Разговорите за разликите со Македонија околу името продолжуваат и ќе бидат интензивирани штом завршат изборите, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Понуди 75 милиони евра за Коридорот 10 и постепено укинување на визите за македонските граѓани ако Скопје престане да биде тврдоглаво ...
Грција ќе ја зголеми финансиската поддршка за северниот сосед и ќе почне со постепено укинување на визниот режим ако Скопје се откаже од тврдоглавиот став за името, вели грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани во денешното интервју за весникот „Апогевматини“.
Владата во Атина во моментов не разгледува конкретно име. Постојат повеќе предлози за кои се дискутира, но се уште не сме во таа фаза, рече шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани по синоќешната средба со премиерот Костас Караманлис, одговорајќи на новинарски прашања дали Грција го преферира ...
"На двете средби добив уверување дека државниот врз е решен да продолжат преговорите за изнаоѓање решение за проблемот со името. Посебно сум задоволен што и во време на избори, Владата е спремна преговорите да продолжат", изјави Метју Нимиц по завчерашните средби со државниот врв.
Не сметам дека е доведен во прашање идентитетот на луѓето од вашата земја, доаѓам тука уште од 1994 година и ова е земја со посебен идентитет и со прекрасни луѓе,изјави Нимиц по разговорите во Скопје И во Скопје и во Атина постои расположение преговарачкиот процес за името да продолжи под ...
Грција не верува дека спорот со името може да се реши до јули Тамара Грнчароска Медијаторот на ОН, Метју Нимиц, по средбата со грчката страна во спорот со името вчера во Атина изрази задоволство од тоа што и Грција и Македонија му дале уверување дека процесот на преговорите околу спорот околу името ...
Според владини извори, министерот Милошовски бил „културно избркан“ од средбата што Црвенковски ја имаше со посредникот Нимиц, а од кабинетот на претседателот тврдат дека редовна практика е при важни средби шефот на државата на крајот да остане насамо со гостинот Министерот за надворешни работи ...
ГРЦИЈА ЌЕ ЧЕКА ДА ЗАВРШАТ ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Горан Момировски, специјален известувач од Атина Грчката влада не сака да преговара за името се додека во Македонија не завршат изборите и не се избере нова влада. Тоа е пораката што посредникот Метју Нимиц требаше да ја добие од грчката министерка ...
Посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц синоќа по средбата со шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани, изјави дека верува оти во некој момент од преговорите ќе се дојде до задоволувачко решение. Атина, 19 април (МИА) - Посредникот на Обединетите нации во спорот за името ...
Иако Милошоски пристигнал и на втората средба откако бил присутен и на средбата во Кабинетот на премиерот Никола Груевски, на Милошоски му било посочено дека може да ја напушти просторијата Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на средбата во Кабинетот на претседателот Бранко ...
Иако првично беше најавено дека Нимиц ќе се сретне и со грчкиот премиер Костас Караманлис - средба немаше. Караманлис не сакал да се меша во преговарачкиот процес. Наводно, грчкиот премиер смета дека предвремените избори во Македонија кои ќе се одржат на 1 јуни, "ги прават невозможни измените на ...
Тешко време за водење преговори. Со оваа порака излезе медијаторот Нимиц по средбата со грчката шефица на дипломатијата Бакојани. Тој се уште не знае во каков формат ќе продолжи процесот на преговори. Тоа ќе зависи од анализата која ќе ја направи откако ќе ги среди впечатоците од последната турнеја.
Грција не верува дека прашањето за разликите околу името може да се реши пред вонредните парламентарни избори во Македонија, закажани за први јуни. „Шансите се мали“, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, одговарајќи дали прашањето за името може да се затвори до почетокот на јуни.
Со одделните средби станува јасно дека македонскиот политички врв е разединет Тамара Грнчароска Државниот врв на Македонија вчера прв пат по интензивирањето на преговорите во грчко-македонскиот спор за името се сретна со медијаторот Метју Нимиц на одделни средби.
Двете страни сакаат прашањето за името да се реши во рамките на Обединетите Нации – изјави медијаторот Нимиц по средбата со грчката министерка за надворешни работи Бакојани денеска во Атина. Посредникот кој не испорача нов предлог рече дека е задоволен од тоа што слушнал на состанокот.
Македонија, и покрај предвремените избори, ќе ги продолжи преговорите со Грција во спорот за името, е пораката што на одвоени средби претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски требаше вчера да му ја упатат на посредникот Метју Нимиц.
Медијаторот Метју Нимиц очекува решение на спорот меѓу Атина и Скопје за името до први јули, пишува денеска грчкиот весник „Вима“. Атина, 18 април (МИА) - Медијаторот Метју Нимиц очекува решение на спорот меѓу Атина и Скопје за името до први јули, пишува денеска грчкиот весник Вима .
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Посредникот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц вчера доцна попладне пристигна во Скопје на средба со македонскиот државен врв. Тој со себе не донесе нов предлог за името, туку целта на неговата прва средба со двете страни, по грчкото вето, е да го провери пулсот ...
