TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Администрацијата пак ќе штрајкува?

Вест - 28.06.2002

ВЛАДАТА НЕ ЈА ПОЧИТУВА ПОТПИШАНАТА СПОГОДБА СО СИНДИКАТОТ Претседателството на ССМ на вонредна седница вчера констатирало дека од страна на Министерството за финансии се вршат обиди за неспроведување или изменување на договорените ставови меѓу Синдикатот и Влада Сојузот на синдикатите ќе организира ...

Синдикатот и даде рок на Владата за платите до среда

Утрински - 28.06.2002

ССМ најавува нови масовни штрајкови поради неисполнување на договорот за минималецот Владата отстапи од она што заедно со Синдикатот го парафира во Спогодбата со која се регулираа утврдување на најниската плата во администрацијата, реформскиот концепт во здравството и прашањата за загубарите.

Вработените штрајкуваа, функционерите ќе се опарат!

Дневник - 28.06.2002

СКАНДАЛОЗНО ТОЛКУВАЊЕ НА СПОГОДБАТА МЕЃУ СИНДИКАТОТ И ВЛАДАТА Функционерите во државната администрација ќе добијат зголемување на платите од 2.000 до 3.000 денари, додека вработените ќе добијат од 600 до 800 денари, се жалат синдикалците Ако Владата им ги зголеми јунските плати и на функционерите, ...

Синдикалците - нови протести идниот месец

А1 - 27.06.2002

Синдикалците од јавниот сектор најавуваат нови протести за идниот месец бидејќи со зголемувањето на платите на државните службеници најголема корист ќе имаат функционерите, иако во спогодбата што ја потпишаа ССМ и владата воопшто не било предвидено зголемување на оваа категорија вработени.

Здравствените работници се закануваат со штрајк

А1 - 27.06.2002

Синдикатот за здравство бара премиерот Георгиевски да учествува во преговорите меѓу минисерството за здравство и синдикатот, со што ќе биде испочитувана спогодбата со која беше прекинат штрајкот на здравствените работници пред еден месец.

Синдикалните лидери бараат имунитет

Вест - 27.06.2002

Претседателите на гранковите синдикати бараат од Владата да добијат имунитет. Во реформите на Синдикатот за образование, култура и наука, што треба да завршат до крајот на годинава, се предвидува потпишување на договор, со кој власта ќе даде чесен збор дека нема да прави притисоци врз синдикалните ...

Пет-шест синдикалци се токмат за независни параламентарци

Вест - 27.06.2002

ССМ ПОДГОТВУВА ПЛАТФОРМА ЗА АКТИВНО УЧЕСТВО НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Сојузот на синдикати на Македонија планира да предложи и свои кандидати за парламентарните избори. Ваквиот чекор од ССМ го објаснуваат со фактот дека не можат и понатаму да останат неми набљудувачи на изборите и оти многу им е ...

Синдикатот ќе се вклучи во политичките процеси

Утрински - 27.06.2002

Ванчо Муратовски, претседател на ССМ, за почнатите нови синдикални струи МАЈА ТОМИЌ На македонската синдикална сцена се случува нешто непознато во досегашната практика - активно вклучување во политиката. Како ќе го реализирате тоа ? - Во ССМ има две размислувања за тоа како конечно би се вклучиле ...

Бизнисмените и ССМ бараат укинување на воениот данок

А1 - 26.06.2002

Бизнисмените на приватните фирми и синдикалното раководство ќе побараат од владата најитно да се укине воениот данок, а за останатите проблеми ќе и понудат на владата стратегија поддржана и од работниците и од стопанствениците.

Директорите се за најниска плата, но немаат доволно пари

Утрински - 26.06.2002

Прва средба меѓу Синдикатот и стопанските претпријатија МАЈА ТОМИЌ Вработените во стопанските претпријатија, заедно со раководството, треба во најскоро време да ги разгледаат детаљно сите објективни можности за определување на висината на минималната плата, за потоа гранковите синдикати одделно да ...

ССМ - намалување на државните давачки

А1 - 25.06.2002

Синдикатот и стопанствениците со заедничка стратегија ќе се обидат да издејствуваат од владата намалување на давачките во државава. Укинување на воениот данок, спречување на обидот за зголемување на ДДВ, вклучување во изработката на закони и транспарентна приватизација се основните барања кои ...