Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" Сунчица Уневска Најголемата ѕвезда на 23. Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" е годинешниот добитник на Наградата за животно дело "Златна камера 300", италијанскиот директор на фотографија, Тонино Дели Коли.
ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ "БРАЌА МАНАКИ" Извонредна посетеност на проекциите, многу гости, од кои 25 странски филмски уметници, како и големо присуство на доајените на македонската кинематографија, е впечатокот по двата одржани фестивалски дена на "Браќа Манаки", во Битола.
ВО БИТОЛА ПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА Битола од завчера се обидува да живее како во светскиот филмски гламур. Во Битоа се одвива 23-то издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера "Браќа Манаки". Битола од завчера се обидува да живее како во светскиот филмски гламур.
Честитка од Борис Трајковски Ми причинува особено задоволство како покровител на 23-от интернационален фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" да ви упатам честитки и поддршка за напорите на организаторот во реализација на манифестацијата која е единствена од овој вид во Република Македонија.
Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" Сунчица Уневска Вчера во 12 часот пред самото отворање на 23. Интернационален фестивал на филмската камера пред Домот на кулутрата во Битола беше откриен импозантниот споменик на Милтон Манаки, излиен во бронза во висина од четири метри, ...
ВО БИТОЛА Со проекција на американскиот филм "Кеј-Пекс", на Софтли, познатиот директор на фотографија Дели Коли синоќа го отвори интернационалниот филмски фестивал "Браќа Манаки", во Домот на културата во Битола. На фестивалот присуствуваат голем број филмски уметници, гости од земјава и од ...
Американскиот филм „К-ПАКС“ во режија на Јан Софтли ја има честа вечерва да го отвори 23-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј. За разлика од претходната година, јубилејното издание ќе биде со побогата програма, а во ...
Денеска во 12 часот пред Домот на културата во Битола во рамките на 23. ИФФК "Браќа Манаки", а по повод 120-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки, свечено ќе биде откриен споменикот на Милтон Манаки. Овој монументален споменик, кој од денеска ќе го краси градот Битола, местото во кое творештвото ...
Денеска се отвора 23. Фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" Сунчица Уневска Денеска во Битола ќе почне 23. Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки", кој во текот на пет дена ќе прикаже над 50 филмски остварувања.
ОД ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА Тонино Дели Коли е добитник на фестивалската наградаа за животно дело, а тој снимателот на Оскаровецот "Животот е убав". Во официјална конкуренција до недела ќе бидат прикажани 15 филмови од 13 земји, а предви Во Големата Сала на Домот на културата во Битола, вечерва (21ч) ќе ...
ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА "БРАЌА МАНАКИ", БИТОЛА Ревијално пред главните проекции ќе бидат прикажани 20 филма од најновата кусометражна продукција на Холандија, Велика Британија, Шведска и Швајцарија, a новина на Фестивалот се студентските филмови Директорот на фотографија, познатиот ...
УТРЕ ПОЧНУВА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ "БРАЌА МАНАКИ" Наградата за животно дело ја доби директорот на фотографија Тонино Дели Коли На 23 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" што ќе биде отворен утре во Битола ќе бидат прикажани петнаесет филмови во официјална конкуренција.
Утре почнува 23. Фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" Сунчица Уневска Утре во Битола ќе почне 23. Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки", кој годинава ја слави 10-годишнината како меѓународна манифестација.
ФЕСТИВАЛ "БРАЌА МАНАКИ Во пет фестивалски дена во киносалата на Домот на културата во Битола ќе бидат прикажани 15 долгометражни играни филма од најновата светска кинематографија, 20 кусометражни филма од Европа и 20 студентски филма од светски Академии.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ почнува во среда во Битола. Петнаесет најнови светски филмови ќе конкурираат за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300, доаѓаат триесетина гости од странство, а програмата за ова издание е проширена со нови содржини.