Прекинот на огнот во кризните подрачја во тетовско и во кумановско-липковскиот регион генерално се почитува, соопшти денеска Министерството за одбрана. Денеска има помало раздвижување и поретки провокации во тетовско. Од селото Лешок жените и децата се заминати, останати се само мажите, а од Одри ...
Преку денот, додека набљудувачите на ОБСЕ се на терен, и терористите мируваат, но тоа не е случај во текот на ноќта. Во околината на кумановско во близина на селата Виштица, Никуштак и Слупчане се забележани новоизградени бункери со оружје и храна.
СУДЕЊЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО КУМАНОВО Во кумановскиот Основен суд се одржа второто судско рочиште против Мухамер Демири (32) од селото Слупчане, обвинет за кривично дело тероризам.
ТЕТОВО. - Македонскиот блок на партии и здруженија од Тетово, на вчерашната прес-конференција, на која не учествуваше СДСМ, соопшти дека нема донесено заклучок за некакво паравоено организирање.
За време на примирЈето Албанските терористи го користат прекинот на огнот за да префрлаат нови сили и опрема од Косово на македонска територија. Терористичка група вчера стрелала врз караулата Танушевци, а војниците на АРМ одговориле на нападот и ја разбиле групата, која се повлекла на Косово.
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТЕТОВСКО СЕ САМООРГАНИЗИРААТ Некои од македонските Албанци од Гостивар и околината ги напуштаат домовите и одат во Призрен, каде што во штабови на ОНА им се делат оружје, униформи и борбена опрема, а оттаму преку диви гранични премини се враќаат во шумите во Гостиварско, тврдат ...
Состојбата во кризните региони во Македонија во раните утрински часови и во текот на изминатата ноќ може да се оцени како мирна и без поголеми провокации, соопшти денеска Министерството за одбрана. Додека пак, во Тетово на денешната пресконференција на блокот на македонски партии и здруженија во ...
Полицијата ја враќа контролата на патните правци во тетовско каде што во изминатите денови беа стационирани параполоциските сили на ОНА. Екипа на А1 заедно со транспортните возила на АРМ денеска беше на теренот. За прв пат е поминат патот Тетово - Јажинце.Изминат е патот помеѓу селата Порој, ...
ВО ТЕТОВСКО МИРНО Македонско- православните општини од Германија доделија хуманитарна помош за селаните од шесте окупирани села Припадниците на паравоената ОНА, и во текот на вчерашниот ден, во повеќе наврати во раните утрински часови и ...
ВО КУМАНОВСКО ПОЕДИНЕЧНИ ИСТРЕЛИ Вчера во ноќните часови била забележана најголема раздвиженост на терористите од потпишувањето на примирјето КУМАНОВО.- Од потпишувањето на примирјето вчера во ноќните часови била забележана најголема ...
СЕ ПОВЛЕКУВААТ ЛИ ТЕРОРИСТИТЕ КОН ШАРА? Жителите од овој крај велат дека во ноќните часови албанските терористи се уште повремено се појавуваат на некои делови од патот На патот Тетово-Јажинце повеќе нема барикади ниту пунктови на параполициските групи на ОНА.
Претставници на тетовските села Јагуновце, Вратница, Теарце денеска се сретнаа со претседателот на Координативното тело за кризи Илија Филиповски. На средбата било разговарано за актуелната безбедносна состојба во нивните општини. Претставниците од тетовските села се загрижени за својата иднината.
НЕСФАТЛИВ ПОТЕГ НА ВЛАДАТА На местото на пунктот кај Групчин останати само наредените вреќи, а терористите поставија нови кај Дреновец. Во Лешок мирно, но напнато, терористите на некои од малобројните Македонци останати во Глоѓи и во Одри им дозволуваат, а на некои не... ТЕТОВО.
КУМАНОВО.- Шестиот ден од потпишување на договорот за прекин на огнот, во липковско-карадачкиот воен регион се почитува, со исклучок на ситни повремени нарушувања на примирјето од албанските терористички групи. Терористите продолжуваат во попладневните и вечерните часови да се прегрупираат и да ...
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ДЕМАНТИРА МО тврди дека не се точни информациите според кои на Шар Планина биле распоредени околу 2.000 албански терористи Министерството за одбрана вчера соопшти дека за груба дезинформација го оценува пишувањето на "Дневник" дека "дел од тетовскиот крај е испазарен под ...
ВО ТЕТОВСКО НЕИЗВЕСНОСТ И СТРАВ Албанските терористи од Тетовско ги отстраниле барикадите на патот Тетово-Јажинце и ги тргнале своите пунктови што ги поставија пред неколку дена. Во МВР ја потврдија оваа информација и велат дека сообраќајот на овој пат се одвива нормално, но оти небезбедно било од ...
Прекинот на огнот се почитува, но поединечни испади на албанските терористи, без сериозни последици по безбедноста на припадниците на македонските безбедносни сили сепак постојат. На некои делови од патот Тетово-Јажинце се забележани вреќи со песок но без присуство на вооружени лица.Сепак контролен ...
