Во Советот на Европа знаат кои се проблемите со кои се соочуваат градоначалници. Парите се уште се проблем, доцни и фискалната децентрализација, вели министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани по денешната средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис.
Генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис, денеска го започнува официјалниот дел на повеќедневната посета на Македонија. Дејвис, како што соопшти неговиот кабинет во Стразбур, е во посета на Македонија на десетгодишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.
Советот на Европа нема да прекине да ги надгледува проектите во кои е инволвиран во Македонија. По средбата со министерката за надворешни работи Митрева, Дејвис рече - дека на домаќините им честита за досега преземени активности, но во исто време порача дека остануваат уште многу обврски кои ...
СОВЕТ НА ЕВРОПА Во посета на Македонија од вчера е генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис. За време на четиридневната посета, Дејвис ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски и со претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, како и со министрите во Владата.
Децентрализацијата на власта во Македонија доби позитивна рецензија од генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис. Оценката ја даде по денешната среда во Скопје со министерот за локална самоуправа Ризвам Сулејмани.