Медијаторот Метју Нимиц ќе излезе со нов предлог за име при неговата посета на Скопје и Атина која се очекува да се случи кон крајот на овој месец, изјавуваат западни дипломати за „Елефтерос типос“. Не сакаат да лицитираат со новото име кое го носи Нимиц во својата актовка, но велат дека тоа ќе ...
НИМИЦ ГИ ОДБИ БАРАЊАТА НА ГРЦИЈА И покрај противењата на Грција и барањата за одложување, преговорите за името ќе продолжат, е заклучокот од средбата во Њујорк помеѓу посредникот Метју Нимиц и преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.
Поглед Соња Крамарска Од завчера македонската преговарачка страна во спорот со Грција е засилена со уште еден член - Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски и генерален секретар на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Засилувањето дојде и очекувано и неочекувано.
Изборите во Македонија не се никаква пречка за процесот, смета медијаторот во спорот со името Димитар Чулев Нимиц планира до крајот на јуни да дојде во регионот и во директни средби со грчкиот и со македонскиот државен врв да ги интензивира напорите за решавање на спорот.
Наместо преговори, Атина наметнува уцени за името, велат дипломатски кругови Медијаторот Метју Нимиц ги одбил барањата на Атина преговорите за името да бидат прекинати се' додека не биде формирана новата македонска влада и најави дека и покрај грчките противења за десетина дена ќе пристигне во ...
Грчка Елефтеротипија јавува дека специјалниот преговарач за името, Метју Нимиц носи нов предлог за решавање на грчко македонскиот спор. Грчка Елефтеротипија јавува дека специјалниот преговарач за името, Метју Нимиц носи нов предлог за решавање на грчко македонскиот спор.
Раководството на земјата е познато, претседателот е претседател, а изборните резултати јасно покажаа кој ќе биде премиер и која е водечка партија во Парламентот, вели медијаторот Метју Нимиц Македонија и Грција се трудат да го решат спорот со името во духот на добрата волја, изјави медијаторот ...
МЕДИЈАТОРОТ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ И ВО АТИНА НА КРАЈОТ ОД ЈУНИ Посредникот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц, на крајот од јуни ќе допатува во Скопје и во Атина во обид да ги интензивира преговорите кои загубија темпо поради изборите во Скопје, дознава „Време“ од извори во ООН.
Последните денови од јуни треба да му дадат нов импулс на преговарачкиот процес за името. По вчерашната средба без резултати, која едни извори ја коментираат како најтешка досега зашто Грција од позиција на сила го наметнувала својот став, а други извори велат дека била тапкање во место, најавената ...
Потврдени информациите на А1, Грција се обидува да ги одложи преговорите за името со Македонија. На средбата меѓу грчкиот преговарач Василакис и медијаторот Нимиц, грчкиот претставник на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН му ја пренел официјалната порака на Атина: Се до формирањето ...
Според последните информации до кои дојде А1 од добро информирани дипломатски извори блиски до процесот на преговори, денешната средба се оценува како една од најтешките досега. Македонските претставници Протоѓер и Димитров остро протестирале за сето тоа што Грција го направи во последниве неколку ...
Медијаторот на ОН и формално ги одби барањата на Атина преговорите за името да запрат се додека не биде избрана новата влада во Скопје. По двочасовната средба со Василакис и македонската делегација, во која покрај Димитров беше и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер, Нимиц со ...
ОДДЕЛНА СРЕДБА НА ВАСИЛАКИС СО НИМИЦ Само конечно и веднаш применливо решение за името е целта на Грција и само во такви предуслови може да се дојде до компромис во македонско - грчкиот спор за името. Ваква теза грчкиот преговарач Адамантиос Василакис му претставил на посредникот во спорот со името ...
Атина не се согласува на компромис за кој во Скопје би се организирал референдум Грција нема да прифати никаков предлог доколку тој не биде конечен, а нема да се согласи ниту со компромис за кој Скопје би организирал референдум и би немало можност за промена на Уставот.
Атиначекада се формира новата македонска влада, ние инсистираме да не се проблематизира македонскиот идентитет и јазик Македонија ќе ги продолжи преговорите со Грција, но ќе остане на ставот дека не може да се чепка по македонскиот идентитет и јазик.