Портпаролот на македонското министерство за одбрана (МО) како "груба дезинформација" ги оценува денеска наводите на некои македонски весници дека „дел од тетовскиот крај е испазарен под маса и оти тој во иднина ќе биде под контрола на албанските терористи“.
ВО ТЕТОВСКО НИШТО НОВО Македонците коишто привремено ги напуштија своите домови во изминатите 10 дена ја надминаа бројката од 1.000 раселени лица ТЕТОВО.- Вчерашниот ден во Тетовско, до доцните попладневни часови, измина мирно.
ДАЛИ ПОСТОИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЗДАВАЊЕ АЛБАНСКА ЕНКЛАВА ВО МАКЕДОНИЈА? Симптоматичното отсуство на македонските безбедносни сили од тетовските села населени со Македонци буди сомневање дека постои договор за премолчано етничко чистење на тој простор Дел од тетовскиот крај е испазарен "под маса" и ...
ВО ТЕТОВСКО НЕМА МИР На секои сто метри низ планината биле распоредени групи од 5 до 10 бандити, најсовремено вооружени На падините на Шар Планина се распоредиле најмалку 2.000 албански терористи со најмодерно западно оружје, дознава "Дневник" од разузнавачки извори.
ПО ПОТПИШАНОТО ПРИМИРЈЕ Терористите на ОНА вчера изутрина ги тргнале пунктови за контрола на минувачите, што беа поставени во текот на минатиот викенд на патот Тетово - Јажинце. Се прават напори ваквите пунктови да бидат отстранети и од патиштата на Шар Планина, информираше на вчерашната ...
„Неколку нарушувања на прекинот на огнот од страна на терористичките групи во кумановско-липковскиот регион и тетовско во текот на ноќта“, соопшти денеска министерството за одбрана. Според истиот извор терористите отвориле оган од село Слупчане кон македонските безбедносни сили во Опае, на овој ...
Проблемите со блокадите и пунктовите на албанските терористи, посебно на патот Тетово - Јажинце, од изутрина се отстранети - соопшти денеска во Скопје раководителот на групата за медиумска кампања на координативното тело за справување со кризи, Тихомир Илиевски.
Во тетовско денеска не се слушаа истрели, но терористите се уште се на патот Тетово - Непроштено. Тие ги симнале барикадите, возилата можат да се движат кон Лешок но вооружени терористи во униформи стојат покрај патот и од време на време ги легитимираат цивилите.
Двајцата резервисти, со полна воена опрема, биле киднапирани кога од караулата Стража влегле во селото Слупчане, контролирано од ОНА КУМАНОВО.- Во саботата, албанските терористи заробиле двајца припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија.
Завчеравечер, на пунктот во селото Порој кој бил поставен од припадниците на таканаречената ОНА, терористите убиле едно момче од селото, дознаваме од сигурни локални извори. По убиството, помеѓу селаните и терористите настанал голема кавга, и почнале да ги отстрануваат барикадите, на патот.
ОНА ВРШИ ТЕРОР ВО ТЕТОВСКО Жител на Џепчиште вели дека бандитите ги ограбувале сите што сакале да го напуштат селото, а секојдневно притворале луѓе во импровизиран затвор Терористите на ОНА вчераутро додека вршеле присилна мобилизација убиле момче од албанска националност во селото Непроштено.
Додека трае прекинот на огнот Во Тетовско киднапираните се чуваат во подрум на куќа во Џепчиште, заробените војници во Кумановско се во Ропајце Албанските терористи во Тетовско и во Кумановско изминатиот викенд киднапирале тројца војници на АРМ и најмалку тројца цивили.
Попладнево и во текот на денот нема забележани истрели и детонации од страна на терористите. Меѓутоа 7 жители од тетовско се киднапирани од страна на терористите. Дарко Бошковски кој беше киднапиран вчера околу 18 часот е ослободен денес околу 13 часот.
Припадниците на резервниот состав на Армијата на Република Македонија Љубиша Милановски и Часлав Спасовски, се заробени од страна на албанските терористи - потврди денеска Министерството за Внатрешни Работи. Тие сега се наоѓаат во селото Ропајце.
ВО ТЕТОВСКО ЖИВОТОТ НАВИДУМ ДОБИ НОРМАЛЕН ТЕК Терористите примирјето го користат за прегрупирања и вкопувања. Униформирани припадници на ОНА повремено воспоставуваа контролни параполициски пунктови по должината на патот Тетово - Јажинце, легитимирајќи патници и претресувајќи возила ТЕТОВО.
ОНА КОНТРОЛИРА ДЕЛ ОД ТЕТОВО Во Дреновец терористите направиле контролен пункт во еден дуќан, во непосредна близина на улицата, каде што имаше униформирано лице вооружено со автомат Во Тетово и Тетовско во воздухот се чувствува напната атмосфера и во секој момент може да избие вооружен инцидент.