ДИК е во постојано заседание. Заврши 12 часовниот процес на гласање, се стартува со броењето на гласовите и собирањето на резултатите. „Во 14 часот на прес-конференцијата ги соопштивме првичните информации. Морам да изразам разочарување одржување на изборите во одреден дел од Република Македонија ...
Во ВМРО-ДПМНЕ изборите ги оценија како фер и демократски. Во 98% од гласачките места гласањето поминало во фер и демократска атмосфера. Само во 2% од гласачките места имало нерегуларности и тоа онаму кадешто живеат мнозинство Албанци.
Набљудувачите на МОСТ на избирачките места забележале неправилности кои се однесуваат на процедурата на гласање, внатре во самите избирачки места. Според овие информации, затворени се избирачкото место 2077 во Ново Село општина Боговиње и во село Хаме избирачко место 550, првото заради тоа што ...
На 2.976 гласачки места во Македонија денеска од 7 до 19 часот можат да гласаат 1.779.116 избирачи. Тие својот глас можат да го дадат за 18 кандидатски листи на кои има 1.540 кандидати за 120 пратенички места во македонското Собрание.
Одзивот на гласачите на предвремените парламентарни избори кои денеска се одржуваат во Македонија до 10 часот е 11,44%, соопшти Државната изборна комисија. Портпаролот на ДИК, Зоран Таневски, информираше дека податоците се однесуваат на ниво на држава од обработени 73,69% од избирачките места.
Нема инциденти и проблеми во гласањето во третата изборна единица. Сите избирачки места во тројката се отворени навреме, точно во 7 часот. Во просек излезноста во третата изборна единица до 13 часот се движи до 25%. Во Штип на гласање излегле 34% од регистрираните гласачи.
Во општина Струга, каде има 56.683 гласача во избирачкиот список, гласањето досега се одвива непречено, без проблеми и инциденти. Според Африм Бектеши, претседател на општинската изборна комисија, до 11 часот одзивот на гласачите во Струшка општина е 7,11%.
Со избирачките места во тетовско и во Дебар гласањето е прекинато вкупно на дваесетина избирачки места. Со избирачките места во тетовско и во Дебар гласањето е прекинато вкупно на дваесетина избирачки места. Гласањето е прекинато и во две избирачки места во Гостивар во Горна Бањица и во Чегране, ...
Одѕивот на гласачите до 13 часот во Изборната единица 1 е 35,09 отсто, во ИЕ 2 - 27,95, во ИЕ 3 - 29,04, во ИЕ 4 - 25, 75 во ИЕ 5 - 26,79 и во ИЕ 6 - 32,37 проценти, соопшти денеска на прес-конференција граѓанската асоцијација МОСТ.
Одѕивот на гласачите на денешните парламентарни избори до 17 часот е 45,9 отсто, соопшти попладнево претседателот на ДИК Јован Јосифовски. Излезноста е поголема во споредба со претходните избори во 2006, кога до 17 часот бил регистриран одѕив од 42,61 отсто.
До 13 часот гласале вкупно 393.861 лице или 28,18 отсто од вкупниот број избирачи, соопшти попладнево претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифовски. Скопје, 1 јуни (МИА) - До 13 часот гласале вкупно 393.861 лице или 28,18 отсто од вкупниот број избирачи, соопшти попладнево ...
Денешниов ден беше многу важно да биде беспрекорен и вистински празник на демократијата и да помине во мирна и демократска атмосфера за да можат сите наши граѓани без какви било притисоци и закани на најслободен начин да ја искажат својата изборна воља и да го доделат својот глас, изјави ...
Од вкупно 24 избирачки места, во општина Дебар гласањето без проблеми се одвива во 23, додека во едно истото е прекинато поради напад на претседателот на избирачкиот одбор. Ова го потврдија и од општинската изборна комисија, која треба да даде официјално соопштение околу причината.
Релативно мирна атмосфера во Сарај, како општински центар и рекордни 60 проценти излезени гласачи до 14 часот на неколкуте гласачки места во тамошното училиште Дитурија. Но многу неправилности и затворени избирачки места во околните села.
Поради регистрирани нерегуларности и инциденти, гласањето е прекинато во повеќе избирачки места низ земјава. Не се гласа на две избирачки места во Камењане – Боговиње. Затворено е и едно избирачко место во Кичево каде е забележано семејно гласање и гласање без соодветна документација.
Според податоците на Граѓанската асоцијација МОСТ, добиени со ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите) до 18 часот излезноста на изборите била 52,28 проценти. Во првата изборна единица одивот бил 55,88 проценти, во втората 50,21, во третата 54,41, во четвртата 54,26, во петата 47,99 и ...
