Египетското Министерство за здравство денеска соопшти дека еден 28-годишен човек болен од птичји грип успешно се опоравил. Министерот за здравство Хатем ел Габали изјави дека е забележан втор случај на сомнеж за птичји грип кај луѓе во регионот Калубија, 40 километри северно од Каиро, еден ден ...
Египетското Министерство за здравство денеска соопшти дека еден 28-годишен човек болен од птичји грип успешно се опоравил. Каиро, 19 март (МИА) - Египетското Министерство за здравство денеска соопшти дека еден 28-годишен човек болен од птичји грип успешно се опоравил.
Од појавата на птичјиот грип во Франција во февруари годинава, во источниот дел на земјата досега се откриени 33 диви птици заразени со вирусот Х5Н1, соопштија локалните медиуми. Тие информираа и дека се очекуваат резултатите од анализа на уште 15 мртви птици.
ПТИЧЈИ ГРИП Освен забраната за увозот на живина и живински производи од Србија, Ветеринарната управа нема да спроведува дополнителни мерки за заштита од птичји грип и покрај последните најави дека во соседството едно лице е во карантин под сомневање дека е заразено од смртоносниот вирус.
БЕЛГРАД, 18 март - Четири семејства од српското место Баина Башта, во близина на Ужице, се ставени во карантин поради опасност дека се заразени од птичји грип, соопшти вчера белградското радио Б-92. Епидемиологот Вељко Ѓерковиќ изјави дека момчето од околината на Баина Башта, кој бил во контакт со ...
Во Египет почина жена заразена со смртоносниот вирус на птичји грип H5N1, соопшти египетската државна телевизија. Каиро, 18 март (МИА) - Во Египет почина жена заразена со смртоносниот вирус на птичји грип H5N1, соопшти египетската државна телевизија.
ЕПИДЕМИЈА НА БАЛКАНОТ Постојат сомненија дека 17-годишник од Бајина Башта, каде што првпат во Србија се пронајдени птици инфицирани со Х5Н1, е болен од птичји грип, јави Б92. Епидемиологот Предраг Кон изјави дека засега не може да се тврди дека момчето е заразено со смртоносната болест само поради ...
Епидемиологот Вељко Ѓерковиќ изјави дека едно момче од околината на Баина Башта во близина на Ужице, кој бил во контакт со живината, за која постои сомневање дека е заразена од птичји грип, има покачена температура, поради што "според процедурата се претпоставува дека станува збор за птичји грип".
Четири семејства од српското место Бајна Башта, во близина на Ужице, се ставени под епидемиолошко набљудување поради опасност дека се заразени од птичји грип, соопшти денеска белградското радио Б-92. Епидемиологот Вељко Ѓерковиќ изјави дека момчето од околината на Бајна Башта, кој бил во контакт со ...
Првичните тестови извршени врз примероци од илјадниците угинати мисирки на две фарми во јужниот дел на Израел покажаа дека биле заразени од вирусот на птичји грип Х5Н1, соопшти денеска израелското Министерство за земјоделство.
МЕРКИ НА ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП Ветеринарната управа го забрани увозот на живина и на продукти од живинско потекло од Србија и Црна Гора, по информациите дека вирусот на птичји грип во оваа соседна земја се појавил и кај домашната живина.
Унгарските власти соопштија дека домашната фармацевтска компанија „Омнинвест“ произвела хумана вакцина против птичјиот грип Х5Н1, кој може да биде смртоносен за луѓето. Оваа компанија наведе дека може неделно да произведува по 500.000 дози, јави ТАНЈУГ.
Унгарските власти соопштија дека домашната фармацевтска компанија “Омнинвест” произвела хумана вакцина против птичјиот грип Х5Н1, кој може да биде смртоносен за луѓето. Будимпешта, 16 март (МИА) - Унгарските власти соопштија дека домашната фармацевтска компанија Омнинвест” произвела хумана ...
ПТИЧЈИ ГРИП Доколку се потврди веста дека птичјиот грип во Србија се појавил и кај домашната живина, Ветеринарна управа ќе воведе привремена забрана за увоз на пилешки производи од таа земја. - Ветеринарите од регионот се во постојан контакт и ги следат упатствата на Европската комисија.
ОБВИНУВАЊА ЗА БРИТАНСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА Лабораторијата на Европската Унија во Вејбриџ, град лоциран западно од Лондон, ги крие клучните податоци од тестовите на мострите добиени од 15 земји каде што се регистрирани случаи на птичји грип, изјави Филип Тод, портпарол на високиот претставник на ЕУ за ...
Белград, 15 март (МИА) - Постои основано сомневање дека во Србија се појави првиот случај на птичји грип кај домашни птици, соопшти началникот на српската Ветеринарна управа, Дејан Крњајиќ. "Станува збор за петел кој на 9 март е пронајден угинат во една куќа во предградие на Бајина Башта", истакна ...
Резултатите од извршените анализи во специјализираната британска лабораторија Вејбриџ потврдија дека двете угинати патки, пронајдени на источното крајбрежје на Шведска, биле заразени од смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1, соопштија денеска шведските власти.
Данската служба за ветерина и храна денеска соопшти дека во земјата е регистриран првиот случај на вирусот Х5 кај дива птица, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Се уште не е познато кај каков вид на птица е пронајден вирусот и дали се работи за смртоносниот Х5Н1.
АЗЕРБЕЈЏАН Три лица во Азербејџан починале од смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип, со што бројот на смртните случаи од таа болест од 2003 година досега во светот се искачил на 101, јави АФП, пренесувајќи соопштение на Светската здравствена организација.
Кај угинат лебед, пронајден на подрачјето на место Дража на Дунав во Хрватска, потврдено е присуството на вирусот на птичјиот грип Х5Н1, соопшти денеска хрватскиот Ветеринарен институт. Угинатиот лебед бил пронајден на локација каде нема лебеди или други диви птици.
По Нигерија, Египет и Нигер ЈАУНДЕ - Камерун стана четвртата африканска земја која во неделата пријави случај на вирусот Х5Н1 на птичји грип, а властите во Мјанмар ги тестираа примероците од мртвите птици за овој вирус. "Првиот случај на птичји грип беше забележан во провинцијата Далечен Север", ...
ЕПИДЕМИЈА НА БАЛКАНОТ Анализите извршени во британската лабораторија Вејбриџ потврдија присуство на смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип кај четири пцовисани лебеди пронајдени минатата недела во Северна Грција, соопшти грчкото Министерство за земјоделство, јави МИА.