TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Силувана штитеничка од Заводот „Бања Банско“

Дневник - 16.10.2007

Жител од струмичкото село Банско пред десетина дена обљубил штитеничка од Заводот за здравствена заштита „Бања Банско“, соопшти МВР. Според полицијата, осомничен за делото е З.С.(52) против кого е поднесена кривична пријава за обљуба врз немоќно лице.

Силувал штитеничка на Заводот за здравствена заштита

Утрински - 16.10.2007

Педесет и двегодишен жител на струмичкото село Банско силувал штитеничка на Заводот за здравствена заштита „Бања Банско“. Тоа се случило минатата недела кога З.С. (52) ја начекал во селото 30-годишната жена со нарушено здравје и ја силувал. Полицијата против него поднесе кривична пријава. (Г.А.

Сексуално малтретирана штитеничка на „Бања Банско“

Време - 16.10.2007

СТРУМИЦА Жител на струмичкото село Банско минатата недела нападнал и сексуално малтретирал штитеничка на заводот за здравствена заштита „Бања Банско“. Од заводот одбија да дадат каква било информација за последниот инцидент. Локалната полиција вчера поднела кривична пријава против осомничениот, ...

Силувал штитеничка на заводот "Бања Банско"

Вест - 16.10.2007

ВО СТРУМИЧКОТО СЕЛО БАНСКО Струмичката полиција поднесе кривична пријава против З.С.(52) од с.Банско, Струмичко за сторено кривично дело "обљуба врз немоќно лице". З.С., кој бил невработен, делото за кое е осомничен го извршил на 5.овој месец, околу 18,00 часот во с. Банско. Тој ја забележал А.Т.

Злоупотребил немоќно лице

Вечер Прес - 16.10.2007

Струмичанец сексуално злоупотребувал немоќно лице штитеник на заводот за здравствена заштита "Бања Банско" во Струмица. Според струмичката полиција, случајот бил пријавен минатата недела. Имено, З.С. (52) од струмичкото село Банско подолго време сексуално се изживувал над А.Т.

Силувано немоќно лице од домот „Бања Банско“

А1 - 15.10.2007

52-годишниот Зекрија С. жител на селото Банско, сексуално искористил штитеничка во Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“. Користејќи го душевното заболување тој ја извршил обљубата врз 30-годишната штитеничка А. Т.