Американските конгресмени побараа од произведувачите на автомобили да поднесат нов план за закрепнување пред да им се одобрат милијарди долари за спас на индустријата. Хари Рид, лидерот на мнозинството во Сенатот, рече дека автомобилските џинови не го увериле американскиот народ или Конгресот дека предложениот план ќе биде последен.
Челниците на трите водечки американски производители на автомобили, „Џенерал моторс“, „Форд“ и „Крајслер“, апелираа до американската администрација веднаш да и помогне на оваа индустриска гранка бидејќи, во спротивно, пропаѓањето на трите гиганти ќе има далекосежни последици и за САД и за целиот свет.
Дилери на компанијата „Опел“ во Германија се подготвени да ја купат компанијата. Дилер на „Опел“ во Штутгарт, во изјава за списанието „Automobilwoche“, што излегува денеска, вели дека идејата за купување на концернот е „во процес на разгледување и се пристапува сериозно“ од страна на дилерите и „тоа не е невозможно“.
Поради меѓупартиски разлики во американскиот Конгрес, закочен е предлогот на Демократите за државна помош од 25 милијарди долари за спасување на американската автомобилска индустрија. За денеска планираното пробно гласање во Сенатот, е откажано поради отпорот на Републиканците. Мизеријата на големите три фирми од Детроит, Џенерал Моторс, Крајслер и Форд, продолжува.
Германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со министрите за финансии и за економија Пеер Штајнбрик и Михаел Глос, разговараше со раководството на „Опел“ околу евентуална помош на државата за компанијата. „Опел“ и неговите 25.700 вработени се во опасност да пропаднат во бездна, заедно со матичниот американски концерн „Џенерал моторс“.
Американските производители на автомобили, Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, излегоа во Сенатот со барање за државен кредит во висина од 25 милијарди долари. Менаџерите на фирмите предупредија дека доколку не се реагира, американската економија може да се соочи со катастрофален колапс. Без поддршка, во рок од една година, три милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места.
Џенерал Моторс, Форд и Крајслер пред колапс. Американските автомобилски произведители на сослушувањето во Сенатот во Вашингтон побараа итна помош од Владата во износ од 25 милијарди долари бидејќи се пред банкрот. 4,5 милиони луѓе работат во автомобилската индустрија. Без помош од Владата, за една година, 3 милиони од нив ќе останат без работа.
Џенерал Моторс, Форд, Опел и Фолксваген, најпознатите автомобилски компании бараат од нивните влади пари на заем за да можат да опстанат. Станува збор за суми во милијарди евра со што би се покриле загубите на овие моќни компании предизвикани од малата побарувачка за автомобили низ цел свет.
Најпознатите светски производители на автомобили “Џенерал моторс“, “Форд“, “Опел“, и “Фолксваген“ од своите држави бараа милијарди евра на заем, затоа што во спротивно ќе ги затворат своите погони и ќе отпуштат илјадници работници. Светската автомобилска индустрија се наоѓа пред колапс поради слабата побарувачката на автомобилите ширум светските пазари.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе има состанок со раководството на автомобилскиот концерн ОПЕЛ, кое бара од Владата финансиска подршка од милијарда евра за спас на компанијата. На ОПЕЛ, кој има над 27 илјади вработени, му се заканува пропаст, бидејки е дел од Џенерал Моторс, кој е во тешка ...