Во Охрид за Велигден дојдоа повеќе од 5.000 гости кои заедно со Охриѓани го слават големиот христијански празник-Велигден. Поради лошото време, пополни беа кафулињата, рестораните и пред се црквите, отколку крајезерските локалитети.
Верниците се собраа на утринска свечена литургија во Соборниот храм да го одбележат најголемиот христијански празник - Велигден. Запалени свеќи, молитви за љубов, здравје и среќа се дел од празничната атмосфера во храмот. За граѓаните, христовото воскресение е најголемиот верски празник.
Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид. Охрид, 23 април (МИА) - Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид.
Православните христијани денеска го прославуваат Христовото Воскресение - Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Самоуверени и урбани, влетаа во 21-от век совршено комбинирајќи ги традиционалните вредности. Тоа се македонските политичарки. Како го слават Велигден? „До оваа година се уште не сум ги фарбала велигденските јајца сама и се уште ги користам добрите услуги, воља и труд на мајка ми.
Пред Соборниот храм се е подготвено за свечената велигденска богослужба којашто треба да започне нешто пред Велигден. Точно во 24:00 часот епископот г.г. Стефан ќе каже: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Тоа е најголемиот празник. Верниците постепено доаѓаат, но можеби уплашени од времето, за прв пат оваа година ...
Улиците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во строгиот центар на Скопје, од попладнево до недела наутро ќе бидат затворени за сообраќај поради велигденските чествувања. Во периодот од 18,00 часот денеска до 06,00 часот во недела забрането ќе биде движење на патнички возила и автобуси на ...
Фотовест Ученици од 12 основни училишта во Скопје беа дел од вчерашниот избор на најубаво украсено велигденско јајце што се одржа во организација на Стопанската комора. Децата на возраст до 10 години се натпреваруваа во различни категории велигденски јајца- најмало, најголемо, најсветкаво, ...
Не' капеа со црвено јајце и здравец, со благослов да бидеме здрави и весели во текот на целата година, а потоа зачешлани и дотерани одевме в црква, раскажуваат кумановци Во Куманово, православните христијани со радост го пречекуваат големиот верски празник Велигден.
Вечерва Во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" вечерва ќе се одржи централното одбележување на најголемиот христијански празник - Велигден. Се очекува масовно присуство на воскресенското богослужение, така што сите оние што нема да влезат во храмот, ќе можат да ја следат богослужбата преку ...
На Велигден во организација на СОЖМ По повод големиот христијански празник Велигден, Организацијата на жени на Скопје по петнаесетти пат традиционално на платото пред Соборниот храм в недела со почеток во 11 часот, организира голем хуманитарен продажен велигденски хепенинг.
Велигденска порака на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан Воскреснатиот Христос ја востанови едната, света, соборна и апостолска Црква. Нашата, Македонската православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква, порача во своето велигденско обраќање до верниците, архиепископот ...
Претходната сабота го славеа Христовото воскресение во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а оваа ќе го прослават во православната црква „Свети Никола“ во Штип Можеби би било подобро православниот и католичкиот Велигден да бидат во ист ден, бидејќи имаме еден Господ и иста верба во ...
Во Кавадаречко од дамнина се изведува еден велигденски ритуал за кој се верува дека се прави за добро здравје и среќа. Луѓето што се болни или што имаат некоја болка веруваат дека ако испијат живо јајце од египетски мршојадец, познат како кања, ќе оздрават или ќе ги следи среќа.
ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН Да пееме и да се радуваме, славејќи Го Христа - Воскреснатиот Господ, рече во вчерашното велигденско послание поглаварот на МПЦ г.г.Стефан. "Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
Триесетина велигденски јајца, изработени во повеќе ликовни техники од дваесет автори од земјава, вчера беа изложени пред струмичката јавност. Изложбата имаше продажен карактер, а цената на експонатите се движеше од 3 илјади до 15 илјади денари.
НА ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК Светлана Јанкуловска и Јагода Деловска ја поделија првата награда за најубаво украсено велигденско јајце на завчерашната манифестација што четврти пат ја организира Сојузот на жени на градот Скопје. Наградените жени добија патување низ земјава.
Најголемите вапсани јајца се од ној, гускините со две жолчки, а мискините се најмали, но најцврсти Најмалото велигденско јајце што е вапсано во Битолско е долго пет, а најголемото има дваесет и пет сантиметри. Во семејството Петровски годинава првпат, во чест на големиот христијански празник ...
ПОСЛАНИЕ НА Г.Г. СТЕФАН И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме. Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А, силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението, оценува во велигденското послание, ...
ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ СЛАВАТ Православните христијани во земјава вчера, на Велики петок, се поклонуваа пред Христовото распетие, навраќајќи се во мислите кон Бога. Река луѓе од 10 часот наутро, па се до доцна вечерта, се поклонуваа на светата плаштаница, поминуваа под неа на колена и со ...