Медијаторот меѓу Атина и Скопје за спорот околу името, Метју Нимиц денеска во грчката престолнина ќе разговара со шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани. Атина, 18 април (МИА) - Медијаторот меѓу Атина и Скопје за спорот околу името, Метју Нимиц денеска во грчката престолнина ќе разговара со ...
Пред доаѓањето на Нимиц во Скопје, грчките медиуми пласираа изјава од почесниот преседател на "Нова демократија", Константин Мицотакис во која вели дека тоа што Македонија не доби покана за НАТО е грчки успех, а во спорот за името на Атина не и се брза Метју Нимиц, специјалниот посредник во спорот ...
Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите со Грција за името, изјави посредникот во спорот, Метју Нимиц, по одделните средби со претседателот Црвенковски и со премиерот Груевски во Скопје. „На двете средби добив уверување дека државниот врз е решен да продолжат преговорите за изнаоѓање на ...
„Сакаме преговорите да продолжат на конструктивен начин. Бев задоволен што добив единственa порака од лидерството на Македонија дека се подготвени да продолжат со преговорите. Се надеваат да го остават ова прашање, овој проблем, зад нас без разлика што се распишани избори“, изјави Метју Нимиц.
САД ГО МОЛАТ ДРЖАВНИОТ ВРВ ДА ЈА ИСКОРИСТИ ПОДДРШКАТА ОД БУШ Американската администрација покажува загриженост како македонската страна се однесува во преговорите за името со посредство на Метју Нимиц, и испраќа порака државниот врв да заземе јасен став и да почне сериозно да преговара со Грција за ...
Премиерот Груевски го оцени ТВ-настапот на Димитров како неумесен и грешка, а претседателот нема забелешки и смета дека тој треба да си ја продолжи работата Државниот врв на Македонија денеска го пречекува посредникот Метју Нимиц со став дека ги продолжуваат преговорите и покрај предвремените ...
Медијаторот Метју Нимиц во Скопје и во Атина нема да донесе нов предлог. Неговата цел е само да ги активира преговорите и затоа реши во овој момент „да не ја разматува водата“ со нови предлози. Но, може и да се премисли зависно од тоа што ќе го чуе, пишува денеска грчкиот весник „Етнос“.
Америка, повеќето европски земји и регионот бараат брзо решение за името. Во спротивно, ризиците се високи – посредникот Метју Нимиц по денешните одвоени средби со претседателот Црвенковски и премиерот Груевски во Скопје најави нова формулација и побара флексибилност од двете страни.
ЗА ИЗЈАВИТЕ ШТО ИМ ТРЕБА НА ПРЕГОВОРИТЕ Горан Момировски Изјавите на преговарачот за името Никола Димитров дека на Македонија и треба национална, државна и натпартиска платформа за надминување на спорот со Грција, се неумесни и се грешка, оцени вчера премиерот Никола Груевски.
Посредникот на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска треба да допатува во Скопје на средба со македонскиот државен врв. Скопје, 17 април (МИА) - Посредникот на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска треба да допатува во Скопје на средба со ...
И покрај предвремените избори во Македонија, Грција во наредниот период е подготвена да ги продолжи преговорите за името. Тоа е пораката која медијаторот Метју Нимиц утре ќе ја слушне од грчката министерка за надворешни работи на средбата овде во Атина.
Нимиц денес во Скопје ќе го тестира расположението на државниот врв Соња Крамарска Бурен беше вчерашниот ден пред денешната посета на медијаторот Нимиц на Скопје, со очигледна нервоза и кај македонската и кај грчката преговарачка страна.
И покрај закажаните предвремени избори, преговорите за нашето уставно име продолжуваат Државниот врв денеска на средба со посредникот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц, по што тој заминува за Атина. Според најавите, Нимиц не доаѓа со нов предлог, туку со цел да го опипа пулсот во земјава по ...
Македонија ги продолжува преговорите со Грција со истата посветеност како и досега без разлика на изборната кампања. Ова денеска на средбата во кабинетот на Претседателот го договориле Црвенковски, Груевски, министерот Милошоски и преговарачот Димитров.
Грчкиот премиер Костас Караманлис, кој упорно апелира на изнаоѓање брзо решение за името, не е подготвен да има средба со медијаторот Метју Нимиц, пишува печатот во Атина. На прашање дали е закажана средба на Караманлис со Нимиц, кој по посетата на Скопје, во петок се очекува во Атина, извори од ...
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и македонскиот преговарач за името Никола Димитров, попладнево одржаа нова рунда консултации пред утрешното доаѓање на медијаторот Метју Нимиц во Скопје.
Ден пред доаѓањето на медијаторот Нимиц во Скопје државниот врв усогласуваше заедничка позиција за настап - клучната порака која ќе му биде пренесена на Нимиц е дека и покрај парламентарните избори преговорите за разликите околу името продолжуваат - соопшти кабинетот на претседателот по средбата.
Боцевски: Премиерот и Владата отсекогаш ги бранеле македонските интереси „Да не се злоупотребува ситуацијата и позицијата на сите што се вклучени во преговарачкиот процес со Грција за спорот околу името“, повика вчера портпаролот на Владата Ивица Боцевски.
