TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Триста стојалишта за 3.000 таксисти

Време - 16.06.2007

СПОРЕД УСВОЕНАТА НАЦРТ-ОДЛУКА ЗА ТАКСИ-ПРЕВОЗ Само 362 места се предвидуваат на такси-стојалиштата за вкупно 3.000 таксисти во Скопје, според нацрт-одлуката за такси-превозот што ја усвои градскиот совет. Повеќе советници реагираа дека во одлуката има пропусти, па затоа решија да ја усвојат во вид ...

Скопје ќе има само 3.000 таксисти

Вест - 15.06.2007

СО ОДЛУКА НА ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ Со новата одлука сите такси-возила во Скопје треба да бидат жолти Градските советници на вчерашната седница донесоа нацрт-одлука за автотакси превозот, со која бројот на такси-возила во Скопје се ограничува на 3.000.

Такси-превозот ќе се уредува на јавна расправа

Утрински - 15.06.2007

Градските советници вчера гласаа за нацрт-верзијата на одлуката за автотакси-превоз, според која Скопје ќе има 3.000 таксисти од кои повеќето ќе бидат во жолта боја. Конечната одлука ќе биде донесена во септември, а дотогаш ќе се одржи и јавна расправа, во која ќе се слушнат сите предлози на ...

Таксистите не сакаат ограничен број возила

Утрински - 14.06.2007

Групацијата на таксисти при Стопанската комора на Македонија не се согласува со новините во одлуката за такси-превоз во градот. Тие се против ограничување на бројот на такси возилата на 3.000, со образложение дека е противуставно и дека го ограничува претприемаштвото.

Таксистите повторно на протести

Време - 14.06.2007

ГРУПАЦИЈА СКМ Ако градските советници ја усвојат предлог-одлуката на денешната седница, повторно ќе излеземе на протести, се заканија вчера такси-возачите, членови на групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија.

Таксистите не ги даваат постојните стојалишта

Дневник - 14.06.2007

Групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија смета дека Предлог-одлуката за автотакси-превоз на патници која денеска ќе се најде пред Советот на Град Скопје, е штетна за таксистите, но и за корисниците на такси-услугите.

Такси-возилата во Скопје ќе бидат жолти

Утрински - 13.06.2007

Според новата одлука бројот на возила ќе биде ограничен на 3.000 Во иднина такси-возилата ќе бидат во една боја - жолта, а таксистите ќе мора да издаваат фискални сметки. Ова се предвидува со новата одлука за такси- превоз, што ќе треба да ја усвојат градските советници на утрешната седница, според ...

Таксистите не смеат да покажуваат голи нозе

Дневник - 13.06.2007

Бројот на такси-превозниците ќе биде ограничен на 3.000, а сите возила ќе бидат жолти Скопските таксисти нема да смеат да возат со влечки, ќе мора да бидат искапени и уредно облечени и ќе им биде забрането пушење во возилото.