На над 98 проценти од избирачките места имаме фер и демократски избори. Според информациите од ДИК, на помалку од два процентa односно на нешто повеќе од 20 избирачки места и тоа во Сарај, Кондово, Чаир, Боговиње, каде што живеат мнозинство Албанци имаше нерегуларности, информира на денешната ...
Скопје Поради низа неправилности, насилство, семејно гласање, голем дел од избирачките места се затворени, а повлечени се и дел од набљудувачите на граѓанската асоцијација „МОСТ“. Ова денеска на прес конференција го соопшти извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.
Скопје Нови инциденти се случија претпладнево во тетовско-гостиварскиот регион, објави Државната изборна комисија (ДИК). Според истите извори, гласањето е прекинато во две гласачки места во село Букович каде триесеттина вооружени лица влегле во гласачките места, го собрале изборниот материјал и ...
Скопје Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да ја продолжи седницата на која во понеделникот разреши претседатели на шест општински изборни комисии со избор на нови раководители. Поради нестручно работење и непреземање доволно мерки да обезбедат регуларно гласање на изборите на 1 јуни, ...
Скопје Вооружени инциденти, физички пресметки, неправилности при гласањето граѓанската асоцијација МОСТ регистрирала и по 14 часот на неделните парламентарни избори во Македонија. Асоцијацијата забележала сериозен инцидент на избирачките места што се наоѓаат во Средното земјоделско училиште во ...
Скопје Гласањето на едно избирачко место во општина Желино изутрината е прекинато, додека едно избирачко место во општината Чучер-Сандево не е ниту отворено. Портпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски за Макфакс изјави дека поради полнење на гласачките кутии гласањето на избирачкото ...
Скопје Непознати вооружени лица го прекинале гласањето на избирачкото место во село Гургурница, општина Брвеница, потврди Државната изборна комисија. Во ова населено место, каде што има запишани 1.190 гласачи, според официјални информации, членовите на избирачкиот одбор се избркани од гласачкото ...
Скопје Државната изборна комисија (ДИК) ќе им ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници в сабота, за кога е закажана конститутивната седница на Собранието. На денешната седница, ДИК ќе го разгледа извештајот за спроведените парламентарни избори што ќе имаат и трето продолжение на 29 јуни, ...
Скопје Одзивот на гласачите до 13 часот изнесува 28,18 проценти, но гласањето е прекинато во 20-тина избирачки места на предвремените парламентарни избори што денеска се одржуваат во Македонија. Ова денеска го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Јован Јосифовски, потенцирајќи ...
Скопје Одзивот на гласачите на предвремените парламентарни избори кои денеска се одржуваат во Македонија до 10 часот е 11,44 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Портпаролот на ДИК, Зоран Таневски информираше дека податоците се однесуваат на ниво на држава од обработени 73,69 отсто од ...
Скопје Нема информации за нови изборни нерегуларности, со кои денеска беа опфатени речиси еден процент од вкупно избирачките места. Ова попладнево го изјави портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Зоран Таневски. Тој посочи дека попладнево до ДИк не пристигнале информации за нови ...
Скопје Притисоци, пукотници и редица неправилности изутринава регистрира граѓанската асоцијација “Мост“ која ги следи предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска во Македонија. Гласањето, според “Мост“, е прекинато во најмалку шест изборни места, претежно во западна Македонија, каде ...
Скопје Одзивот до 17,00 часот на предвремените парламентарни избори е 45,9 отсто, што е за околу три отсто повеќе во споредба со парламентарните избори во 2006 година. Според податоците што Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти на редовната прес конференција, одзивот е најголем во првата ...
Охрид Изборниот процес во општина Охрид изутринава започна навреме и се одвива без проблеми во сите 73 избирачки места, информираше Општинската изборна комисија. Вкупно 53.579 граѓани своето избирачко право ќе можат да го искористат до 19 часот кога се затвораат избирачките места, јавува дописникот ...
„Сите да бидеме дел од групата која постигнува нешто“, изјави во интервјуто за А1 Крис Хеншоу, Национален демократски институт. По вашата кампања, дали мислите дека Македонија ќе има слободни и фер избори? Јас сум оптимист. Секогаш сум бил, секогаш го барам позитивното.
Се е подготвено шестите по ред парламентарни избори во земјава, први вонредни, да поминат во мирна и демократска атмосфера, информираше Државната изборна комисија. 1.779.116 граѓани утре ќе имаат можност да го искористат своето право на глас и да ги изберат идните 120 пратеници во македонското ...
