Три непријатности за десетина дена му го нарушија спокојниот пензионерски живот на 75-годишниот Шабан Беќири од тетовската населба Тетекс. Рано утрово со осум куршума од пиштол изрешетан е локалот од неговата куќа, во кој е сместен штаб на ДУИ.
Со истрели од пиштол оштетен е изборен штаб на ДУИ во месната заедница Тетекс во Тетово. Инцидентот се случи утрината околу 4.20 часот. Неколку лица од автомобил марка голф со тетовски таблици истрелаа 7 до 8 куршуми кон штабот на партијата на Ахмети.
Бараме промени. Тие се исти со барањата на НАТО и ЕУ. Оваа земја сака стабилност и безбедност. Без овие работи и не може да има економска перспектива зошто странските инвеститори бараат гаранција за нивната инвестиција. Ова на жителите на Требош им го рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
На 10 мај во три по полноќ при поставувањето на пропагандните материјали во Гостивар активистите на ДУИ биле нападнати од деветмина активисти на ДПА кои во соопштението се наведени со име и презиме, вооружени со калашникови, пиштоли и железни шипки.
АТЕНТАТОРОТ НА АХМЕТИ СЕ ПРЕДАДЕ Ана Велјановска Вториот осомничен за пукањето во возилата на ДУИ во Раковец, Вулнет Џелили, завчера сам и се предаде на тетовската полиција. Џелили ја отфрли вината за која го сомничи полицијата и даде изјава која е спротивна од изјавата на Фарук Иљази, кој, пак, ...
Ќе ги задржат ли уздите на своите партиските активисти лидерите на ДПА и ДУИ Гордана Дувњак Црвениот картон од Брисел и Вашингтон упатен до лидерите на ДУИ и ДПА, барем засега, делува смирувачки на инцидентите во албанскиот политички блок на почетокот на изборната кампања.
ГОСТИВАР - Гостиварските разграноци на ДПА и на ДУИ се скараа за градскиот плоштад околу тоа која од партиите ги исполнила процедурите за добивање термин за одржување предизборен митинг. На 13 мај гостиварскиот разгранок на ДУИ побара согласност од СВР-Гостивар за 28 мај во 19 часот да митингуваат ...
ДЕЛОГОЖДА - „Државата не треба да дозволи да има паралелни структури кои најчесто ги предизвикуваат предизборните инциденти и треба да им овозможи на институциите без притисок да ја вршат работата“. Ова беше пораката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со жителите од струшкото село Дологожда ...
Ених Мехмети, портпарол на изборниот штаб на ДУИ, изјави дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ги оправдува инцидентите и се обидува да ги скрие атентаторите. Со своите изјави Тачи ги заплашува Албанците да не гласаат и не' уверува дека останува верен на својата улога на касап и, за него, предизборната ...
Првоосомничениот за оружениот напад врз раководството на ДУИ во тетовското село Раковец, Вулнет Џелили во средата попладне и се предаде на полицијата. Џелили кој од ДУИ беше посочен како главен виноовник за таканаречениот обид за атентат врз лидерот на партијата Али Ахмети, при полицискиот распит ...
ДУИ го осудува лидерот на ДПА Мендух Тачи зошто не се дистанцира од предизборното насилство. Побараа и од поглаварот на ИВЗ да го осуди нападот врз Ахмети кој бил извршен од минарето на џамијата во Раковец. „Жалиме што претседателот на ДПА не смогна сили да го осуди обидот за атентат врз ...
МВР ГИ ОТКРИ НАПАЃАЧИТЕ НА КОНВОЈОТ НА ДУИ Ана Велјановска Игор Чавески Фарук Иљази од Голема Речица и Вулнет Џелили од Раковец се осомничени дека пукале врз карванот на ДУИ во кој бил и лидерот на партијата Али Ахмети, соопшти МВР.
МВР поднесе кривични пријави против Фарук Иљази (31) од Голема Речица, Тетовско, и Вулнет Џелили (28) од Раковец, Тетовско, поради основано сомневање дека го сториле кривичното дело предизвикување општа опасност, кога пред четири дена во Раковец пукале со огнено оружје врз џипот на Али Ахмети, ...
Атмосферата е стабилизирана, но сепак има страв од нова ескалација Гојко Ефтоски Јулијана Кимовска Web Update Џелили сам се пријави Вулмет Џелили (28) кој е првоосомничен дека пукал во лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера по 16 часот сам се пријавил во СВР Тетово.