Специјалниот посредник на Обединетите нации Метју Нимиц при посета на Скопје утре и на Атина в петок нема да донесе нов предлог, пишува денеска грчкиот весник „Нафтемборики“. Весникот наведува дека Нимиц ќе разговара со претставниците на македонската и на грчката Влада за тоа каде и како би се ...
Владата повика сите чинители во преговарачкиот процес за името во наредниот чувствителен период да се воздржат од злоупотреба на ситуацијата и на својата позиција Македонскиот преговарач во спорот за името, Никола Димитров, предизвика незадоволство кај Владата поради својот настап на една од ...
ВОЗДРЖАНИ РЕАКЦИИ НА ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕГОВАРАЧОТ НИКОЛА ДИМИТРОВ Горан Момировски Барањето на специјалниот претставник во преговорите за името Никола Димитров Македонија да ги продолжи преговорите врз основа на национална платформа прифатена од сите политички партии во земјава, вчера наиде на ...
Воздржани реакции од државно-владиниот врв по барањето на специјалниот претставник за името, Никола Димитров, Македонија преговорите да ги продолжи врз основа на национална платформа прифатена од сите политички фактори. За разлика од неофицијалните коментари во круговите блиски на Претседателот, ...
САД продолжуваат со дипломатскиот пресинг врз Скопје и Атина за што поскоро изнаоѓање на решение за спорот со името. Посетата на медијаторот Метју Нимиц на Македонија, а потоа и на Грција, треба да придонесе за приближување на разликите меѓу двете земји, е ставот на Стејт Департментот.
Дора Бакојани смета дека решение за името ќе биде најдено најдоцна до декември Посетата на Метју Нимиц на Скопје и на Атина и нов круг разговори за името меѓу Македонија и Грција беше тема што доминираше во атинскиот печат вчера, проследено со веќе познатите редакциски коментари и претпоставки.
Ако нема подготвеност за платформа, политичките актери во државата треба на граѓаните да им понудат реална алтернатива, иднина без НАТО и ЕУ, ако такво нешто воопшто постои, вели преговарачот Димитров Властите и во Скопје и во Атина не очекуваат ништо ново од посетата на посредникот Метју Нимиц на ...
БАКОЈАНИ ВЕРУВА ВО РЕШЕНИЕ ДО ДЕКЕМВРИ Грчките медиуми со песимизам гледаат на претстојната посета на специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, на Скопје и на Атина констатирајќи дека, и покрај изборите, македонските власти нема да бидат попустливи за спорот со името.
Атина се надева на решение на спорот со името со Скопје до декември, изјавила вчера грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани Пред пристигнувањето на посредникот Метју Нимиц задутре, прво во Скопје, потоа во Атина, грчката шефица на дпломатијата Дора Бакојани повторно со закана за вето и за ...
За целосен успех во преговорите за името на Македонија и е неопходна државна натпартиска платформа поддржана од сите релевантни чинители. Ова од државно-владиниот врв денеска го побара македонскиот специјален пратеник во преговорите за името во Обединетите Нации.
Официјална Атина се надева дека прашањето за разликите со Македонија околу името ќе биде решено најдоцна до декември. Ова го посочи шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во интервју за денешното издание на атинскиот весник „Та неа“.
ИМЕТО НА ПАРАЛЕЛЕН КОЛОСЕК СО ИЗБОРИТЕ Македонија ќе ги продолжи преговорите со Грција за проблемот со името, со посредство на посредникот од ООН, Метју Нимиц, а македонските партии ќе се обидат да се воздржат од употреба на ова прашање во предизборната кампања - соопшти претседателот Бранко ...
Новата иницијатива за решавање на спорот за името ја даде Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН, кој в четврток доаѓа во Скопје Прашањето за името да биде вратено што поскоро на преговарачка маса бидејќи, во спротивно, Македонија би можела да се соочи со уште едно вето при приемот во ЕУ.
Нимиц, кој би требало Скопје и Атина да ги посети в четврток и в петок, со себе не носи нов предлог Тамара Грнчароска Само неколку дена пред медијаторот на ОН, Метју Нимиц, повторно да ги посети Скопје и Атина, во нова рунда скенирање на расположението кај двете страни во врска со спорот околу ...
МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ По десетина дена од средбите на Нимиц првин во Скопје и потоа во Атина, преговорите за името ќе продолжат во Њујорк Специјалниот пратеник на Обединетите нации во спорот со името помеѓу Македонија и Грција Метју Нимиц в среда ќе допатува во Скопје и в четврток ќе ...
Новиот круг на преговори за спорто со името е една од главните теми во денешните грчки весници. Печатените медиуми коментираат за претстојната средба на специјалниот претставник на Обединетите нации Метју Нимиц и неговата посета на Скопје и на Атина.
Се додека јас сум премиер, со сите сили ќе се бориме за зачувување на националниот идентитет, рече премиерот Никола Груевски Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации во спорот мегу Грција и земјава за уставното име Република Македонија, во четврток пристигнува во Скопје, а во петок во посета ...