник, денеска точно напладне се собраа во Македонскиот Народен Театар на меморијалната богослужба. Роднини, пријатели или другари од детството за сите претседателот беше човек со ...
Времето една година по смртта на претседателот Трајковски, не може да ја ублажи болката и тагата на неговото семејство. Откако си заминаа сите делегации, сопругата Вилма, ќерката Сара и синот Стефан, со солзи во очите, на бистата пред неговиот вечен дом, му оддадоа почит на својот сопруг и татко.
Добредојде во нашето семејство, му посака Вилма Трајковска на човекот кој претрча 600-тини км. во чест на нејзиниот сопруг, претседателот Борис Трајковски. Маратонецот Александар Голо од местото на несреќата во Мостар до вечниот дом на претседателот во Скопје трчаше цели 6 дена со македонското ...
АНКЕТА: ГРАЃАНИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА Маријан Навковски, економист Има голема разлика помеѓу поранешниот и сегашниот претседател. Борис Трајковски беше многу повеќе прифатен од народот. Црвенковски е многу порезервиран во однос на граѓаните.
ЧЕСТВУВАЊЕ ВО МОСТАР, БИХ Со комеморативна седница и откривање спомен-обележје на местото на трагедијата, вчера во Мостар беше одбележана годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски. - Навистина е тешко да се најдат зборови за утеха, со кои ќе се искаже загубата што сите ние ја ...
Ултрамаратонецот Александар Голо ја истрча последната етапа од маратонот посветен на претседателот Борис Трајковски.пред почетокот на трката Голо рече дека последните десет километри од маратонот , од собранието до градските гробишта нема да му биде тешко Ултрамаратонецот Александар Голо ја истрча ...
Вчера во Мостар е одбележана годишнината од трагичната авионска несреќа Патот на кој работеше претседателот Трајковски не само што не се запостави туку влегуваме во уште поинтензивна фаза на негово остварување ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА МОСТАР - †Една година по трагичната смрт на претседателот Трајковски, ...
УЛТРАМАРАТОНецот од мостар по претрЧани 600 километри стигна во скопЈе Ултрамаратонецот Александар Голо вчера пристигна во Скопје, претрчувајќи 600 километри од Мостар, на меморијалниот маратон во спомен на Борис Трајковски. Голо денеска ќе ја претрча етапата од Собранието до скопските гробишта ...
ВО МОСТАР КОМЕМОРАЦИЈА И СПОМЕНИК ЗА ЗАГИНАТИТЕ Боби Христов Наш известувач од Мостар Споменик од камен изгравиран со македонското државно знаме и имињата на претседателот Борис Трајковски и осумтемина од неговата придружба беше откриен вчера во Мостар како траен паметник на трагичната авионска ...
Денеска во Скопје се одбележува годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски Визиите на Трајковски за Македонија во ЕУ и во НАТО стануваат реалност ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Македонија денеска со комеморација на Градските гробишта во Бутел ќе ја одбележи првата годишнина од трагичната смрт на ...
МОСТАР, 26 ФЕВРУАРИ 2004 ГОДИНА Диана Младеновска На 5 март 2004 година Македонија и светот се простија од претседателот Борис Трајковски, кој заедно со осум негови сопатници загина во авионската несреќа што се случи на 26 февруари кај Мостар.
УЛТРАМАРАТОНЕЦОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ Босанскиот ултрамаратонец Александар Голо вчера пристигна во Македонија по шест дена трчање и 600 поминати километри, од Мостар до Скопје. Тој се решил на ваков подвиг по повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски.
Денот што требаше да биде нов светол датум во поновата македонска историја поради планираното предавање на македонската апликација за членство во Европската Унија, судбината го претвори во датум на една голема загуба - трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.
Мостарецот по шест дена го заврши ултрамаратонот и пристигна во Скопје ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Мостарскиот маратонец Александар Голо вчера околу 14 часот пристигна во Македонија преку граничниот премин Блаце, откако на 20 февруари од Мостар стартуваше со ултрамаратонот во чест на Борис Трајковски, ...