Шефот на Изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџети, вчера побара од органите на прогонот да ги повикаат на информативен разговор лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и потпретседателот на партијата, Имер Селмани, за да им дадат повеќе информации за неуспешниот обид за атентат врз лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Триесет дена притвор вчера им изрече Основниот суд Тетово на Фарук Илјази (31) од Голема Речица и на Вулнет Џелили (28) од Раковец, по поднесената кривична пријава од МВР за предизвикување општа опасност. Илјази беше приведен во понеделникот, веднаш по инцидентот во кој беше пукано кон лидерот на ...
Тетовскиот суд ја потврди мерката притвор од триесет дена за Вулнет Џелили, што му беше определена во отсуство пред два дена. Џелили кој според МВР и активистите на ДУИ е одговорниот за пукањето во конвојот на лидерот на ДУИ Али Ахмети во тетовското село Раковец, вчера сам и се предаде на ...
Шефот на Изборниот штаб на ДУИ вчера обвини дека членот на личното обезбедување на претседателот на ДПА Мендух Тачи, Фарук Иљази пукал кон лидерот на ДУИ Али Ахмети во инцидентот во селото Раковец Полицијата поднесе кривична пријава, а истражен судија им одреди триесетдневен притвор на Фарук Иљази ...
Ахмети се приклучува кон апелите на меѓународната заедница дека не е важно кој ќе победи, важно е изборите да минат во најдобар ред, бидејќи во спротивно во прашање ќе биде доведена евроатлантската иднина на Македонија. „Над се, изборите се најголемиот тест за една држава, колку е демократијата ...
Вулнет Џелили, кој пукаше кон возилата на ДУИ во Раковец, доцна попладнево сам се и предаде на тетовската полиција. Оди во 30-дневен притвор, како синоќа што заврши Фарук Иљази. Се предал, но ја отфрли вината за која го сомничи полиција.
ЗАТИШЈЕ ВО ИЗБОРНИТЕ ИНЦИДЕНТИ МЕЃУ ДУИ И ДПА Маја Блажевска По речиси една недела насилство, завчерашната ноќ во тетовскиот и во гостиварскиот регион помина мирно. По оружениот напад врз конвојот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не е забележан ниту еден посериозен инцидент.
ДУИ ОДРЖА ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ПО ЗАВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО КОЛАТА НА ЛИДЕРОТ Вчера ДУИ организираше голем протестен митинг на градскиот плоштад во Тетово, како одговор на завчерашниот вооружен инцидент во тетовското село Ораховец, кога се пукаше во блиндираното "ауди" на Али Ахмети, што самиот тој и ...
Нема да потпаднеме на провокации кои се антиалбански сценарија, нагласи Али Ахмети Гојко Ефтоски Светлана Унковска Тетово - Едно лице е приведено, а по второто се трага, по завчерашниот напад на три возила од партискиот конвој на ДУИ во тетовското село Раковец, кој партијата го оквалификува како ...
ЕДИТОРИЈАЛ Оливера Војновска Што ли ќе се случува до изборите, но и на самиот ден на гласањето кога кампањата стартуваше со пукање во автомобилот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, настан што тој самиот го оквалификува како обид за атентат? Никогаш во Македонија антагонизмот меѓу партиите на Албанците ...
Струга - Општина Струга во знак на протест поради завчерашниот обид за атентат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера не работеше, соопшти локалната самоуправа. Зградата на Општината во центарот на градот вчера беше затворена, а на влезот беше истакнато соопштение на албански и македонски јазик.
Апели за стивнување на тензиите вчера упатија и шефот на државата и странските амбасадори Мирно и без инциденти, но напнато, со многу нови меѓусебни обвинувања на албанските партии и со протест на ДУИ во Тетово, мина вчерашниот предизборен ден во Македонија.
Два дена по вооружениот напад врз али Ахмети во Раковец, ДУИ го продолжи предизборниот карван. Денеска партискиот врв беше во гостиварско Врапчиште каде што се сретнаа со своето членство. Два дена по вооружениот напад врз али Ахмети во Раковец, ДУИ го продолжи предизборниот карван.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 31-годишниот Фарук Иљази од тетовска Голема Речица поради основано сомнение дека извршил кривично дело предизвикување на општа опасност. Тетово, 14 мај (МИА) - Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против ...
Вулнет Џелили, првоосомничениот за пукањето во автомобилот на Ахмети во тетовското село Раковец, доцна попладнето сам и се предаде на полицијата. Во полициската станица во Тетово во придружба на неговиот адвокат Зуди Иљази, Џелили за кого ДУИ тврди дека е дел од личното обезбедување на лидерот на ...
