TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уште еден авион принудно слета во Иркутск

Дневник - 14.07.2006

Руски авион „ербас А-350“ на компанијата „Сибир“ вчера принудно слетал со 170 патници на аеродромот во Иркутск, каде што во неделата се урна авион и загинаа 125 луѓе, јави МИА. Еден час пред планираното слетување, пилотите забележале дека авионот не е херметички затворен.

Уште еден руски авион принудно слета на аеродромот во Иркутск

Канал5 - 13.07.2006

Рускиот авион Ербас на компанијата Сибир со 170 патници кој сообраќал на линија Москва - Иркутск утрово принудно слетал на аеродромот Иркутск. Тоа е втор инцидент неделава откако во неделата на истиот аеродром загинаа најмалку 125 луѓе во несреќа на Ербас од истата авиокомпанија, кога леталото ...

Несреќата во Иркутск ја однесе 127-та жртва

Утрински - 12.07.2006

Москва - Во болницата во Иркутск вчера почина уште еден повреден патник во авионската несреќа што се случи во неделата во овој руски град, со што бројот на жртвите се искачи на 127, соопшти Управата за информирање на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Бројот на жртвите од авионската несреќа во Сибир се искачи на 127

А1 - 11.07.2006

Идентификувани се телата на 42 загинати во авионската несреќа во Сибир, чија бројка се искачи на 127, откако еден од повредените денеска им подлегна на повредите, соопшти руското Јавно обвинителство. Хоспитализирани и натаму се педесетина патници од авионот Ербас А-310 што во неделата се запали при ...

Избегната нова трагедија во Иркутск

Време - 11.07.2006

ЕДЕН ДЕН ПО ПАДОТ НА „ЕРБАС“ ВО СИБИР Низ Русија и Украина вчера имало серија авионски инциденти, кои минале без жртви. Во Иркутск, каде што завчера при слетување се запали патнички авион, при што загинаа речиси 140 патници, вчера за малку ќе имало уште една трагедија.

Уште една авионска драма над Иркутск

Утрински - 11.07.2006

Авион од типот „ТУ-154" со 130 патници поради расипан мотор вчера кружеше повеќе од два часа над аеродромот Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Во рускиот град Иркутск, во кој во неделата изутрина се случи авионска катастрофа, вчера можеше да се случи уште една трагедија.

Два авиона паднаа, два едвај слетаа

Дневник - 11.07.2006

„Фокер“ падна во Пакистан, при што загинаа 45 патници и членови на екипажот, а стотици патници се извлекоа при инцидентите во Симферопол и во Иркутск Во авионска несреќа во Пакистан загинаа сите 45 патници и членови на екипажот, а речиси во исто време во Русија еден авион излета од писта во ...

Бројот од авионската несреќа во Русија се искачи на 125

Канал5 - 11.07.2006

Во болницата во Иркутску денеска почина уште еден повреден патник во авионската несреќа што се случи во неделата во овој руски град, со што бројот на жртвите се искачи на 125, соопшти Управата за информирање на Министерството за вонредни состојби на Русија Москва, 11 јули (МИА) - Во болницата во ...

Русија жали за жртвите

Вечер Прес - 11.07.2006

Русија вчера жалеше за жртвите во авионската несреќа што во неделата се случи кај сибирскиот град Иркутск. Од вкупно 204 патници загинаа повеќе од 120 (главно туристи и деца) откако авионот "Ербас А-310" на авиокомпанијата "Сибир" не успеа да запре по спуштаењето на аеродромот "Равенское" во ...

Ден на жалост во Русија

А1 - 10.07.2006

Ден на молитви и сеќавање на жртвите од авионската несреќа, што во неделата се случи во Сибир, прогласи денеска рускиот претседател Владимир Путин. Авион со повеќе од 200 патници во неделата се запали, откако при слетувањето излета од пистата и удри во бетонската ограда на аеродромот во градот ...

Се излизга руски авион - 150 мртви

Вест - 10.07.2006

ИРКУТСК, Русија, 10 јули (Ројтерс) - Руски патнички авион вчера падна и се запали во Сибир, при што загинаа околу 150 лица а повредени се преку 50, велат итните служби. ИРКУТСК, Русија, 10 јули (Ројтерс) - Руски патнички авион вчера падна и се запали во Сибир, при што загинаа околу 150 лица а ...

Над 140 жртви откако падна авион на пистата во Иркутск

Време - 10.07.2006

ТРАГЕДИЈА ВО СИБИР Руски патнички авион со околу 200 патници вчера паднал при слетување на озлогласениот аеродром во сибирскиот град Иркутск, при што загинале најмалку 140 лица, а десетици се ранети. Леталото удрило во бетонски ѕид на пистата, по што се запалило.

Во Сибир слетаа во смрт 147 луѓе

Утрински - 10.07.2006

Авионот се лизнал на влажната писта и удрил во метално-бетонската ограда, при што преживеаја само патниците во опашката Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - На аеродромот во рускиот град Иркутск, вчера изутрина се случи авионска катастрофа во која загинаа 147 лица.

Авион удри во згради во Иркутск - загинаа најмалку 140 луѓе

Дневник - 10.07.2006

Повеќето патници биле деца на пат кон летните одморалишта на Бајкалското Езеро Повеќе од 100 луѓе загинаа при уривање на руски авион со 193 патници во Сибир, јави Ројтерс. Авионот „ербас А-310“, на лет од Москва за Иркутск, два часа по полноќ во неделата ја промашил пистата, удрил во зградите ...

Загинаа 122, преживеаја 70

Вечер Прес - 10.07.2006

Најмалку 122 лица, меѓу кои и петмина членови на екипажот, загинаа во вчерашната катастрофа на рускиот патнички авион "Ербас А-310" кај сибирскиот град Иркутск - пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на претставникот на руското Министерство за вонредни ситуации на Русија, Виктор Бељцов.