Со претседателот Трајковски си замина следбеник на дијалогот меѓу културите, политичар кој даде скапоцен придонес за меѓуетничкиот соживот во Република Македонија и на Балканот. Се бореше за мир, стабилност, за меѓусебна доверба и за решевање на проблемит Со претседателот Трајковски си замина ...
Прва годишнина од смртта на претседателот Лоренс Батлер Никогаш нема да го заборавам шокот што го доживеав во моментот кога седејќи крај моето биро во амбасадата и подготвувајќи се за новиот ден, слушнав дека авионот на Борис исчезнал и се претпоставувше дека се урнал.
- Мостарскиот ултрамаратонец Алаксандар Голо вчера пристигна на граничниот премин Блаце по шестдневниот ултрамаратон од Мостар до Скопје во чест на првата годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски и осумчлената делгација...
Пасија на претседателот Борис Трајковски му била пешачењето. Имал обичај да пешачи и по неколку километри. Кога престојувал во Скопје за време на студентските денови, само еднаш се качил во автобус на градскиот превоз. "Тој и еден негов пријател се качиле во автобус од Чаир за Центар.
(Од нашиот специјален известувач Зденка ПАВКОВИЌ) МОСТАР.- Недалеку од Мостар, на местото наречено Матича Брдо, се наоѓа спомен-обележје кој ќе потсетува дека тука трагично го загуби животот претседателот на Македонија, Борис Трајковски, шестмина негови соработници и двајца пилоти.
Маратонецот Александар Голо пристигна на целта. Тој за 6 дена помина 600 километри од Мостар до Скопје, во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Понесен од возбудата присеќавајќи се на денот на несреќата, раскажува дека низ целиот маратон го воделе сеќавања за претседателот како ...
Дури по една година од смртта на најблиските, дел од семејствата на загинатите го посетија местото каде се урна владиниот авион. Со солзи во очите го гледаа кобното место каде ги загубија животите. Од вкупно девет семејства, на годишнината од авионската несреќа, во Мостар дојдоа членовите на четири.
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТРАЈКОВСКИ Споменик од камен во кој е врежано сонце ќе биде откриен денеска во Ротимље, кај Мостар, на местото на кое лани се урна владиниот авион, при што загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови соработници и членови на екипажот.
ДЕНЕСКА КОМЕМОРАЦИЈА ВО МОСТАР Централното одбележување на годишнината ќе се одржи утре во Скопје, на Градските гробишта, каде што ќе биде откриена биста на претседателот Трајковски Претседателот Борис Трајковски го трасираше патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и е заслужен што земјава го има ореолот ...
ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД УЛТРАМАРАТОНОТ МОСТАР-СКОПЈЕ Последните километри ќе ги истрча денеска, а на граничниот премин Блаце се очекува да пристигне меѓу 14 и 15 часот Александар Голо е пред крајот на шестдневниот ултрамаратон од Мостар до Скопје, во спомен на Борис Трајковски и на осумчлената делегација, ...
10-темина маратонци од штафетната трка ,,Борис Трајковски-мечтател за светска хармонија,, пристигнаа на целта - во Скопје.. Тие вчера тргнаа од Струмица и по поминати 160 километри денеска најпрво се упатија во семејната куќа на трагично загинатиот претсе 10-темина маратонци од штафетната трка ...
ПОМЕНОТ ЗА БОРИС КАКО ПОЛЕ ЗА ПРЕВЛАСТ Иако беше најавено дека шефот на државата ќе зборува на градските гробишта Бутел на годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, говор ќе одржи премиерот Владо Бучковски Претседателот на државата Бранко Црвенковски нема да говори на едногодишниот ...
Струмица СТРУМИЦА - Откако со едноминутно молчење му оддадоа почит и во негова чест ја испеаја песната "Твојата смрт не е крај°, петтемина маратонци од пред семејната куќа на Борис Трајковски во Струмица ја почнаа штафетната трка.
Маратонецот Aлександар Голо денеска на пладне стигна во Македонија.. Горд што помина 600 километри вели дека го нашол патот кон Скопје, родниот град на неговата мајка.. Маратонот во спомен на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, Голо го поч Маратонецот Aлександар Голо денеска на пладне ...
