Се што сум ветил сум исполнил, рече Пенов држејќи ја в рака брошурата од ветувањата дадени на локалните избори пред четири години. На вечерашнава градска конвенција Пенов барајќи го гласот на скопјани за уште еден мандат, трет по ред рече дека има неколку мотиви за тоа.
Актуелниот градоначалник Ристо Пенов, кој се кандидира и за трет мандат, поддржан од владејачката коалиција ,, За Македонија Заедно,, рече - причината поради која повторно се кандидирам за оваа позиција е едноставна - се што сум рекол се сум исполнил..
Ова го порача ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Оттаму упатија порака до Пенов дека она што се обидува да го направи последниве денови е предоцна. Тој имаше 8, 5 години да направи нешто за главниот град, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Фуникцијата градоначалник ја прифаќам како предизвик, бидејќи финасиски сум независен и мене фиансиите за разлика од мојот протвкандидат Пенов, не ме интерсираат, посочи денеска пред граѓаните на Чаир, независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Три Фуникцијата градоначалник ја прифаќам како ...
ШТАБОТ НА ПЕНОВ ОБВИНУВА Евентуалната победа на Трифун Костовски на локалните избори ќе биде всушност победа на Љубчо Георгиевски, кој во него гледа последна шанса да се врати на политичката сцена, изјави вчера Андреј Жерновски, шеф на Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов.
Коалицијата "За" в недела ќе одржи конвенција Изборниот штаб на Ристо Пенов, преку Андреј Жерновски, вчера најави дека веќе нема да се занимава со обвинувањата и нападите од противкандидатот Трифун Костовски. "Градоначалникот Пенов веќе нема да се занимава со нападите што доаѓаат од Костовски, кој ...
"Со присуството на конвенцијата на Љубчо Георгиевски и ВМРО-Народна приказната за независната кандидатура на Трифун Костовски е заврши. По овој настан малкумина од скопјани веруваат во неговата вистинска независност", изјави Андреј Жерновски, шеф на изборниот штаб на Ристо Пенов.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „За Македонија заедно“ и актуелен градоначалник Ристо Пенов в недела ќе одржи Изборна конвенција на која граѓаните ќе можат да се запознаат со неговата програма. Пред граѓаните ќе биде претставена програмата „ветено сторено“ во која се гледа ...
РИСТО ПЕНОВ ветува Треба да се премести Бит-пазар и на негово место да се изгради плоштад за Чаршијата да биде уште поубава, вели Ристо Пенов, одговарајќи на обвинувањата од Трифун Костовски дека нема чувство за историското богатство и традиција на Скопје.
Спротивни гледишта за Старата чаршија Кандидатите за скопски градоначалник Трифун Костовски и Ристо Пенов, вчера ги вкрстија копјата околу тоа дали и колку е инвестирано од левата страна на градот и дали Бит-пазар треба да се дислоцира или не.
Пенов нема чувство за традицијата.. Костовски е во позиција да критикува.. Вака денеска си реплицираа кандидатите за градоначалник на Скопје за темата – дислокација на Бит Пазар.. Трифун Костовски ја осудува идејата на Пенов за преместување на пазарот.. Пенов нема чувство за традицијата..
Независниот кандидат се сретна со архитекти и превозници "Камениот мост и Калето, што се истакнати на моето изборно пано, не треба да му пречат на Ристо Пенов, бидејќи тие се историско наследство на Скопје, а не на Пеновви. Ова е одговорот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун ...
ДЕТСКА АМБАСАДА „МЕЃАШИ“ Детската амбасада „Меѓаши“ ќе реагира кај народниот правобранител поради злоупотреба на децата во политички цели од страна на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов, кој на еден од своите билборди е фотографиран со дете.
ПРОДОЛЖУВА ВЕРБАЛНАТА ВОЈНА ЗА СКОПЈЕ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера го предизвика својот ривал Ристо Пенов на ТВ-дуел во време и на медиум што тој самиот ќе ги одбере. Костовски сака да расчисти чии се Калето и Камени мост што Пенов ги третира како свои ...
Актуелниот градоначалник на средба со кандидатите од коалицијата Кандидатот за градоначалник на Скопје на коалицијата “Зааи, Ристо Пенов, вчера имаше работна средба со другите девет кандидати за градоначалници на коалицијата во скопските општини.
КООРДИНАЦИЈА Настапуваме како тим и со заедничка програма ќе ги решаваме проблемите на граѓаните во Скопје, порача актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Ристо Пенов, по вчерашната работна средба со коалициските кандидати за градоначалници на скопските општини.
КОСТОВСКИ ОДГОВАРА Камениот мост и Калето се историско наследство што го одбележуваат Скопје. Тие не се сопственост на Ристо Пенов, туку на градот и затоа не треба да му пречи што тие се истакнати на моите паноа, изјави Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје.
