Делегатите на 13-от Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ денеска акламативно го реизбраа Никола Груевски за претседател на партијата. Штип, 18 март (МИА) - Делегатите на 13-от Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ денеска акламативно го реизбраа Никола Груевски за претседател на партијата.
Првиот ден од 13-от партиски Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Штип измина под масовниот стремеж за имиџ на модерна, центродесничарска, демохристијанска партија, на која и претстојат позабрзани реформи, следејќи го моделот на Европската народна партија.
ОСНОВАЧИТЕ НА ЛИГАТА ЗА ДЕМОКРАТИЈА РЕАГИРААТ Основачот и почесен претседател на Лигата за демократија проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ и голем дел од постарото членство не се согласуваат со спојувањето на нивната партија кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што беше објавено завчера.
Долгодишниот претседател и основач на Лигата за демократија, професорот Ѓорѓи Марјановиќ. ќе иницира одржување легален конгрес на кој би се преиспитала неодамнешната одлука на партиското раководство за нивно присоединување кон ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски првпат се соочува со својата база по изборниот триумф Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре во Штип го одржува 13. конгрес на партијата и прв конгрес по преземањето на лидерството од страна на Груевски и поставувањето на партијата на здрави нозе по потресите поради заминувањето на ...
ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, дали го добил решението од Државниот управен инспекторат за стопирање на изградбата на објектот во пазариштето поради неправилности и ако го добил, зошто продолжува со изградбата и ја манипулира јавноста дека изградбата се ...
„Обединети, кон целта“ е слоганот под кој денеска и утре во Штип ќе се одржува тринаесеттиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој ќе се утврдува партиската политика во следните години. Се очекува на конгресот да бидат усвоени документите „Доктрина 2007“ и Програмската резолуција со кои ќе се дефинираат ...
Основачи на Лигата за демократија ќе се обидат да ја спасат партијата од згаснување, по одлуката на нејзиното раководство таа да се претопи во ВМРО-ДПМНЕ. - Ние не прифаќаме Лигата да згасне заради остварувањето на нечии лични интереси со обединувањето со владејачката партија.
ВМРО - ДПМНЕ победи на последните парламентарни избори поради чесноста, искреноста, компетентноста и професионализмот, рече денеска на конгресот во Штип, претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, презентирајќи го Извештајот за работата на ВМРО - ДПМНЕ во периодот меѓу двата конгреса.
Ѓорги Марјановиќ ја спори легалноста на припојувањето на Лигата за демократија во ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека одлуката не е статутарна, затоа што била изгласана од 40-тина непознати делегати на таен конгрес, свикан по телефон, а не со покани и образложение за што ќе се решава.
Обединети кон целта - Нови идеи, Нови стандарди, Нови победи е новиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ, промовиран во пресрет на 13-ти Конгрес на партијата, што викендов ќе се одржи во Штип. Ова ќе биде прво соочување на раководството на партијата со своето пошироко членство по победата на ланските ...
Лигата за демократија (ЛД) се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ и веќе нема да постои како самостоен политички субјект, соопштија вчера на прес-конференцијата лидерот на ЛД, Тони Ѓуровски, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.
ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од градоначалникот на општината Струмица Зоран Заев дали го добил решението од Државниот управен инспекторат за стопирање на изградбата на објектот во пазариштето поради неправилности и ако го добил зошто продолжува со изградбата и ја манипулира јавноста дека изградбата се ...
ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот на Охрид Александар Петрески, затоа што дозволил да се легализираат дивоградбите во општината. - Згрозени сме од одлуката да се легализираат дивоградбите во Охрид.
ВМРО - ДПМНЕ бара оставка од охридскиот градоначалник Александар Петрески и распуштање на Советот на Општина Охрид поради одлуката да се легализираат дивоградбите за чие уривање беше донесено решение во септември 2006 година.
ПО ЛИГАТА ЗА ДЕМОКРАТИЈА Европската партија се припои во ВМРО-ДПМНЕ, објави вчера Нелко Нелковски, досегашен претседател на оваа партија. И Лигата за демократија на завчерашниот конгрес донесе одлука да се спои во ВМРО-ДПМНЕ.
Европската партија на Македонија од вчера и официјално е дел од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија на прес-конференција претседателот на Европската партија Нелко Нелковски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Китановски. Според Нелковски, одлуката да се пристапи кон ВМРО-ДПМНЕ е донесена со ...
Се очекува конгресот да има церемонијален карактер, а Груевски по втор пат да биде избран за партиски лидер Владејачката ВМРО-ДПМНЕ викендот ќе го одржи својот редовен конгрес. Местото на големиот партиски настан ќе биде Штип - градот од кој потекнува лидерот и актуелен премиер Груевски и градот за ...
Лигата за демократија, најстарата политичка партија во самостојна Македонија, веќе не постои. Викендов, на партискиот конгрес беше решено да се спои со ВМРО-ДПМНЕ. За одлуката гласале 29 делегати, девет биле против, а еден воздржан. Од партиски извори дознаваме дека Тони Ѓуровски, в.д.