И покрај смирувачките пораки на првите луѓе на ДУИ, во кои беа осудени инцидентите, од насобраната толпа можеа да се чујат и воинствени пораки. Ахмети не се плаши, го имаш Скопје полно со барут, извикуваа присутните на протестот Се собравме за да кажеме стоп за насилството и психичкиот терор.
Ниту денешниот протест на ДУИ против насилството на тетовскиот плоштад Илирија не помина без инциденти. Непосредно пред митингот, скинат беше главниот кабел за доход на електрична енергија, за што ДУИ повторно ги обвинија опонентите од ДПА. „Митингот ќе се одржи, бидејќи тоа е волја на Албанците.
28-годишниот Вулнет Џелили од Раковец пукал кон возилата на ДУИ. Полицијата која трага по него го товари за предизвикување општа опасност. Како соучесник го смета вчера приведениот, 31-годишниот Фарук Иљази, иако немал оружје и не пукал.
ИЗБОРНА КАСАПААНА ВО ТЕТОВСКО Испукани 4 проектили од рачен топ "жаба" во изборен штаб на ДУИ Теарце. Вчера околу 4 часот изутрината непознати сторители испукале четири проектили од рачен топ "жаба" во изборен штаб на ДУИ во Теарце, сместен во приземјето на објект кој служел како поранешна ...
ИНЦИДЕНТИТЕ СТАНУВААТ СЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Ана Велјановска Маја Блажевска Оружената изборна војна меѓу ДПА и ДУИ станува се позагрижувачка откако вчера во судирите почнаа да се користат и ракетни фрлачи, игнорирајќи ги се погласните предупредувања на меѓународната заедница дека организирањето мирни ...
Ахмети досега не пријавил обид за атентат врз него иако е пријавено оштетување на џипот во кој се возел Гојко Ефтоски Web Update Ахмети досега не пријавил обид за атентат врз него 19:50 12.05 - Полицијата засега не може ниту да ги потврди, ниту да ги демантира наводите на лидерот на ДУИ Али Ахмети ...
Вчерашното утро беше само продолжение на редицата инциденти од последниве десетина дена Светлана Унковска Се' позачестените инциденти што го носат предзнакот предизборни насилства и главно се случуваат меѓу активисти на двете најголеми партии на Албанците во Македонија ДПА и ДУИ деновиве го ...
Интервју „Му порачувам на Тачи да ја симне униформата на касап“, вели Али Ахмети, лидерот на ДУИ, и дава гаранции дека неговата партија нема да провоцира во кампањата Оливера Војновска Лидерите на партиите потпишаа Кодекс на фер избори.
22.4.2008 Оризаре - Липковско - Пукано, а потоа и запален ИШ на ДПА 22.4.2008 Форино - Гостиварско - Фрлена бомба пред домот на Т. Џафери од ДУИ 29.4.2008 Велес - Пукано во куќата на претседателот на ОК на СДСМ 2.5.2008 Боговиње - Тетовско - Од автомобил во движење пукано во четири објекти 6.5.2008 ...
Непознатите напаѓачи помеѓу 2 и 5 часот пукале од огнено оружје од различни калибри кон штабовите на ДУИ во Дреновец, Џепчиште, Теарце и во Групчин, а, за среќа, нема жртви и повредени Четири изборни штаба наДУИвоТетовско вчераутро биле демолирани откако во нив било пукано со рачни топови и со ...
Ден по инцидентот во тетовско Раковец во кој беше пукано кон конвојот на Али Ахмети адвокатите на лидерот на ДУИ поднесоа кривична пријава против Фарук Иљази и Вулнет Џелили. Како што кажа Џеват Адеми, висок функционер во ДУИ, директно одговорен за инцидентот е Вулнет Џелили за кого тврди дека е ...
Илјадници Албанци од тетовскиот плоштад испратија порака за прекин на изборните насилства. Со мотото - Стоп за оружјето - ДУИ ја повика министерката Гордана Јанкуловска да ги открие атентаторите кои пукаа во партиската делегација на ДУИ во тетовско Раковец.
Од витално значење за иднината на Македонија е да се спроведат успешни избори. Ги осудуваме насилните настани што го поматија почетокот на изборната кампања во Македонија овој викенд. Во демократскиот процес нема место за насилство и застрашување, стои во изјавата на Американската амбасада по ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети обелодени дека врз него имало обид за атентат во селото Раковец, каде ДУИ одржувале средба со граѓаните. Прво се чуле рафални истрели. Откако соработниците на Ахмети заклучиле дека е подобро да си заминат, влегле во автомобилот во кој било пукано.