-Обезбедувањето еднакви услови за сите стопански услуги е првиот чекор што планирам да ги направам, ако бидам избран за градоначалник, изјави независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, на вчерашната средба со Здружението на приватните автопревозници.
На писмената покана што завчера во медиумите беше упатена од страна на изборниот штаб на Трифун Костовски до изборниот штаб на Ристо Пенов, а се однесуваше на заеднички ручек, на кој, меѓу другото, би се разговарало за имиџот и понатамошниот тек на кампањата, актуелниот градоначалник излезе со свој ...
Ристо Пенов уште еднаш потврди дека е подготвен за јавно соочување со својот главен конкурент за градоначалничката функција во Скопје.. Кандидатот на коалицијата ,,За Македонија Заедно,, му порача на Трифун Костовски дека го чека на медиумски дуел..
КОНВЕНЦИЈА НА КОАЛИЦИЈАТА "ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО" Лидерот на СДСМ Владо Бучковски и вети на опозицијата фер и демократски избори. "Бидејќи сме власт, треба да докажеме дека сме демократи и ќе и дадеме шанса на опозицијата. Тоа е наша задача", рече лидерот на СДСМ во своето обраќање на завчерашната ...
,, Пенов нека си ја чува приватноста за себе.. Камениот мост и Калето се на градот,,..Ова е реакцијата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје по изјавата на Пенов дека Костовски за неговиот рекламен материјал се сликал пред Калето и пред Камен ,, Пенов нека си ја чува приватноста за ...
На донаторската презентација за скопската Стара чаршија Ристо Пенов и Трифун Костовски ја имаа првата случајна средба која помина студено и со само едно куртоазно ракување На вчерашната презентација на 25 -те проекти за ревитализација на Старата чаршија пред потенцијалните донатори во Домот на ...
КАМПАЊА НА КОСТОВСКИ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски на вчерашната презентација на проектите за обнова на Старата скопска чаршија рече дека ќе се залага за културна кампања и дека на граѓаните ќе им го понуди она што е најдобро за градот.
КОСТОВСКИ ОДГОВАРА Генералниот секретар на СДСМ Никола Ќурчиев можам го однесам најмалку на десет места во Скопје и да му покажам дека растат калинки и во главниот град, а не само во Гевгелија, изјави Трифун Костовски, независен кандидат за градоначалник на Скопје.
Втор ден кампања, двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Трифун Костовски и Ристо Пенов, се ракуваа. Ги зближи Старата скопска чаршија и проектот за нејзино оживување. Пенов, како актуелен градоначалник, Костовски како донатор.
Пенов вечерва ја почна кампањата во Аеродром. „Вечерва го започнуваме официјално теренскиот дел од кампањата, најнапред со посета на штабовите на коалицијата „За Македонија заедно“. Не има многу, доста добро сме организирани, очекуваме дека во овие 19 дена ќе се одработи кампањата од куќа на куќа ...
Независниот кандидат за градоначалник ја почна обиколката на Скопје со посета на старото скопско јадро Сашко Димевски Со прошетката низ Старата скопска чаршија и неврзаните разговори со дуќанџиите, независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера ја почна изборната кампања за ...
Двајцата ривали, во исто време, на исто место.. Патиштата на Трифун Костовски и Ристо Пенов се споија пред домот на занаетчиите во старата скопска чаршија.. Се ракуваа.. Заедно ја следеа презентацијата на проектите за ревитализација на старата скопска Двајцата ривали, во исто време, на исто место..
ШТАБОТ НА КОСТОВСКИ ПОРАЧА Со влегувањето на Трифун Костовски во политиката изминува времето на партиските офицери и војници, кои политичките функции ги користат за лично богатење, рече Дарко Марковиќ, шеф на Изборниот штаб на Костовски.
одлука на градонаЧалникот пенов Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Ристо Пенов, нема да дозволи на плоштадот Македонија во Скопје да се одржи ниту еден политички митинг за да не се наруши имиџот на плоштадот. Опозициските партии не се согласуваат и го обвинуваат Пенов дека се ...
ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Перфиден притисок е заканата за подметната бомба во зградата каде што е седиштето на штабот на Трифун Костовски, иако не можеме да тврдиме кои се мотивот и целта на заканата. Ова вчера го оцени Маја Мухиќ од изборниот штаб на Костовски, откако полицијата ја испразни ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски изборната кампања за претстојните локални избори ја почна со прошетка пред стоковната куќа "Мост" во Старата скопска чаршија, по што се сртена со претставници на Здружението на еснафите.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТАВА ВЕТО Ќе нема митинзи на плоштадот Македонија во кампањата за локалните избори, бидејќи скопскиот градоначалник Ристо Пенов забранил реконструираниот плоштад да се користи за политички собири. За таа одлука Пенов не го консултирал Градскиот совет.