Честитки Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Велигден - Воскресение Христово упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите православни верници во Република Македонија.
Некои и денес сакаат да ни го приграбат она што е наше. Но, не ќе можат! Ние сме народ со минато, сегашност и иднина; кој длабоко во себе ги носи верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување „Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на ...
Во просториите на Стопанската комора на Македонија вчера се организираше "Избор за најубаво украсено велигденско јајце". На конкурсот учествуваа дечиња до 10 годишна возраст, од 12 основни училишта во Скопје. Коморските амбасадори Есма Реџепова, Калиопи Букле и Билјана од групата "Синтезис" беа ...
Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска црква. Нашата, пак, Македонска православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква. Бог не ги остава оние што веруваат и се надеваат на Него. Не постои сила на светот што може да Му се спротивстави на Оној што го ...
30-тина јајца со велигденски мотиви изработени во повеќе ликовни техники, дела на 20 ликовни уметници, од синоќа се пред Струмичани. Велигден за нас е голем предизвик и чувствувавме уметничка обврска со насликаните јајца да дадеме наш придонес кон чествувањето на овој голем празник, велат ...
Тања Вуисиќ-балетска првенка Јас не постам, ама сопругот пости 40 дена Вчера рано наутро ги вапцав првите црвени јајца, како што е редот. Утре- ќе ги вапцам и останатите. Секогаш сум вапцала исклучиво црвени јајца и секогаш ги украсувам или со кристали, или со сликички.
И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме! Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението.
По повод големиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Цане Мојаноски испрати честитка до Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски Неговото Блаженство Г.г. Стефан.
По повод големиот христијански празник Воскресението Христово Велигден претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски до Поглаварот на Македонската Православна Црква архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни христијански верници, упати честитка.
За Велигденските празници во Охрид ќе престојуваат над 1.500 гости од странство. Според информациите од туристичките агенции и од хотелите најголем број од гостите се од Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Поголемите хотели, како што се „Метропол“, „Белви“, „Гранит“ и „Парк“, речиси се исполнети ...
На Велигден во Луна-парк Традиционално, четврти пат по ред, на Велигден на бината на летното кино во Забавниот луна-парк, ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал "Децата во чест на Христовото воскресение". Децата од фолклорното друштво "Скопје", в недела во 11,30 часот со песна и игра ...
Денеска на Велики четврток пред изгрејсонце домаќинките ги извапцаа првите три велигденски јајца, како што е редот, со црвена боја - симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Ќе ги чуваат дома цела година. Според верувањето, тие не се расипуваат. Траат долго.
Првите десет јајца што ги снесоа ноевите од фармата во гостиварското село Зубовце се вапсани во чест на големиот христијански празник Велигден. Сопственикот на фармата ќе им ги подари на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, на црквата во селото Зубовце, на пријатели и ќе задржи едно-две за семејството.
НИКОЗИЈА (Ројтерс) - Во Кипар се одржува традицијата за Велигден да се сечат дрвја за клада на која се палат кукли што го претставуваат Јуда Искариотски, но годинава оваа традиција беше нападната од Зелената партија на островот, која вели дека тоа ја уништува животната средина.
Борис Трајанов- оперски пејач Кај родителите на Мена во Охрид Велигденските празници ги славиме вообичаено, како и сите други. Сите подготовки порано ги правеше мајка ми, а сега и јас со својата фамилија. Уште од дете знам дека јајцата ги вапсавме на разни начини: во чорапи, со разни бои и сликички.
Во полскиот регионален музеј во Члухов, по повод велигденските празници, изложено е велигденско јајце старо илјада години. Реткиот експонат е откриен пред неколку години во текот на археолошките ископувања во околината на Члухов. Полските археолози тврдат дека ова јајце е најстаро во Полска.
Во Катлочиката црква "Пресвето Срце Исусово" во Скопје завчера вечер се се одржа миса во чест на христијанскиот празник Велигден, што верниците од католичка вероисповест го празнуваа вчера. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов до католичките верници упати велиденска ...
Скопското астрономско друштво вечерва во 20 часот организира предавање „Зошто оваа година Велигден е на 23 април? - влијанија во сметањето на времето“, што ќе се одржи на Електротехничкиот факултет во Скопје. На предавањето ќе може да дознаете зошто секоја година Велигден е на различен датум, зошто ...
Верниците од католичка вероисповед вчера го прославија големиот христијански празник - Велигден. Како и секоја година, Христовото воскресение беше одбележано со Света миса во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, но и во другите католички храмови низ Македонија.
Во Католичката црква во Скопје Празниот гроб на Исус Христос е најубавата вест што е соопштена во историјата на човештвото, порача во велигденската беседа скопскиот бискуп и апостолски егзарх, г. Киро Стојанов Со палењето на големата велигденска свеќа пред влезот на католичката црква ”Пресвето срце ...