Дали присуството на шефот на кабинетот на Груевски - Мартин Протоѓер на преговорите за името во Њујорк е израз на недоверба на премиерот Груевски кон преговарачот Димитров – владиниот портпарол Боцевски одговори дека и досега имало владини претставници на овие средби, но Димитров избирал тие да ...
Постои волја за преговори, изнаоѓање на решение за замена на референцата ФИРОМ, но притоа не смее да се задира во националниот идентитет Во Њујорк денеска средба на Метју Нимиц, посредник во спорот со Грција, со македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис.
ПО ПАУЗА ОД ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ, ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров денеска во Њујорк ќе се сретне со посредникот на ОН во спорот за името помеѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.
Средбата на посредникот Нимиц со грчкиот преговарач Василакис синоќа во Њујорк беше состанок за проверка на основата – каде сме во моментот и како понатаму, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.
Македонскиот преговарач за името Никола Димитров по добиените насоки и инструкции од државниот врв замина за Њујорк на средба со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Скопје, 11 јуни (МИА) - Македонскиот преговарач за името Никола Димитров по добиените насоки и ...
Во Њујорк утре средба Нимиц-Димитров-Василакис на која според најавите не се очекува нов предлог од медијаторот, туку разгледување на идеи и сугестии во врска со преговарачкиот процес, како и прецизирање на деталите за скорешната посета на Нимиц на Скопје и Атина Македонија во процесот на преговори ...
Најновата рунда консултации за името започнува доцна вечерва со средба меѓу грчкиот преговарач Василакис и медијаторот Нимиц. Според грчки извори, се очекува грчкиот претставник на Нимиц да му го пренесе ставот на Атина дека се уште е рано за вистински разговори за името поради состојбата во Скопје ...
Нема промена во ставот на државниот врв пред најновите преговори за името што официјално започнуваат во четврток, а неофицијално уште вечерва со тет-а-тет средба меѓу грчкиот преговарач Василакис и специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Метју Нимиц.
Грција ја затегнува националистичката славина и со провокации сака да изнуди „омекнување“ на Скопје Димитар Чулев Грчкиот премиер Костас Караманлис уште еднаш потврди дека Грција нема да ја менува својата позиција во однос на името на северниот сосед, а министерот за надворешни работи Антонио ...
Дипломати за „Дневник“ изјавуваат дека е малку веројатно да се постигне решение во рокот до 9 јули, што го спомена генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ако сака земјава да фати приклучок со Албанија и со Хрватска за да се зачлени во алијансата Не се очекува нов, конкретен предлог од ...
Специјалниот потсредник на генералниот секретар на Обединетите нации за спорот меѓу Атина и Скопје за употребата на уставното име на Македонија Метју Нимиц на 12 јуни ќе одржи нова средба во централата на Светската организација во Њјуорк со претставниците на двете земји Никола Димитров и Адамандиос ...
Пред утрешната средба на преговарачот Димитров со медијаторот Нимиц во Њујорк и задутрешниот заеднички состанок на посредникот со претставниците од двете земји, попладнево од 18 часот во кабинетот на шефот на државата ќе се одржат консултации на претседателот Црвенковски и премиерот Груевски.
ПО РЕЧИСИ ДВА И ПОЛ МЕСЕЦА Во Њујорк е закажан првиот заеднички собир на преговарачката тројка Нимиц - Димитров - Василакис, по речиси два и пол месеца, кога се одржа состанокот на кој медијаторот го понуди неговиот последен предлог пред самитот во Букурешт.
ПРОДОЛЖУВА ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС Како што се очекуваше, по завршувањето на изборите во Македонија продолжува процесот на преговори за името помеѓу Македонија и Грција. Посредникот Метју Нимиц ги повика на консултации во Њујорк преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.
Новата рунда разговори за името стартува утре во Њујорк со одделни консултации на медијаторот Нимиц со грчкиот преговарач Василакис. В среда посредникот ќе има средба и со македонскиот претставник Димитров пред заедничкиот состанок со двајцата преговарачи в четврток.