TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заврши фестивалот камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

А1 - 14.09.2003

Во својата интерпретација на Марина Цветаева, Sвездана Ангеловска се наметнува со својата моќ за трансформација, наликувајќи притоа на растреперена руска бреза кревко, но моќно. Одсонувајки го на јаве сонот на најголемата тага скриената љубов. Целосно актерско остварување што ќе се памети.

Златен медалјон со Ристо Шишков за Sвездана Ангелоска

А1 - 13.09.2003

Актерката од Битола Sвездана Ангелоска е победничка на годинашниов 11. Фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“, што се одржа во Струмица под покровителство на Министерството за култура. Единствената фестивалска награда - златен медалјон со лик на великанот на македонското актерство Ристо Шишков ...

Актерите во стартот на трката за "шишков"

Утрински - 13.09.2003

Завршува Фестивалот на камерен театар "Ристо шишков" во Струмица Лилјана Митевска "Оваа година инсистирав да учествувам на фестивалот, иако по "Дневникот на лудиот" бев одлучен дека нема да доаѓам во Струмица. Вратата на овој фестивал, за мене и за Албанската драма беше затворена иако постоеја ...

Унко, Велешани и Битолчани на "Шишков"

Вест - 11.09.2003

НА ФЕСТИВАЛОТ ВО СТРУМИЦА Вечерва на програмата на фестивалот "Ристо Шишков" има три претстави. Во 19, 30 часот Велешки театар ќе ја игра претставата "Во самотијата на памучните полиња" од Колтес, во режија на Дејан Дамјановски.

Голо актерско мајсторство

Утрински - 11.09.2003

Фестивал на камерен театар "Ристо Шишков" Лилјана Митевска Голото актерско мајсторство на сцената кое обилно го дозволува ненаметливата режисерска постапка е главен белег на претставите кои досега можеа да се видат на овогодинешното, 11-то издание на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков" во ...

Експериментална театарска естетика

Утрински - 11.09.2003

Вечерва на ФКТ "Ристо Шишков" Вечерва во рамките на ФКТ "Ристо Шишков" во Струмица, во 19.30 часот, на сцената на Домот на културата ќе биде изведена претставата "Во самотијата на памучните полиња" од контраверзниот француски автор Бернар- Мари Колтес, во режија на Дејан Дамјановски, претства на ...

Настап на Турската драма и на Битолскиот театар

Утрински - 10.09.2003

Вечерва на ФКТ "Ристо Шишков" Вечерва во рамките на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков" во Струмица, гостува Турската драма при Театарот на народностите од Скопје. Пред струмичката публика ансамблот на овој театар ќе се претстави со "Малечката" од младата авторка Сема Али, во режија на ...

Натпревар за одмерување на естетските вредности

Утрински - 10.09.2003

Фестивал на камерен театар "Ристо Шишков" Лилјана Митевска СТРУМИЦА - Фестивалот кој го носи името на големиот бард на македонскиот театар, Ристо Шишков, посветен токму на клучниот чинител во театарот - актерот, во понеделникот ја подигна завесата на своето 11 издание.

Претстави на Турска драма и на Битолски театар

Дневник - 10.09.2003

ВЕЧЕРВА НА ФЕСТИВАЛОТ "РИСТО ШИШКОВ" На Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков", во Струмица вечерва ќе бидат изведени две театарски претстави - "Малечката" на Турската драма, во режија на Димитар Станковски (19.30 ч.) и "Семејни приказни" на Битолскиот театар, во режија на Александра Ковачевиќ ...

Започна фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков"

Вест - 09.09.2003

ОД ВЧЕРАВЕЧЕР ВО СТРУМИЦА Сепак отидоа на фестивалот: Благоја Чоревски и Катерина Коцевска во "Брачна игра" Претставите "Љубовникот" од Пинтер, во режија на Крсте Јовановски на Струмички театар и "Брачна игра" од Олби во режија на Љупчо Тозија, проект на Драмски театар од Скопје вчеравечер го ...

11 претстави на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“

А1 - 08.09.2003

Со претставата „Љубовникот“ од Харолд Пинтер, во изведба на Народниот театар Струмица, вечерва ќе биде отворено 11-тото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, на кој за наградата за високо актерско остварување ќе се натпреваруваат 11 претстави.