По пристигнувањето во Скопје пред зградата на Собранието, прв домаќин на ултрамаратонецот Александар Голо ќе биде претседателот Бранко Црвенковски. По истрчани 600 километри, Голо на претседателот ќе му ги пренесе пораките со кои тргна во големиот подвиг и впечатоците од шестдневниот ...
Интриги околу тоа кој и зошто ќе го има обраќањето на годишнината од загинувањето на претседателот Кабинетите на претседателот на државата и на премиерот вчера влегоа во своевидна †биткааи околу тоа зошто Владо Бучковски утре ќе има обраќање на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски на ...
На граничниот премин Блаце, Голо ќе биде пречекан од маратонци од македонските клубови, кои ќе му се придружат и ќе трчаат со него до Скопје, до зградата на Собранието. На Блаце, покрај претставници на организаторот - весникот "Дневник", добредојде на Голо ќе му посакаат децата на покојниот ...
Десетте маратонци придруж ени од две полициски возила, кои трчаат штафетно 160 километри од Струмица до гробот на претседателот Трајковски во Скопје, вчера поминаа низ Радовиш и Штип, за потоа да продолжат за Велес. Велес беше и последната станица на маратонците каде останаа да преноќеваат.
Борис Трајковски уште како дете сакал да учи странски јазици. Погледнувајќи се еден со друг Александар, братот близнак на покојниот, и Ѓоко Серафимов, другарот од детството на Трајковски, се потсетија на времето кога биле во седмо одделение. Тогаш во градот дошле Англичани.
Премиерот Владо Бучковски ќе ја предводи македонската државна делегација на денешното одбележување на годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, на кое покрај комеморацијата во Мостар, на местото на кое се урна авионот ќе биде откриена и спомен-плоча.
Откако со едноминутно молчење му оддадоа почит и во негова чест ја испееја песната „Твојата смрт не е крај“, петмина маратонци од пред семејната куќа на Трајковски ја започнаа штафетната трка. Запалениот факел прв го понесе маратонецот Коце Никчевски, а него од родната Струмица го испратија таткото ...
Од домот на претседателот Борис Трајковски на улицата „Страшо Пинџур“ во Струмица утринава стартуваше штафетната трка која се организира по повод одбележувањето на првата годишнина од неговата смрт. Прв носител на штафетната палка беше маратонецот Коце Никчевски.
Во Париз, Мостар и Скопје, денеска, утре и задутре се одбележува годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски. Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска се одржува комеморативен ден на кој присуствува македонска делегација предводена од министерот за култура Благој Стефановски.
Премиерот Бучковски ќе ја предводи државната делегација во Мостар, но и ќе говори на централната церемонија во Скопје по повод годишнината од смртта на Претседателот Трајковски. Премиерот ја прифатил оваа двојна улога на барање на сопругата на Трајковски, чија желба била токму тој да зборува за ...
Во спомен на загинатиот претседател промовирана книгата "Дијалог меѓу цивилизациите" ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА >†Меѓународната и меѓуцивилизациска комуникација и соработка нема да се заснова врз сила и моќ, туку врз надежта за мир и просперитет.
ЧЕТВРТИ ДЕН ОД УЛТРАМАРАТОНОТ МОСТАР - СКОПЈЕ Александар Голо вчера го преброди и најтешкиот дел од 600-километарскиот ултрамаратон од Мостар до Скопје во спомен на Борис Трајковски. - Имаше искушенија. Почувствував проблеми завчера, кога трчав до Приеполе и Биело Поле.
160 километри пеш од Струмица до Скопје.. Два дена шестмина струмичани со факел трчаат низ источниот дел на Македонија во чест на годишнината од трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски.. Трчаат за да ја искажат почитта и болката за заг 160 километри пеш од Струмица до Скопје..
ГИМНАЗИЈА "НОВА" Американската гимназија "Нова" во Скопје ќе додели три целосни стипендии "Борис Трајковски" за најуспешните основци што во новата учебна година ќе се запишат во училиштето, информираа вчера директорката на гимназијата Венера Новаковска и сопругата на починатиот претседател Борис ...
