TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопските пекари се премислија – засега нема да го поскапат лебот

Канал5 - 12.08.2007

Доволна беше само една изјава на владиниот портпарол, за скопските пекари да се премислат. Нема да ја зголемат цената на лебот се додека Владата не им каже дали има економска оправданост за тоа. Доволна беше само една изјава на владиниот портпарол, за скопските пекари да се премислат.

СДСМ: Да се спречи растот на цените

Дневник - 11.08.2007

Владата ќе ги казнува пекарите што ќе ја договараат цената на лебот Владата нема да им дозволи на пекарите да се однесуваат монополски и заеднички да го договараат поскапувањето на лебот во земјава. Затоа ја алармира Комисијата за заштита на конкуренцијата да излезе на терен и да ги казни пекарите ...

Нема потреба за поскапување на лебот

Време - 11.08.2007

ВЛАДА Владата не гледа потреба ниту причина за поскапување на лебот. - Цената се формира слободно на пазарот и, според анализите што ги имаме, нема ниту потреба ниту причина за поскапување на лебот во моментот. Забележано е определено нарушување на пазарните закономерности, но Владата во наредниот ...

Владата против пекарите околу цената на лебот

Утрински - 11.08.2007

Надлежните институции почнаа контроли за да видат дали има елементи за заговор против потрошувачите АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Пекарите не смеат ниту јавно, како што го прават тоа деновиве, ниту тајно да се договараат за синхронизирано зголемување на цената на лебот, бидејќи тоа е заговор против ...

Забрането е тајно, а камоли јавно договарање за цената

Вечер Прес - 11.08.2007

Владата и препорачала на Комисијата за заштита на конкуренцијата да ги испита овие наводи, бидејќи заговор против потрошувачите не е дозволен Се додека не се потроши пченицата која Владата ја увезе на почетокот на годинава по цена од 11 денари за килограм, нема потреба од зголемување на цената на ...

Влада: Нема оправданост за поскапување на лебот

А1 - 10.08.2007

Нема економска оправданост за зголемување на цената на лебот, порачуваат од Владата, на намерата на приватните пекари од Скопје за поскапување на лебот за дури 40%. Од Министерството за економија тврдат, има доволно количини лебна пченица во земјата до Нова година.

Поскапување на лебот ќе има - секоја пекара индивидуално ќе одлучува за цената

Канал5 - 10.08.2007

Лебот во Скопје од идната недела не поскапува подеднакво за седум денари кај сите пекари. Поскапување најверојатно ќе има, но секоја пекара индивидуално ќе процени дали и за колку би ја зголемил цената на векна леб. Лебот во Скопје од идната недела не поскапува подеднакво за седум денари кај сите ...

Ги поскапе брашното и јајцата

Вечер Прес - 10.08.2007

Најголемиот производител на брашно во Велес, "Жито Вардар" ги зголеми цените на брашното и јајцата. Бордот на директори донесе одлука брашното тип 500 од досегашните 16, да се продава по 20 денари за килограм. Јајцата пак, од сопствената фарма во "Црвени брегови" од класата "софија" од сегашните 4 ...

Лебот во Скопје може да поскапи за 40%

А1 - 09.08.2007

40% поскапува лебот во Скопје од идната недела, но само доколку со тоа се согласи и најголемата пекара „Жито лукс“. Пекарите на заеднички состанок ја договорија повисоката цена. Векна од најпродаваниот тип 500 од сегашните 18 денари ќе се продава по 25 денари.

Скопје до крајот на неделава ќе јаде леб по стара цена- пекарите се уште не го договориле покачување

Канал5 - 09.08.2007

Лебот во Скопје не поскапува до крајот на неделата. Дел од пекарите на денешнава средба побараа поголеми цени за лебот и мелничките производи за речиси 7 денари. Лебот во Скопје не поскапува до крајот на неделата. Дел од пекарите на денешнава средба побараа поголеми цени за лебот и мелничките ...

По лебот, поскапува и месото

Утрински - 09.08.2007

Повисоката цена на пченицата го поскапе и лебот Свинското месо ќе се продава по нови цени, слични најави има за јајцата, млекото... АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Бранот поскапувања што го зафати Балканот, а го предизвика сушата, не ја одмина ниту Македонија.

