Партиите од здружената опозиција, заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски, денеска со протестен марш, кој почна пред Владата, продолжи низ центарот на Скопје, а заврши пред Собранието, го искажаа својот револт за како што велат, невидениот фалсификат во првиот круг од ...
И ТОА СЕ СЛУЧУВА Штабот на Костовски се жалеше дека на едно избирачко место во Скопје има 906 гласа повеќе од бројот на запишаните гласачи, а ние образложивме дека не се 906, туку 306 гласа. Тие не бараа поништување на гласањето, а ние само констатиравме фактичка состојба.
КОСТОВСКИ И ОПОЗИЦИЈАТА ПОВИКАА „Европа - сега! Стоп за фалсификатот!“. Тоа е мотото под кое независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски и опозициските партии што го поддржуваат, денеска во 17 часот, ќе протестираат пред зградите на Владата и на Собранието.
Различни партиски реакции околу денешните протести пред Владата и Собранието Опозиицијата и штабот на Костовски повикаа на масовност за изразување незадоволство Сашко Димевски "Европа - сега. Стоп за фалсификатотти ќе биде мотото со кое здружената опозиција и независниот кандидат за скопски ...
опозициЈата ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Независниот кандидат за Скопје Трифун Костовски и опозициските партии денеска ќе им предадат декларација за фер избори на претседателот Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски и на премиерот Владо Бучковски.
Утрешниот протест на опозицијата ќе се одржи пред владата и собранието, а до Бучковски и Јордановски ќе биде испратена декларација со која ќе се изрази незадоволство од тоа како бил спроведен првиот изборен круг. Во штабот на Костовски ги отфрлаат сомневањата на нивниот противкандидат Пенов дека ...
ВРХОВНИОТ СУД ЗА ЖАЛБИТЕ ОД КОСТОВСКИ Врховниот суд ја одби жалбата на штабот на Трифун Костовски дека на едно избирачко место во Скопје во кутијата имало 906 гласа повеќе од бројот на запишаните гласачи, со образложение дека навистина имало вишок гласови, ама трипати помалку од наведените во ...
УВЕРЕНИ ДЕКА Е НАПРАВЕН ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ Диана Младеновска Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, и опозициските партии што ја поддржуваат неговата кандидатура вчера ги повикаа скопјани утре во 17 часот масовно да излезат пред зградата на Владата за да им се придружат ...
Лидерите на опозициските партии се договараа како да дејствуваат пред вториот круг од изборите Протестот е предупредување дека опозицијата "нема да дозволи легализација на изборниот фалсификат" Сашко Димевски Лидерите на партиите од опозицијата, по вчерашната средба во штабот на независниот ...
КОСТОВСКИ И ОПОЗИЦИЈАТА во офанзива Лидерите на опозициските партии утре пред Владата ќе организираат масовен протест бидејќи сметаат дека државните органи во првиот круг од изборите му ја одзеле победата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, вчера ги повика граѓаните кои гласале за него во првиот круг на локалните избори, в недела да гласаат за кандидатите на опозицијата. Со тоа, Костовски, кој доби поддршка за кандидатурата од опозицијата, но во нивната кампања ...
Опозицијата излегува на улица. На мирен протестен митинг в петок пред Владата против, како што велат, фалсификатот и измамите направени за време на првиот круг од изборите. Ова е дел од декларацијата која произлезе од денешната средба на лидерите на опозицијата со кандидатот за градоначалник на ...
ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Власта се обидува да го разбие гласачкото тело и уште еднаш да го намали успехот на Трифун Костовски во битката за градоначалник на Скопје, реагираат од Изборниот штаб на Костовски за решенијата на Врховниот суд, кој ги одбива жалбите за изборните нерегуларности што ги ...
Иако Врховниот суд се произнесе по жалбите за изборни нерегуларности не стивнуваат реакциите од политичките штабови. Штабот на Костовски денеска оцени дека одлуката на Врховниот суд е фарса, зашто според нивните пресметки само доколку излезат 95% од гласачите Костовски ќе може да победи во првиот ...
Заложбата за промена на составот на општинските изборни комисии и членовите на избирачките одбори од коалицијата "За Македонија заедно" е уште еден доказ дека во првиот круг е направен фалсификат, велат од штабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски.
ШТАБ НА КОСТОВСКИ Изборниот штаб на независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера го оквалификува барањето на коалицијата „Заедно“ за промена на составот на општинските изборни комисии како „леснопрочитлива глума“.
Прес-конференција на штабот на Трифун Костовски Најавата на потпретседателите на СДСМ и на ЛДП, Радмила Шекеринска и Јован Манасиевски, за промени на составите на избирачките комисии и одбори кај кои беа регистрирани неправилности во постапката, за штабот на Трифун Костовски се "лесно прочитлива ...
СДСМ Опозицијата демонстрира насилничко однесување кон правото и демократијата во Македонија со барањето да се прегласува првиот изборен круг во општините Сарај, Чаир и Шуто Оризари, изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на СДСМ.
Во очекување на одлуката на Врховниот суд по жалбите за изборните нерегуларности, партиските штабови и денеска со меѓусебни обвинувања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски вели дека власта треба да расчисти со насилниците кои ги полнеле гласачките кутии.
Штабот на Труфун Костовски реагираше дека портпаролот на СДСМ Борис Кондарко со својата завчерашна изјава извршил директен притисок врз независноста на судството, а посебно на Врховниот суд. Од штабот обвинуваат дека и со тоа што на оваа партија и се познати содржините на нивните жалби, се укажува ...
Коалицијата "За Македонија заедно" ќе и предложи на Државната изборна комисија да ги разреши без исклучок членовите на избрачките одбори и претседателите на општинските изборни комисии секаде каде што имало нарушување на изборниот процес.
Изборниот штаб на Трифун Костовски Изборниот штаб на независниот кандидат за скопски градоначалник, Трифун Костовски, вчера оцени дека последното соопштение на амбасадорите на членките на ЕУ, акредитирани во Македонија, било уште еден доказ за фалсификатот по првиот круг од локалните избори.
Радмила Шекеринска и Јован Манасиевски со конкретни предлози и прашања пред вториот изборен круг Манасиевски го прашува Костовски, ако победи, дали планира да биде градоначалник четири години или в година ќе атакува на премиерската позиција СаШко Димевски Владината коалиција „За Македонија заедноои ...
ОФАНЗИВА ПРЕД ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Смена на сите општински комисии и избирачки одбори каде што имало нерегуларности и интервенција на јавниот обвинител, предложија вчера претставниците на коалицијата "За". Тие сметат дека на тој начин ќе се зачува регуларноста на изборниот процес потребна земјата ...
ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ ОБВИНУВА СДСМ најгрубо се меша во работата на Врховниот суд, а доказ за тоа е изјавата на портпаролот Борис Кондарко во која тој ја оценува правната издржаност на нашите жалби испратени до Врховниот суд. Од друга страна, пак, премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, постојано ...