ОПОЗИЦИЈАТА ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ Со прошетка по Старата скопска чаршија Трифун Костовски вчера, на првиот ден од почетокот на кампањата за локалните избори, тргна во освојување на функцијата градоначалник на Скопје.
Евакуацијата под закана за подметната бомба на зградата каде што се наоѓа штабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, ги шокира неговите соработници. Иако тие не беа предмет на директна закана изјавија дека чувствуваат своевиден притисок.
Штабот на кандидатот Трифун Костовски денеска се пожали дека и покрај тоа што пред една недела испратиле покана до својот ривал Пенов, но и политичките штабови за заеднички ручек, никој не му се одзвал на поканата. „Не би било во ред ако и на овие локални избори на нашата и на меѓународната јавност ...
Со прошетка по старата скопска чаршија, кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски ја започна изборната кампања. Тој се сретна со занаетчии, разговараше со претставници на здружението на еснафите.Пиеше чај во старата скопска чајџилница.
ОД ШТАБОТ НА ПЕНОВ ОБВИНУВААТ Трифун Костовски нема конкретни решенија за проблемите на Скопје, ниту проекти за иднината, рече Андреј Жерновски, шеф на штабот на Ристо Пенов, на вчерашната прес-конференција. Пенов и Костовски се противкандидати за градоначалничката функција во Скопје.
Андреј Жерновски, шеф на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Ристо Пенов, го обвини противкандидатот Трифун Костовски дека е превртлив и непостојан во политиката. Жерновски, иако констатираше дека граѓаните се заморени од обвинувања, цела прес-конференција ја искористи задржувајќи се и ...
Вака денеска од старата скопска чаршија Трифун Костовски ја почна трката за градоначалник на Скопје.. Тој се сретна со угостители, занаетчии, трговци, златари, за како што кажа да ги чуе нивните маки и предлози како да и се врати сјајот на чаршијата..
СПОРЕД АНКЕТА НА ШТАБОТ НА РИСТО ПЕНОВ Ако локалните избори се одржат утре, 31,71 отсто анкетирани граѓани би гласале за Ристо Пенов, актуелен и кандидат за нов градоначалник на Скопје. За независниот кандидат Трифун Костовски би гласале 26,84 отсто од анкетираните, покажала анкета што ја нарачал ...
КОСТОВСКИ СЕ ПРОМОВИРА Диана Младеновска На Скопје му е потребна долгоочекуваната промена. Потребен му е нов, а не вечен градоначалник. Потребна му е нова, а не истрошена идеја за развој. Уште поважно, на Скопје му е потребен нов поттик за здружување на креативноста, стручноста, домаќинскиот однос ...
Критички забелешки на Изборниот штаб на Пенов на програмата на нивниот противкандидат Гордана Дувњак Доколку биде избран Трифун Костовски за градоначалник, ќе се парализира работата на Градот, градската управа и на јавните претпријатија, оцени вчера Изборниот штаб на актуелниот градоначалник Ристо ...
Независниот кандидат Трифун Костовски во петокот вечерта ја промовираше својата изборна кампања Гордана Дувњак "Не е лесно да ги убедите луѓето дека третиот мандат, всушност, е прв! Не е лесно да ги убедите дека самопроверката е доволна наместо единствена валидна проверка на граѓанинот на денот на ...
ШТАБОТ НА ПЕНОВ НАПАЃА Ако Трифун Костовски биде избран за градоначалник на Скопје ќе се парализира функционирањето на градот бидејќи тој и тимот што стои зад него не ја познаваат проблематиката - обвини вчера шефот на Изборниот штаб на Ристо Пенов, Андреј Жерновски.
На Скопје не му треба вечен градоначалник Познатите моќници и отуѓени властодршци ги вознемири мојата кандидатура за градоначалник на Скопје. Тие веднаш почнаа да ја злоупотребуваат власта активирајќи ги познатите лаборатории за вршење притисок и уцени за моја дисквалификација, рече независниот ...
ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПРОГРАМАТА Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски викендов ги промовираше програмата и кампањата за настапот на претстојните локални избори. Костовски потенцираше дека не е избран за кандидат од партиски орган ниту, пак, е производ на ...
Кандидатот на опозицијата Трифун Костовски е уплашен и нервозен и со своето непознавање за локалната самоуправа ќе предизвика парализа на Градот и градската управа и тој не може да биде градоначалник на Скопје, предупредуваат од Изборниот штаб на Ристо Пенов.
"Ако за добра калинка треба добар градинар, за дозревање на Скопје е неопходен човек. Таков човек е Трифун Костовски". Вака во петокот вечерта во скопскиот хотел "Холидеј ин" беше промовиран независниот кандидат за градоначалник на Скопје.