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ДИЈАЛОГ НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ“ Во спомен на починатиот претседател Борис Трајковски вчера беше промовирана книгата „Дијалог на цивилизациите“, со говори и дискусии на учесниците на истоимениот собир што во август 2003 во Охрид го организира Трајковски, во соработка со УНЕСКО и со ...
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА "ДИЈАЛОГ МЕЃУ ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ" Медија принт Македонија и Фондацијата "Борис Трајковски" денеска ја промовираа книгата "Дијалог меѓу цивилизациите", во која се содржани говорите на учесниците на истоимениот регионален форум, кој под покровителство на претседателот Борис Трајковски ...
од блаце до скопЈе Десетина македонски маратонци, предводени од најпознатиот наш атлетичар на долги патеки Трпе Мартиновски, ќе му се приклучат на Александар Голо во последната етапа на неговиот ултрамаратон од Мостар до Скопје.
Започна церемонијалното одбележување на годишнината од авионската несреќа кај Мостар Според агендата, одбележувањето на годишнината од несреќата продолжува в петок во Мостар каде што ќе биде откриена спомен-плоча. Централната манифестација ќе се одржи в сабота во Скопје каде што ќе биде откриена ...
Отворен конкурсот за стипендисти на американската гимназија Поединечно, стипендијата изнесува 4.200 евра годишно Вчера свечено беше објавен конкурсот за доделување на три целосни стипендии за школување на талентирани ученици во гимназијата †Нова° во учебната 2005/2006 година.
Претседателот Бранко Црвенковски нема да зборува ниту на скопското одбележување на годишнината од смртта на Борис Трајковски.. Наместо него, в сабота на собирот на гробот на покојниот претседател ќе се обрати премиерот Бучковски..
ВЧЕРА ВО "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС" "Медија Принт Македонија" и фондацијата "Борис Трајковски" вчера во "Александар палас" ја промовираа "Дијалог на цивилизациите", книга произлезена од Регионалниот форум во август 2003-та во Охрид, одржан под покровителство на тогашниот претседател на Македонија, трагично ...
По повод оддбележувањето на годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, вчера беше промовирана книгата "Дијалог на цивилизациите", во која се објавени излагањата и дискусиите на стотината државници, дипломати, експерти и јавни личности кои учествуваа на регионалниот форум ...
Кога ќе си го споменам името на покојниот претседател Борис Трајковски, ми доаѓа на ум една мисла - ми недостасува лицето на насмеаниот голем човек. Ми доаѓа на ум една случка, што никогаш во животот нема да ја заборавам. Бевме во официјална посета на Москва. Последен ден од посетата.
Гимназијата "Нова" во партнерство со Фондацијата "Борис Трајковски", вчера го објави конкурсот за доделување на три стипендии што го носат името на претседателот Борис Трајковски, а ќе ги покриваат трошоците за годишна школарина.
Спомените за мојот сопруг се уште се многу болни и тешки, изјави Вилма Трајковска, денеска на промоцијата на книгата „Дијалог меѓу цивилизациите“, во чест на истоимениот форум кој за првпат беше организиран од претседателот Трајковски во 2003-та.
Вилма Трајковска носи болни спомени во срцето за нејзиниот сопруг.. Тешка година по трагичната смрт на Борис Трајковски со сеќавања за се што сторил за семејството и за државава.. Таа нема да оди во Мостар, на годишнината од трагичниот настан..
Биографијата на трагично загинатиот млад македонски претседател по многу нешта беше исклучителна Сите што учествуваат на кој било начин во приближувањето на Македонија кон Европа се имаат соочено на тој пат со неизбришливите траги на претседателот Трајковски Биографијата на трагично загинатиот млад ...
ГОДИШНИНА Со промоцијата на книгата „Дијалог на цивилизациите“ денеска почнува одбележувањето на годишнината на смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски. Утре ќе се одржи церемонијата во седиштето на УНЕСКО, а в петок државна делегација и претставници на дел од семејствата на загинатите ...