Лебот нема да поскапи секаде

Време - 09.08.2007

ПОРАДИ НЕСЛОГА ВО ЕСНАФОТ Старото златно правило „договор куќа гради“ не важи за нашите пекари и мелничари. Цената на лебот кај некои ќе расне, а кај другите ќе остане иста. Некои од нив веќе се жалат дека нема да се договорат за цената на лебот и на брашното и дека еден дел од нив ќе продолжи да ...

Ценовна треска го тресе Балканот

Дневник - 09.08.2007

Во Србија цената на пилешкото месо е повисока за осум отсто, на свинското месо за 15 отсто, а претстои и поскапување на лебот, брашното, зејтинот, млекото и другите животни продукти. Сушата и тропските горештини ги намалија приносите на зеленчукот и овошјето и во Босна и Херцеговина, и тоа за околу ...

Владата ќе го спречи поскапувањето на лебот?

Дневник - 09.08.2007

Доколку дојде до драстични промени на цените на лебот во земјава, Владата ќе интервенира со увоз на пченица и брашно по пониски цени - вели Ацо Спасеноски, министер за земјоделство. - Владата не може да ја лимитира највисоката цена на лебот, но има други механизми како да интервенира.

Тадиќ бара од српската влада да ги заштити сиромавите од поскапувањата

Макфакс - 09.08.2007

Белград Српскиот претседател Борис Тадиќ побара од владата итно да изработи програма за заштита на најсиромашните граѓани со цел да не ги осетат ефектите од поскапувањето на продуктите. Тадиќ побара помош за социјално најзагрозените жители, кои владата би требало да ги заштити од поскапувањето на ...

Лебот поскапе пет денари

Дневник - 08.08.2007

Од вчера лебот има повисоки цени во Штип и во Радовиш, а од денеска ценовниот шок ќе се пренесе и во другите градови Лебот поскапе од еден до пет денари во источна Македонија. Основниот прехранбен производ од вчера се продава по повисоки цени во штипските маркети.

Бран поскапувања на Балканот поради сушата

Утрински - 08.08.2007

БЕЛГРАД САРАЕВО, ЗАГРЕБ – Сушата што во јуни и јули го зафати Балканот ќе предизвика голем бран поскапувања на основните прехранбени производи. Во Србија пилешкото месо поскапе за осум отсто, се очекува корекција на цената на свинското месо за 15 отсто, а претстои и поскапување на лебот, брашното, ...

Рапидно растат цените во БиХ

Макфакс - 08.08.2007

Сараво Цените на прехранбените производи во Босна и Херцеговина (БиХ) продолжуваат да растат со најави до над 100 процентно поскапување на лебот, месото, и други животни намирници. Главна причина за зголемување на цената на лебот е сушата и недостаток на пченкарни производи, велат производителите, ...

Поскапе лебот во Штип и Радовиш

А1 - 07.08.2007

Поскапе лебот во Штип и Радовиш. Ако до вчера на повеќето продажни места се купуваше една векна леб и по цена од 17 денари, денес речиси сите пекари во Штип и Радовиш парче леб продаваа по 25 денари. Цената на белиот леб порасна од пет до седум денари.

Зголемена цената на лебот во Кочани

Канал5 - 07.08.2007

Граѓаните на Кочани утрово во продавниците ги пречека нова цена на лебот која е повисока од досегашната во просек за околу 20 отсто. Граѓаните на Кочани утрово во продавниците ги пречека нова цена на лебот која е повисока од досегашната во просек за околу 20 отсто.

Бран од поскапувања на Балканот поради сушата

Макфакс - 07.08.2007

Белград/Сараево/Загреб Голем бран од поскапување на основните прехранбени производи ќе предизвика сушата што во јуни и јули го зафати Балканот, пренесува Макфакс. Во Србија веќе поскапе пилешкото месо за осум отсто, денеска се очекува корекција на цената на свинското месо за 15 отсто, а претстои и ...

Поскапуваат прехранбените производи?

Вечер Прес - 07.08.2007

Потрошувачите во европските земји веќе се соочени со поголеми издатоци за купување на храна. Кај нас, засега, само мелничарите бараат повисока цена за лебот Тропските горештини и сушата во регионот и на европскиот континент драстично влијаеја на родот на годинашните култури што ќе се одрази на ...