Унгарските власти, по интервенција на КФОР, попладнево го ослободија командантот на Косовскиот заштитен корпус (КЗК) Агим Чеку, кој беше приведен на аеродромот во Будимпешта, потврди заменик раководителот на Мисијата на Обединети нации во Косово Кристијан Линдхмејр.
Портпаролот на Гранична служба на Унгарија Шандор Ородан вечерва ги демантираше информациите дека унгарските власти го ослободиле командантот на Косовскиот заштитен корпус Агим Чеку, кој денеска беше приведен на аеродромот во Будимпешта.
Косовскиот министер за екологија Етем Чеку бил тешко ранет во саботата, кога експлодирала бомба подметната во неговиот автомобил. Како што јави АФП, освен Чеку, во експлозијата биле ранети и четворицата негови сопатници со кои бил на кошаркарски натпревар во Пеќ.
Приштина, 23 јануари - Косовскиот министер за екологија Етем Чеку и уште четири лица се повредени викендов, во експлозија на автомобилот во кој што се превезувале. Експлозијата се случила после одржувањето на еден кошаркарски натпревар, во моментот кога повеќе стотици гледачи ја напуштале салата.