Кога политичарите ќе преземат одговорност за случување во културата, тогаш се случува неодговорност и игра на нерви, што не се знае кому му служи. Кризниот штаб на граѓаните на Струга, кој до минатиот четврток категорично одбиваше овој град да биде домаќин на Струшките вечери на поезијата, ...
Управниот одбор и дирекцијата на Струшките вечери на поезијата, министерот за култура, Благој Стефановски и неговиот совет и претставник на градот Струга задутре на состанок во Охрид треба да ја донесат конечната одлука за тоа каде ќе се одржи големата меѓународна поетска манифестација.
Манифестациите од културата како што се Струшките вечери на поезијата и Македонските духовни конаци што со децении и години се синоним за Струга треба да се одржуваат во овој град и Стружани треба токму преку културата и пишаниот збор да се борат за Струга.
ПРВ ЧЕКОР КОН ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО За осамостојување на општината, Кризниот штаб консултира експерти по меѓународно право Струшката општина планира да воведе сопствени регистарски таблички за возилата како прв чекор во изразувањето самостојност и независност од централната власт.
ПРАТЕНИЧКА МИСИЈА Тито Петковски, пратеник од СДСМ, вчера попладне требаше да отпатува во Струга за да лобира да се одржат „Струшките вечери на поезијата“. Тој, како што најави, веднаш по гласањето за законите за општините и за Скопје, отиде да се види со општинарите, борците и со поетите од ...
ОТПОР ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА На усвојување на Законот за територијална организација, стружани одговорија со првиот прототип на нови регистарски таблички и возачка дозвола на евентуалната самостојна Струга. СТ 001 АА, промовирана на Струшките вечери на отпорот, предизвика бурни овации ...
ОДЛУКА Стружани за своите одлуки ги известиле сите амбасади СТРУГА - Граѓаните на Општина Струга, почнувајќи од вчера ќе ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми на протест предвидени со Повелбата за осамостојување на Струга.
Кризниот штаб за опстанок на Струга вчера одлучи веднаш да ја активира Повелбата донесена на 8 август, која предвидува стружани да ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми на протест. Активирањето го предизивика изгласувањето на Законот за територијална организација на ...
Изјава на министерот за култура, Благоја Стефановски, за одржувањето на СВП Во понеделник ќе се состане Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата и ќе се донесе конечна одлука. Како што најавивме и како што беше додговорено со градските структури во Струга и со градоначалникот, Ромео ...
ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Ивана Серафимова <> Стружани се разочарани, но не се откажуваат од можноста Владата да се премисли за задржување на старото територијално решение за општината. Тие ја активираа струшката повелба од 8 август, со бојкот на сите манифестации и ...
Иако повелбата на граѓаните на Струга предвидува целосно бојкотирање и на културните манифестации во градот, Кризниот штаб е со став дека може да се создаде атмосфера за одржување на Струшките вечери на поезијата и утре на седница формално ќе реши дали Струга може да биде домаќин на големиот ...
Ден по донесувањето на законот за новата територијална организација Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните граници објави дека стапува на сила Повелбата на граѓаните на општина Струга согласно која тие велат дека од денеска ќе ги употребат сите легитимни и демократско загарантирани форми ...
Полицијата во Струга утврдила дека пожарот во зградата каде што се сместени политичките партии во Струга е подметнат. Огнот се разгорел на две места од катот на зградата. Едното жариште било кај вратата од прирачниот магацин на СДСМ , а другото во санитарните простории на ВМРО-ДПМНЕ, ...
НА ИТНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ПОЖАРОТ Струшките социјалдемократи од завчера целосно ги прекинаа контактите со партиската централа во Скопје. Одлука за тоа донело претседателството на општинската организација во Струга, на итна седница по пожарот во партиските простории.
Поради изгласувањето на Законот за територијална организација на Македонија, Кризниот штаб за опстанок на Струга денеска одлучи веднаш да стапи во сила Повелбата на граѓаните од Струга, донесена на 8 август, која предвидува стружани да ги употребат сит Поради изгласувањето на Законот за ...
ПОДМЕТНАТ ПОЖАР во Струга Кризниот штаб за опстанок на Струга го оквалификува пожарот како "смислена диверзија", со цел струшките настани да добијат поинаква димензија Непознати сторители ја полеале со бензин и ја запалите внатрешноста на зградата на политичките партии во центарот на Струга, ...
ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ЈА ОБНАРОДИЈА СТРУШКАТА ПОВЕЛБА Мери Јордановска „Предавници, Струга не ја даваме. Разберете, таа е наш свет град! Од предавници Македонија страда, но Бог ја чува!“ Под ова мото завчеравечер илјадници стружани се собраа пред „местото на злосторството“ за да ја обнародат струшката ...
Борис Кондарко "Не знам како ќе гласа Тито Петковски за законот за терирторијална организација на државата, дали ќе биде против, како што тој изјавил, или ќе гласа "за". Ќе видиме. Знам дека Петковски како член на највисокото партиско тело, и на седницата на Централниот одбор и на Претседателството ...
НЕЗАВИСНОСТ "Струга ќе има свој пасош, ќе биде попросперитетна од Македонија, побрзо и полесно ќе влезе во НАТО и ЕУ, а со струшки пасош полесно ќе се патува во странство", рече градоначалникот Ромео Деребан на завчерашното Стружани завчера ја објавија повелбата со која бараат нивната општина да ...
ЗБУНЕТОСТ ВО СДСМ Александра М. Митевска Во СДСМ се збунети од најавите на пратеникот Тито Петковски дека ќе оди во Струга да лобира за одржување на „Струшките вечери на поезијата“ и дека нема да го поддржи законот за територијална поделба.
Порака од протестниот собир на политичките партии и невладини организации ДЕРЕБАН: Разговарав со повеќе експерти по меѓународно право. Јас сум оптимист и им верувам на оние што велат дека Струга може да прогласи самостојност СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - ?Никој не може да ни го одземе правото да го ...
По завршувањето на протестниот митинг СТРУГА - Вчераутро во 3,40 часот беше опожарена зградата на политичките партии на Струга, при што се изгорени три врати, една санитарна просторија и дел од холот. Првичните официјални процени говорат дека е направена штета од над 50.000 денари.
АКО ДО ПОНЕДЕЛНИК НЕ ДОБИЕ ОДГОВОР Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ до понеделник ќе почека локалната власт да ги извести дали Струга може да создаде атмосфера за непречено одржување на 43. издание на големиот поетски фестивал.
нешто поинаку - Данило Коцевски Ако творците се единствени и ако тие силно застанат во одбрана на поетска Струга или која било друга манифестација, таа сигурно ќе биде и одбранета Струга, односно Струшките вечери на поезијата духовно не обликувале како интелектуалци.
ВНАТРЕПАРТИСКИ РАЗИДУВАЊА Решенијата за Струга, Скопје и за Облешево треба да претрпат измени, оценува Петковски Изненадени сме од однесувањето на Тито Петковски, кој изјави дека нема да гласа за законот за новата територијална организација, бидејќи на седницата на партиското претседателство како ...
6 часа по потпишувањето на повелбата за самостојност на Струга, пожар во просториите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Причинета е материјална штета. Во МВР знаат само дека пожарот е подметнат. Осомничени има, но не е и приведени. Општинските организации на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да дадат изјави.
И врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како и Деребан, сметаат дека со подметнувањето на пожарот некој се обидува да внесе раздор меѓу обединетите Стружани. Владеачката СДСМ инсистира полицијата што е можно побргу да ги најде сторителите. „Згрозени сме од таквите чинови на насилство, најостро го осудуваме, ...
Пратеникот на СДСМ Тито Петковски денеска ќе оди во Струга за да ги замоли градоначалникот и кризниот штаб да се одржат Струшките вечери на поезијата. "Јас како човек не можам да дозволам да не се одржат Струшките вечери на поезијата, бидејќи тие се влезна карта за Евопа, изјави Петковски и доддае ...
ВЛАСТА КОНТРА ИДЕЈАТА ЗА САМОСТОЈНА СТРУГА Несериозна и неуставна е идејата за Струга со статус како Сан Марино, оценија вчера владејачките СДСМ и ДУИ, неколку часа пред стружани да ја објават повелбата за самостојност на нивната општината, доколку не се дозволи таа да остане во сегашните граници.
Културата во служба на политиката Благоја Стефановски: Струшките вечери на поезијата, па и фестивалот "Браќа Манаки", имаат глобално културно значење кое е посилно од регионалното и кое ниту јас како министер за култура не можам да го спречам Сунчица Уневска "Одржувањето на културните манифестации ...
РЕАКЦИИ Идејата за независност на Струга е несериозна и потекнува од политичари чија желба е да бидат претседатели или министри, велат во СДСМ за платформата оваа општина да стане град-држава. Завчера поголемиот дел од политичките партии ја потпиша Повелбата за конституирање на општината Струга со ...