Од калашникови, напаѓачите на локални штабови на ДУИ се префрлија и на рачни фрлачи на гранати. На ваков начин целосно се демолирани штабовите на ДУИ во Теарце и Џепчиште. Со автоматско оружје, кон штаб на ДУИ е пукано во тетовската населба Дреновец, а во штабот на интегративците во Групчин, пукано ...
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митинг во населбата Теќе, пред изјавата на Ахмети изјави дека се подготвувал антиалбански проект. Според Тачи, ДУИ се служи со стари финти во текот на изборниот процес, алудирајќи на најавената прес-конференција на Ахмети, на која претседателот на ДУИ обелодени дека ...
Полицијата вечерва во близина на Блок 77 во Тетово го приведе Фарук Иљази од Голема Речица, поради основано сомнение дека учествувал во денешниот оружен инцидент во село Раховец, кога беше отворен оган врз возила на ДУИ. Како што изјави портпаролот на МВР Иво Котевски, осомничениот кој управувал ...
КОНВЕНЦИЈА НА ДУИ Демократската унија за интеграција завчера во „Метрополис-арена“ на Скопскиот саем ги претстави кандидатите и програмата за претстојните парламентарни избори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека на 1 јуни неговата партија ќе ги урне македонските и албанските војводи и дека ...
РАПЕРСКА КОНВЕНЦИЈА НА ДУИ Со рап-музика, ДУИ завчера ја почна својата конвенција во скопската "Метрополис арена", на која ги претстави своите кандидати и изборната програма. Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека прва задача на неговата партија ќе биде зачленувањето во НАТО, а ДУИ ќе се ангажирал и ...
Вчераутро се уште непознати сторители изрешетале од возило во движење три седишта на разграноци на ДУИ во Тетово, во тетовското село Голема Речица и во гостиварското село Неготино, Полошко, кои претставуваат локални партиски штабови.
ДПА И ДУИ ВЛЕГОА ВО ВООРУЖЕНА ВОЈНА Маја Блажевска Активистите на ДУИ и на ДПА во текот на викендот водеа вистинска вооружена војна, во која е направена огромна материјална штета, а полицијата истражува дали е падната и првата човечка жртва.
Во подметнат пожар изгоре дискотека, изрешетани неколку изборни штабови Гојко Ефтовски ТЕТОВО - Еден човек е убиен, во подметнат пожар изгоре дискотека, изрешетани неколку изборни штабови, многу пукотници и експлозии е билансот на ноќните случувања во тетовскиот крај во саботата спроти неделата, ...
Не треба да се чепка во идентитетот на Македонците, рече Ахмети Под изборното мото „Со нас - победници“ и со раперска музика ДУИ во саботата официјално ги претстави кандидатите и програмата за изборите. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на конвенцијата во „Метрополис арена“ на „Скопски саем“ дојде со ...
Пет активисти на Демократската унија за интеграција завршија во Ургентниот центар откако во петокот вечерта беа претепани во Кондово. Инцидентот се случил кога активистите кои се враќале од Свиларе биле пресретнати кај Кондово од лица за кои претепаните тврдат дека се од Демократската партија на ...
ДУИ директно ја обвини ДПА дека стои зад сите инциденти и дека ова е почеток на најавената касапана Опожарена дискотека, изрешетани изборни штабови и експлозија на бомба е изборната слика што ја видоа тетовци вчера, на првиот ден од кампањата за предвремените избори.
Партнери сме, а не слуги во нашата заедничка држава и затоа е потребно меѓуетничко помирување преку почитување на јазикот , културата, симболите и традицијата, порача лидерот на ДУИ Гласајте за нас, за да ги урнеме македонските и албанските војводи и конечно да и' кажеме доста на ДПА.
Со оружјето зборувавме во 2001 година. Ние тогаш ги оставивме пушките. Сега наместо да рушиме треба да градиме. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети на своите членови и симпатизери им го пренесе својот став за вооружениот инцидент во партискиот штаб во селото Камењане кој пред неколку дена беше ...
Со рачни топови и автоматско оружје изрешетани се четири изборни штаба на ДУИ во Тетовско. Жртви нема, а причинета е само материјална штета. Штабовите во Дреновец, Џепчиште, Теарце и Групчин целосно се демолирани со истрели од огнено оружје.