TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски го искара Санадер

Време - 22.02.2006

НА ЛИНИЈА СО БРИСЕЛ, А ПРОТИВ ЗАГРЕБ Само поради предрасуди хрватскиот премиер Иво Санадер го отфрла предлогот на ЕУ за создавање зона на слободна трговија на Балканот и инсистира на проширување на ЦЕФТА. Тоа е оцената на македонскиот претседател Бранко Црвенковски за дилемите околу барањето на ...

Молдавија ќе учи од нас за интеграција во ЕУ

Дневник - 22.02.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ВОРОНИН ВО СКОПЈЕ Македонија ќе и ги пренесува на Молдавија своите искуства од евроинтегративните процеси бидејќи е неколку чекори понапред, се договорија претседателите на двете земји, Бранко Црвенковски и Владимир Воронин.

Молдавија чека помош од Македонија

Вест - 22.02.2006

ЦРВЕНКОВСКИ ГО УГОСТИ МОЛДАВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВОРОЊИН Претседателот Бранко Црвенковски вчера во Скопје го угости претседателот на Молдавија Владимир Вороњин, кој дојде во возвратна посета на Македонија. По свечениот пречек пред Собранието, редењето на македонската гарда и свечената музика, двајцата ...

Црвенковски го отфрли предлогот на Санадер како нелогичен и со предрасуди

Утрински - 22.02.2006

Претседателот на државата не му дава поддршка на Загреб за регионалната трговска зона Слободанка Јовановска Претседателот Бранко Црвенковски го отфрли како предрасуда одбивањето на хрватскиот премиер Иво Санадер да го прифати предлогот на ЕУ за формирање регионална слободна трговска зона.

Ќе се интензивира економската соработка

Вечер Прес - 22.02.2006

Македонија и Молдавија имаат многу слаба економска соработка, а трговската размена изнесува само 400 илјади долари годишно, констатираа на вчерашната средба претседателите на Македонија и Молдавија, Бранко Црвенковски и Владимир Воронин.

Молдавскиот Претседател во посета на Скопје

А1 - 21.02.2006

Македонија и Молдавија, иако географски не се многу оддалечени, малку се познаваат, а соработката е под вистинските потенцијали и можности, оцениле на денешната средба во Скопје претседателите на двете земји Бранко Црвенковски и Владимир Воронин.

Генерална проба

Вест - 21.02.2006

Градисти вчера имаа генерална проба пред зградата на Собранието по повод посетата на Македонија на претседателот на Молдавија Владимир Воронин. Советникот на шефот на државата Горјан Тозија познат по организацијата на погребите на претседателот Борис Трајковски и косовскиот претседател Ибрахим ...

Црвенковски ја нападна идејата на Хрватска за проширување на постоечката ЦЕФТА

Канал5 - 21.02.2006

Македонија нема проблем со идејата на Европската комисија за формирање Зона на слободна трговија на Западен Балкан. Претседателот Црвенковски денеска отворено го критикуваше хрватското инсистирање за проширување на постоечката ЦЕФТА и отфрлање на евентуалната балканска трговска зона.

Претседателот на Молдавија во посета на нашата земја

Дневник - 20.02.2006

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА Претседателот на Република Молдавија Владимир Вороњин утре доаѓа во официјална посета на нашата земја. Посетата на Вороњин е возвратна на онаа од минатата година на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.