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТРУШКАТА ПОВЕЛБА Повеќе од 45 политички партии, невладини организации и спортски екипи ја потпишале струшката повелба, во која се вели дека стружани ќе ги бојкотираат локалните избори, нема да пријават кандидати за градоначалници и советници и нема да се организираат културни и ...
СТРУГА ЌЕ ПРОГЛАСУВА ГРАД-ДРЖАВА Иван Блажевски Намерата на стружани да формираат самостојна држава во рамките на Македонија не може да се оствари само со одлука на граѓаните, а без промена на Уставот и без зелено светло од законодавниот дом, односно од Собранието.
потпишана повелба за ОПСТАНОК НА ОПШТИНАТА Струга прогласи самостојност. Објавувајќи го тој чин, градоначалникот Ромео Деребан се повика на јасно изразената референдумска волја на граѓаните за тоа во каква општина сакаат да живеат и на повелбата што ја потпишаа сите политички партии на Македонците ...
СО ЦЕЛ ДА СЕ ОДРЖАТ ВЕЧЕРИТЕ НА ПОЕЗИЈАТА Пратеникот од СДСМ Тито Петковски синоќа требаше да ја посети Струга, со цел да лобира меѓу стружани да овозможат одржување на „Струшките вечери на поезијата“. - СВП се наша традиција, која не легитимира и афирмира пред светот како цивилизиран народ со ...
И СДСМ ЈА ПОТПИША ПОВЕЛБАТА ЗА НЕЗАВИСНА СТРУГА ”Повеќе од една деценија Македонија пропаѓа на национален, економски и културен план, па затоа ја најавуваме и можноста за отцепување од една ваква држава која оди во амбис”, рече вчера струшкиот градоначал "Повелбата на граѓаните на Општина Струга со ...
Промовирана повелбата за самостојност на Струга СТРУГА - Повелбата за осамостојување на Струга како посебен дел на Република Македонија веќе два дена е топ-тема меѓу стружани. Најавите за бојкот на спортските клубови, неодржувањето на културните манифестации и неучеството на претстојните локални ...
Потписите на струшкиот огранок на СДСМ на Повелбата за прогласување на самостоен статус на Струга се ставени под закани за личната безбедност и домовите на раководството на СДСМ и нивниот пратеник, тврди портпаролот на Социјалдемократите.
Потпишано од 50-тина потписници меѓу кои и сите политички партии од македонскиот блок на локално ниво, вклучувајќи го и СДСМ, граѓански сојузи, НВО организации, месни заедници, форуми и спортски клубови денеска е обелоденета Повелбата на граѓаните на општина Струга со која се бара таа да остане во ...
Форумот на интелектуалците-Албанци од Струга вчера го одржа состанокот посветен на проблемите околу одржувањето на Струшките вечери на поезијата и повелбата за независност на Струга, што ја потпишаа политичките и граѓанските претставници од македонскиот блок.
сите освен сдсм Најголемиот дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпиша Повелбата за конституирање на општината Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора ако не биде почитувана волјата на граѓаните за неменување на постојните ...
ПОЕНТА Диана Младеновска <> Граѓаните на Струга подготвуваат повелба за прогласување независност на нивната општина по теркот на Сан Марино, Лихтенштајн или на Андора, но и според примерот на нивните соседи вевчанци, кои пред неполни две децении на сличен начин му се спротивставија на тогаш многу ...
УШТЕ ЕДЕН ПРИТИСОК ВРЗ ОПШТИНАТА Буџетските сметки на Струга се блокирани за долгови стари шест години, кога градоначалникот бил од СДСМ Од петокот се блокирани двете општински сметки на Струга. Додека во Собранието на Република Македонија течеше расправата за амандманите за останување на Струга во ...
Повелбата на граѓаните на општина Струга, што ја потпишаа сите политички партии од македонскиот блок на локално ниво, како и 50-тина Здруженија на граѓани, невладини организации и спортски клубови, денеска беше објавена во Струга.
Нова форма на негодување на стружани Струга - Најголемиот дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпишаа Повелбата за конституирање на Општина Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора доколку не биде почитувана волјата на ...
ДЕНЕСКА НА МАСОВЕН МИТИНГ Најголем дел од македонските политички партии, обединети во Кризниот штаб за опстанок на Струга, вчера ја потпишаа повелбата за конституирање на општината Струга со статус како Монако, Сан Марино или Андора, ако не биде почитувана волјата на граѓаните општината да остане ...