Вечерва околу 19.45 часот се слушнаа 2-3 истрели во строгиот центар на градот.Според извори на А1 сообраќајот нормално се одвива се до улицата „Илинденска“ каде што се наоѓа Општинскиот суд. Зачестени се раздвижувањата на терористите во текот на денов и преку ноќта.
Ноќеска и изутринава имаше неколку детонации на повисоките предели на Шар Планина над Тетово. Според официјални извори силите за безбедност на Македонија одговарале на нападите на албанските терористи во реонот на селото Гајре. На подрачјето на липковско - кумановскиот регион ноќта мина мирно.
Вечерва се слушаат детонации од Шара.И околу 16.30 часот се слушнаа детонации, а беше забележан чад од патот Тетово - Попова Шапка. Неофицијално терористите се обиделе да заземат подобри позиции за да може да ги напаѓаат полициските пунктови.
НОВИ БОРБИ НА ТЕТОВСКИОТ ФРОНТ Теренот на Жеден, за кој се стравува дека е ново потенцијално жариште го контролираат македонските сили, но 30-ина терористи повремено отвораат оган и потоа се разбегуваат Вчера, од пладнето, во Тетовско одново се започнати интензивни борби меѓу македонските ...
ВЧЕРА ВО РЕОНОТ НА ШИПКОВИЦА Еден хеликоптер "ми-24" на македонската војска вчера околу пладне дејствувал врз позиции на албанските терористи кај тетовското село Шипковица на Шар Планина, рече полковникот Благоја Марковски. Нападот траел околу половина час, по што леталото на АРМ си заминало.
Албанските терористи во тетовско и претпладнево ги продолжија нападите врз позициите на силите за безбедност на Македонија, кои започнаа околу полноќ и траеја се до рано изутринава. Припадниците на македонските сили за безбедност жестоко одговараа на сите напади, а предпладнево беа вклучени и ...
Вчераутрото, нешто пред 01 часот, во Тетовската болница беше пренесен Селман Салиу (1957 год.) од тетовското село Гајре, со експлозивни рани на левата потколеница. Во текот на денот, нешто пред 10.00 часот, во болницата беше пренесен и Шемседин Салиу (1949 год.
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ МИРУВААТ - ЗАВЧЕРА ЖЕСТОК НАПАД НА ПОЛИЦИСКИОТ ПУНКТ НА ПОПОВА ШАПКА Албанските паравојници пукаа врз пунктот со минофрлачи од 120 мм од правците на Гајре, Шипковица, Вејце, Бродец и месноста Сидол, кај Лисец. Завчера попладнето терористите нападнаа и еден товарен воз кој се обидел ...
БИТОЛА Три битолски улици ќе ги носат имињата на војниците-резервисти Благојче Силјанов, Пеце Матичевски и Влатко Миленковски, кои беа убиени на 5 јуни во подмолна терористичка заседа кај тетовското село Гајре. Иницијативата вчера ја покрена Советот на Битола.
ТЕРОРИСТИТЕ ЗАВЧЕРА НАПАДНАА КАЈ ПОПОВА ШАПКА Албански терористи завчера со 120-милиметарски минофрлачи извршија напад врз полицискиот пункт во реонот на Попова Шапка, при што загина полицаецот Коста Велковски од Неготино, а беа повредени Драги Крстев, Томче Николовски и Нане Георгиевски, сите од ...
Албанските терористи претпладнето околу 8 часот отворале оган од тетовската населба Дреноец 2, во која живеат главно доселеници од Косово, врз полицискиот пункт кај Градскиот стадион во Тетово. Терористите отворале оган од снајпери, минофрлачи и митралези од упориштата во долината на реката Пена, ...
НОВИ ПРОВОКАЦИИ ВО ТЕТОВСКО Вчера, до 01 часот утрото од полноќ, македонските безбедносни сили на Шара дејствуваа интензивно против албанските терористи, кои започнаа со оружени провокации и отворија оган од автоматско оружје, обидувајќи се да се прегрупираат во реоните на селата Вејце, Шипковица и ...
Во тетовско е нападнат полициски пункт од страна на терористите. Четворица припадници на македонските безбедносни сили се повредени. Над Тетово од страната на селата Гајре и Лисец се слушале детонации во траење од еден час ( од 18-19 часот) Изет Нурадини инспектор во СВР Тетово и Муарем Муареми, ...
ТЕТОВСКО Македонските безбедносни сили воделе борби со албанските терористи на Шара ноќта помеѓу саботата и неделата, во тетовското кризно подрачје. Македонските безбедносни сили воделе борби со албанските терористи на Шара ноќта помеѓу саботата и неделата, во тетовското кризно подрачје.