TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Битола не остана без леб

Дневник - 25.02.2006

протестот не успеа Стотина полицајци вчера не им дозволија на педесетина прилепски земјоделци со трактори да го блокираат мелничкото претпријатие "Жито Битола". Целта на оваа мерка беше да го натераат директорот на "Жито Битола", Петар Илиевски, да им ја плати откупената пченица.

Полицијата спречи битолчани да останат без леб

Време - 25.02.2006

БАРИКАДИ ПРЕД „ЖИТО БИТОЛА“ Повеќе од 60 земјоделци од прилепските села утрово од 4 часот се обидоа да го блокираат „Жито Битола“ за да го спречат дотурот на леб во Битола и во регионот. Битолски и прилепски полицајци со кордон ја спречија блокадата и лебот сепак беше дистрибуиран во трговската ...

Полицијата ги спречи земјоделците да го блокираат дотурот на леб

Утрински - 25.02.2006

Протести пред "Жито Битола" Полицијата направи кордон пред капијата на "Жито Битола" за да ги спречи земјоделците, по што камионите заминаа да го разнесуваат лебот БИТОЛА - Засилени полициски единици не им дозволија на педесетината прилепски и битолски земјоделци вчераутро со трактори да ги ...

Полициски сили ги спречија блокадите пред „Жито Битола“

А1 - 24.02.2006

Над 60 земјоделци од прилепските села утрово од 4 часот се обидоа да го блокираат „Жито Битола“ за да го спречат дотурот на леб во Битола. Битолски и прилепски полицајци со кордон ја спречија блокадата и лебот беше дистрибуиран во трговската мрежа.

Земјоделците од денес ќе го блокираат "Жито Битола"

Утрински - 24.02.2006

Битола пред криза со леб по заканите на прилепските земјоделци БИТОЛА - Прилепските земјоделци се заканија дека со своите битолски колеги утринава со трактори и камиони целосно ќе го блокираат мелничкиот комбинат „Жито Битола" откако директорот Петар Илиевски на вчерашниот состанок ги одби сите ...

"Жито Битола" ќе биде блокирана

Дневник - 24.02.2006

ПРИЛЕПСКИТЕ ФАРМЕРИ СЕ ЗАКАНИЈА Прилепските земјоделци најавија дека денеска во четири часот утрото ќе го блокираат "Жито Битола" за да го натераат директорот на мелничкото претпријатие Петар Илиевски да им ја плати откупената пченица.

Прилепски и битолски земјоделци протестираа пред „Жито Битола“

А1 - 23.02.2006

Педесетината земјоделци од прилепско и битолско и попладнево продолжуваат со блокада на „Жито Битола“, откако директорот на Комбинатот не прифати ниту едно од нивните барања. На средбата која заврши пред извесно време, земјоделците побарале веднаш да им се плати 70% пченицата, а останатите 30% до ...

Прилепски земјоделци ќе го блокираат „Жито Битола“

Утрински - 22.02.2006

Незадоволство во Битола БИТОЛА - "Директорот на 'Жито Битола' уште еднаш нў излажа иако се договоривме од јануари до април дневно да ни исплаќа по 250.000 денари за предадената пченица. Тој заборави на ветеното и само по неколку дена прекина со исплатата, по што сме принудени повторно да ...

Прилеп ќе ја остави Битола без леб

Дневник - 22.02.2006

РЕВОЛТИРАНИ ОД "ЖИТО БИТОЛА" Педесетина земјоделци од Прилепско се заканија дека утре ќе го блокираат мелничко-пекарското претпријатие "Жито Битола" бидејќи се уште не ги добија парите за предадената пченица. Тие вчера истакнаа дека во знак на револт ќе ја спречат доставката на леб и на бели печива ...