ТРЕТ ДЕН ОД УЛТРАМАРАТОНОТ МОСТАР - СКОПЈЕ Силниот дожд, повремениот снег и студеното време вчера му беа главни сопатници на Александар Голо, во третиот ден од неговиот ултрамаратон од Мостар до Скопје, во чест на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.
Вилма Трајковска за тешката година по трагичната смрт на сопругот Борис Трајковски Борис беше исклучително грижлив сопруг и татко. Нема момент да не се сетам на секој негов збор, да не помислам што би кажал и би нў поучил ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА "Изминатата година за нас беше исклучително тешка и тажна, ...
Како поранешниот шеф на Кабинетот на Трајковски ја доживеа веста за уривањето на авионот Шефот на Кабинетот на претседателот Борис Трајковски и негов близок соработник, Зоран Јолевски, една година по несреќата вели дека бил фрапиран кога ја примил веста за загинувањето на шефот на државата, ...
Една година по авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски Кобната вест за несреќата кај Мостар го обиколи светот Никој ниту во најцрните предвидувања не можеше да претпостави дека токму 26 февруари минатата година, кој требаше да претставува празник за иднината на Македонија, бидејќи ...
ОДЛУКА Александар Трајковски, брат на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, и неговиот син, в петок, на 25 февруари, ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината од авионската несреќа кај Мостар. Од Министерството за надворешни работи информираат дека братот на претседателот ...
СПОМЕНИК ВО МОСТАР Камен блок во чие средиште е македонското знаме со поширок дел што ќе ги претставува сончевите зраци, кои не се гаснат и вечно сјаат, е споменикот што ќе биде поставен на местото каде што се урна владиниот "кингер" и загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација ...
УТРЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС Утре во 12 часот во хотелот "Александар Палас" ќе се промовира книгата "Дијалог меѓу цивилизациите" . Книгата се објавува во знак на спомен и сеЌавање на претседателот Борис Трајковски кој беше покровител на регионалниот форум "Дијалог меѓу цивилизациите " одржан во август ...
ВТОР ДЕН ОД УЛТРАМАРАТОНОТ МОСТАР - СКОПЈЕ Најважно ми е да не врне дожд, бидејќи тоа ми пречи во трчањето и ме принудува почесто да ја менувам облеката, вели ултрамаратонецот Мостарскиот ултрамаратонец Александар Голо вчера од Сараево тргна кон Вишеград со што ја почна втората етапа од ...
семеЈствата поделени Сопругот на Димка Илкова Бошковиќ, незадоволен од истрагата, местото му го отстапува на обвинителот Александар Прчевски Александар Трајковски, брат на загинатиот претседател Борис, и членови на семејствата на пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски и на дипломатот Миле ...
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТРАЈКОВСКИ И покрај првичните колебања, претставници на четири семејства на настраданите во несреќата на авионот на поранешниот претседател Борис Трајковски најавиле дека ќе заминат за Мостар, каде што в петок, на местото на авионската несреќа, ќе биде откриена спомена-плоча.
Во рамките на програмата за одбележување на првата годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски, на 24 и 25 овој месец, во сите градови од Македонија ќе биде организирана штафетна трка под заедничкото мото "Борис Трајковски - мечтател за светска хармонија", насловена според истоимената ...
ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ТРАЈКОВСКИ Фондацијата "Борис Трајковски" и Медиа Принт Македонија во среда во 12 часот во хотелот "Александар палас" ќе ја промовираат книгата "Дијалог меѓу цивилизациите", по повод годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.
поЧна мемориЈалниот маратон "траЈковски" во организациЈа на "Дневник" Искушението е големо бидејќи никогаш досега не сум трчал толку долга патека, изјави вчера Александар Голо Босанскиот ултрамаратонец Александар Голо вчера од ридот над мостарското село Ротимле го почна меморијалниот маратон кон ...
Во Босна стартуваше меморијалниот маратон во организација на ,,Дневник" Најпознатиот босански ултрамаратонец Александар Голо со македонско потекло вчера ја започна маратонската трка, која од мостарското село Ротимлје, Босна, за шест дена треба да финишира во Скопје пред вечниот дом на трагично ...