СТАВ Владата дава и ќе дава силна политичка поддршка на секоја легална и легитимна полициска акција, спроведена според полициските стандарди и нема намера да се откаже од започнатата борба против криминалот, организаираниот криминал и другите облици на криминалитет на целата територија на државата.
Партиите вчера остро го осудија бруталниот напад на новинарските екипи на МТВ и на Сител Политичките партии во земјава вчера го осудија бруталниот напад на новинарските екипи во Арачиново и побараа енергична акција на МВР за брзо и неодложно фаќање на сторителите и нивно жестоко санкционирање.
РЕАКЦИЈА Скопје - Здружението на новинарите на Македонија соопштува дека со крајна огорченост и згрозување ја прими веста за нецивилизираниот и вандалски напад врз новинарите и членовите на телевизиските екипи на МТВ и на Сител во село Арачиново.
ПО АКЦИЈАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО НАСЕЛБАТА ЧЕНТО Вооружени Албанци упаднале во полициската станица во Арачиново и неколку часа држеле во заложништво десетина полицајци, а новинарски екипи на "Сител" и на МТВ биле крвнички претепани Група вооружени Албанци упаднале во полициската станица во скопско ...
ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД "НЕОСВОЕНАТА ТВРДИНА" Кусо време по веста дека во престрелка со полицијата е убиен превејаниот криминалец Неџбедин Демири, неговите роднини и непознати лица во црни униформи, вооружени со автоматско оружје, ја опседнале ...
РЕАКЦИИ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО АРАЧИНОВО Партиите на Албанците сметаат дека однесувањето на вооружените цивили било "нормална" реакција на населението Сите го осудија нападот врз новинарите од страна на роднините и пријателите на Неџмедин Демири, кој загина во скопската населба Ченто, македонските партии ...
Тежок инцидент во скопското село по убиството на криминалецот Демири во населбата Ченто. Денеска состојбата е нормализирана Ситуацијата во Арачиново, по завчерашното дивеење на дваесетчлена криминална група од ова село, приврзаници на убиениот соселанец Неџмедин Демири, е нормализирана, оценува ...
ОБСЕ ги осуди инцидентите во Арачиново во кои две новинарски екипи одделно беа нападнати од вооружена повеќечлена група и упати повик до полицијата да биде уште похрабра во справувањето со криминалот. „Она што се случи синоќа беше вистински криминален акт и ние само можеме да ги охрабриме ...
„Правниот систем треба да функционира, нападите на новинарите веќе не треба да се повторат, што значи дека виновниците треба да се пронајдат и соодветно да се казнат“. Ова е ставот на ЛДП во врска со синоќешните напади на новинарските екипи што се случија во Арачиново, што следуваа откако во ...
Синоќешните напади врз новинарските екипи на МТВ и ТВ Сител во Арачиново, кога беа повредени двајца новинари, двајца сниматели и еден возач, денеска остро ги осуди здружението на новинари на Македонија. Жителите на Арачиново и локалните политичари јавно нека соопштаат зошто им пречат новинарите во ...
„Состојбата во Арачиново, денеска е стабилна и нема никави проблеми“. Ова е оценка на локалните власти и на владините претставници, по синоќешната тензична атмосфера која кулминираше со блокада на полициската станица во селото и со тепање новинарски екипи.
Македонската телевизија денеска информира дека нивната екипа вчера била во скопското село Арачиново по веста дека група вооружени лица ја обиколиле полициската станица, како последица на загинување на еден нивни соселанец со криминално досие и притоа станала жртва на дел од разбеснетата група луѓе.
Во Арачиново немало ниту блокада на полициската станица, ниту малтретирање, туку само обични протести. Случајно или не ваков идентичен став за вчерашните настани во Арачиново имаат и советникот на општината арачиново, Фекри Биљали и државниот секрета Во Арачиново немало ниту блокада на полициската ...
Неколку сонародници на убиениот Албанец во денешната полициска акција во скопската населба Ченто, вечерва ја опколија полициската станица во Арачиново, во знак на протест против убиството на Неџбедин Д. (25), од Арачиново, гонет поради тешки криминални дела.
АРАЧИНОВЦИ И ПО ДВЕ ГОДИНИ НАДВОР ОД СВОИТЕ ДОМОВИ Раселените Македонци од скопското село Арачиново, вчера, по повод двегодишнината од протерувањето од нивните домови, одржаа мирен протест пред Собранието и Владата. "Протестираме за да и покажеме на власта дека сме живи.
НЕЗАДОВОЛНИ ОД ОДНОСОТ НА ВЛАДАТА Раселените Македонци од Арачиново ќе ја тужат Македонија пред Меѓународниот суд во Стразбур за сите претрпени штети за време на нивното раселеништво. Зора Петрушевска, претседателка на Здружението на раселени арачиновци "Зора", на вчерашната прес- конференција ...
Стотина Арачиновци денеска две години по нивното протерување од родното село протестираа пред собранието и пред владата за, како што велат, да ги потсетат на проблемите со нивниот статус. Тие сметаат дека е време државата да ги реши нивните проблеми, да го собере оружјето, да отвори полициска ...