TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ситуацијата во Куманово -очајна

Вест - 16.06.2001

КРИЗАТА ЗА ВОДА ВО КУМАНОВСКО КУЛМИНИРА Куманово веќе 10 дена се снабдува со вода за дневните потреби од цистерни, денес во Медицинскиот центар ќе се монтира времена пречистителна станица за вода на веќе постојниот бунар во болницата.

Со кризата за вода Куманово на работ на епидемија

Вест - 14.06.2001

Вчера заврши безуспешно и вториот обид на конвојот од повеќе хуманитарни организации да влезе во липковското кризно подрачје. Македонските безбедносни сили и натаму не можат да им гарантираат безбедност за влегување на новинари во кризното подрачје, а терористите не отстапуваат од условот ...

Куманово седум дена без вода, ги нема и цистерните

Вест - 13.06.2001

НА ПОВИДОК ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА Неуспешен обид на Црвениот крст и на ОБСЕ да го отворат вентилот на Липковското езеро. Нервозата кај кумановчани расте, зашто 23-те цистерни ни од далеку не можат да ги задоволат нивните потреби Куманово веќе една недела вода за пиење не добива од градската ...

На Куманово му се заканува епидемија

Дневник - 13.06.2001

ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА ВОДА Кризата со водоснабдувањето во Куманово продолжи и вчера Кризата со водоснабдувањето во Куманово продолжи и вчера. Вентилите на браната во Липково останаа затворени, и покрај тоа што екипи на ОБСЕ завчера однеле двајца техничари што треба да ја пуштат водата.

Во Куманово се шири неподнослива реа

Вест - 11.06.2001

ПРОДОЛЖУВА АГОНИЈАТА НА КУМАНОВЧАНИ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ Куманово со околу 90.000 жители веќе пет дена нема вода, се повеќе граѓани копаат бунари во сопствените дворови, а во колективните згради вода се бара во парковите КУМАНОВО.