Во џебот имам пасош од друга држава кој ми дозволува да ја напуштам Македонија кога сакам и мојата и иднината на моите деца не е овде, но тоа не е така за луѓето во Македонија. Изборите се заедничка грижа и затоа се потребни национални напори тие да бидат регуларни Македонија може и мора да има фер ...
Во 7 часот наутро ќе бидат отворени 2.976 гласачки места, на кои своето граѓанско право на глас ќе може да го искористат 1.779.116 гласачи Граѓаните на Македонија утре, прв пат по осамостојувањето на вонредни парламентарни избори ќе решат кому ќе му го доверат мандатот да раководи со државата во ...
Најнови Web Special вести и информации за текот на изборите 21:52 01.06.08 - ДИК: „За подобра Македонија“- 56.507, „Сонце“ - 26.510, ДПА - 22.538 и ДУИ 16.925 гласови Според првичните резултати што Државната изборна комисија ги добила по електронски пат од 736 од вкупно 2.976 избирачки места, ...
Само беспрекорно мирни избори,безниту еден инцидент, ќе можат барем малку да ја ублажат оценката за демократската (не)зрелост на Македонија. Се' друго што е надвор од тој корпус на изборно џентлментство ќе значи дека сами сме си го закажале погребот на сопствената иднина Подготвени сме за утрешниот ...
Две лица од албанска националност нешто по 15.30 со автоматски пушки влегле во избирачкото место 1.033 и ги искршиле гласачките кутии. По интервенција на полицијата општинската изборна комисија го затвори ова гласачко место лоцирано кај зелениот пазар.
До 10:00 часот врз основа на податоците од 2193 избирачки места,излезноста е 11,44 одсто,односно своето право на глас го оствариле 151,020.Според портпаролот на Државната Изборна Комисија најголем одзив е забележан во Сарај,каде на гласање излегле 20 % од избирачите,а најмал во Центар Жупа,каде до ...
На над 98 проценти од избирачките места имаме фер и демократски избори. Според информациите од ДИК, на помалку од два процента односно на нешто повеќе од 20 избирачки места и тоа во Сарај, Кондово, Чаир, Боговиње, каде што живеат мнозинство Албанци имаше нерегуларности, информира на денешната ...
Според Државната Изборна Комисија, одзивот на гласачите на парламентарните избори до 13:00 часот бил 28,18 проценти. Од вкупно 1.779.116 гласачи, шест часа по отварањето на избирачките места, гласале 393.861 ...
Гласањето утрово е прекинато на избирачките места 2108 и 2095 во општина Желино,а во местото Малино во општина Чучер Сандево гласањето воопшто не почнало бидејќи вечерта пред изборите биле украдени гласачките кутии и избирачкиот материјал.Гласањето е прекинато и во село Ѓурѓевиште,општина Врапчиште ...
Одѕивот на гласачите на денешните парламентарни избори до 17 часот е 45,9 отсто, соопшти попладнево претседателот на ДИК Јован Јосифовски. Излезноста е поголема во споредба со претходните избори во 2006, кога до 17 часот бил регистриран одѕив од 42,61 отсто.
БИТОЛА - Конвојот со доверливиот изборен материјал за парламентарните избори што се изработуваше во битолската печатница „Киро Дандаро“ од вчера изутрина се дистрибуира до општинските изборни комисии. Камионите натоварени со гласачки ливчиња беа придружувани од силно полициско обезбедување.
Вчера околу 9 часот започна постапката за подигнување и дистрибуирање на доверливиот избирачки материјал кој беше изработен во печатницата "Киро Дандаро" во Битола. Под силно полициско обезбедување, а во присуство на претставници на ДИК, вчера од печатницата на 11 камиони и комбиња беше натоварен ...
ИНТЕРВЈУ Крис Хеншоу , директор на Националниот демократски институт во Македонија Мирче Јовановски Господине Хеншоу, кон што е фокусиран Националниот демократски институт во предизборниот период во Македонија? Како што е познато, ја спроведуваме националната кампања „Можеме и мораме фер избори ...
Со апстиненција граѓаните нема да ги казнат политичарите, велат експерти Изборниот ден треба да биде празник на демократијата, а граѓаните масовно треба да го искористат своето демократско право да гласаат. Ова се повиците што секојдневно ги упатуваат меѓународните претставници, невладините ...
Семејното гласање е изборен фалсификат и злоупотреба на гласачкото право, коментираат експертите Катица Чангова Мажот гласа наместо неговата жена. Сопругот го контролира изборот на сопругата. Синот гласа за родителите. Таткото гласа во име на децата.
ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК Вечерва точно на полноќ почнува молкот пред парламентарните избори што ќе се одржат в недела. Во овој период на електронските медиуми не смеат да се емитуваат спотови и пораки од учесниците во изборната трка, а во весниците не смеат да се објавуваат нивни ...
Под силно полициско обезбедување ДИК денеска го организираше транспортот и дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до општинските изборни комисии. „Во текот на денов ќе се доставуваат доверливите материјали, тоа значи гласачките ливчиња, изводите од ...
Од полицијата најавуваат дека од 17 до 19 часот ќе го засилат полициското присуство на критичните гласачки места за да се исклучи можноста да се случат инциденти Почетокот на изборниот ден и последните два часа се најкритичните моменти од гласањето, кога се случуваат најголемите нарушувања на ...
Вонредните избори ќе ги следат околу 6.000 набљудувачи Катица Чангова Гласачките ливчиња за вонредните парламентарни избори веќе се отпечатени и во текот на утрешниот ден ДИК ќе ги дистрибуира до општинските изборни комисии. Надоместоците за работата на избирачките одбори, во споредба со изборите ...
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ДИК вчера соопшти дека се е подготвено за предвремените избори што треба да се одржат в недела Државната изборна комисија минатата недела донела одлука за зголемување на надоместоците за членовите на изборните органи за 100 насто.
Државната изборна комисија вчера донесе одлука за акредитирање повеќе посматрачи и новинари за предвремените парламентарни избори на 1 јуни. Сега нивниот број изнесува повеќе од 5.000. Еден ден пред денот на гласање партиите треба да достават до избирачките одбори имиња на нивните овластени ...
ДИК ГО ОДВРЗА НАШЕТО ЌЕСЕ ЗА ИЗБОРИТЕ Предвремените избори ќе ги чинат македонските граѓани околу четири милиони евра. Државната изборна комисија толку пари побарала од Владата за да ги покрие трошоците за гласачки кутии, паравани, пенкала, невидливи спрејови, ув-ламби, графитни перничиња, печатење ...
Полицијата веќе има изработено план како ќе ги покрива критичните гласачки места на денот на изборите Партиите на 1 јуни мора да покажат висока демократска култура и не смеат да дозволат изборите да ги загрозат евроатланските процеси на Македонија.
Можеби граѓаните се изморени од политичарите, но треба да гласаат, сметаат експертите Билјана Јовановска Дали одѕивот на гласачите на претстојните парламентарни избори ќе биде поголем од оној на претходните, кога својата граѓанска должност ја исполнија 55,98 отсто од жителите на Македонија? ...
Гласачките ливчиња за неделните предвремени парламентарни избори се испечатени. В четврток тие ќе бидат дистрибуирани до Општинските изборни комисии, заедно со изводите од избирачкиот список и записниците. - Од понеделникот е започната дистрибуцијата на недоверливиот материјал, односно на ...
Државната изборна комисија ги заврши подготовките за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во недела, на 1 јуни. Соопшти дека со предвидените четири милиона евра, колку што македонските граѓани ќе ги чинат овие избори, ќе ги покријат трошоците за гласачки кутии, паравани, пенкала, ...
Меѓународните набљудувачи не посочуваат како земја каде што се' уште има семејно гласање, а тоа е срам за една држава, велат експертите Кај нас Албанците жената треба да го слуша мажот. Тој гласа за неа или и' кажува за која партија да гласа оти политиката е машка работа, вели жител на скопското ...
ТРИБИНА НА УНДП Гласањето за друг и семејното гласање се еднакво нарушување на фер и на демократските избори, како и изборното насилство, порачаа дискутантите на вчерашната трибина што ја организираше УНДП. Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори во 2006 година укажува дека семејното и ...
Гласачките ливчиња се испечатени, а кутиите, параваните, пенкалата, спреовите и ламбите испратени до изборните комисии. Се е подготвено за изборите во недела, велат од ДИК. Гласачките ливчиња ќе им бидат предадени на комисиите на три дена пред изборите.
Пред илјадниците присутни на плоштадот Македонија, според проценките од 60.000 до 100.000 луѓе, Груевски најави дека во следните четири години фокусот останува на економската преродба, која ќе резултира и со успешни евроатлантски интеграции По две години жестока работа, земјоделците, пензионерите, ...
Гласањето за друг и семејното гласање се еднакво нарушување на фер и демократските избори, како и изборното насилство, порачаа дискутантите на денешната трибина што ја организираше УНДП, како дел од проектот „Еден гласач - еден глас“.
Во организација на УНДП денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија за борба против семејното и гласањето во име на друг во текот на изборниот процес. Скопје, 26 мај (МИА) - Во организација на УНДП денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија за борба против семејното и гласањето во име на друг ...