Дел од раноградинарите од струмичкиот регион велат дека посеаното семе за домати не никнало и посеаните површини останале празни. По пријавите на земјоделците, инспектори од струмичката полиција започнале истрага и деновиве против седум лица биле поднесени кривични пријави за измама на купувачи.
СТРУМИЦА Седум лица деновиве биле уапсени откако полицијата открила дека илегално внеле во земјата неквалитетно семе за домати, кое потоа било продавано во земјоделски аптеки во Струмица. Струмичката полиција поднела кривични пријави против сите седум лица, во кои ги товари за шверцување и измама ...