Фудбалерите на Работнички Кометал ја прославуваат првата шампионска титула во домашното првенство. Доминацијата во првата лига денеска и математички ја потврдија со триумф над екипата на Башкими во воведниот дуел од 29 - то коло.
ВЕСТИ ОД ФФМ Имате рок до понеделник да ги комплетирате документите што недостигаа за потребната лиценца и финалето од Националниот куп да го добие вистинскиот блесок, им се обрати претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Хари Хаџиристески, на претставниците на Башкими и Маџари.
СОСТАНОК НА ПРВОЛИГАШИТЕ На редовната седница на претставниците на прволигашките екипи, одржана вчера, беа разгледани последните три првенствени кола и полуфиналните куп-пресметки, а најголемо внимание беше посветено на реванш-средбата од Купот меѓу Башкими и Силекс.
Комисијата за лиценцирање при фудбалската федерација на Македонија следната седмица ќе ја донесе конечната одлука ќе им додели ли лиценци за евро-настапи на Башкими и на Маџари Солидарност. Поради неисполнување на условите, двата финалиста на националниот куп не добија лиценци при првичното ...
По неисполнувањето на А и Б критериумите Прилепска Победа ни крива ни должна, како што стојат работите, е на прагот на нов излез во фудбалска Европа во квалификациите од Купот на УЕФА бидејќи финалистите во националниот, Куп екипите на Башкими и Маџари Солидарност не ги добија потребните лиценци за ...
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПОЛУФИНАЛЕ Кумановскиот прволигаш Башкими и скопскиот Маџари Солидарност ќе играат во финалето на 13. фудбалски куп на Македонија, на 24 мај, откако успеаја во реваншите да се изборат за позитивни резултати, кои им го донесоа првото учество во нивната историја во најмасовното ...
ФУДБАЛ - ПОЛУФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА По само 22 минути игра на реванш-полуфиналниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија, Башкими го визираше учеството во финалето, на 24 мај во Скопје. Пресилски и Да Силва ја анулираа предноста на Силекс (0-1) од првиот натпревар.
КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО ФУДБАЛ ТУРНОВО - МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ 0:0 (0:1 прв меч) Игралиште во Турново. Гледачи: 1.500. Судија: Сашо Лазаревски. Жолти картони: Танушев, Стоилов (Т), Неделковски, Марковски, Ѓорѓиевски, Пандев, Димовски (М).
КУПУВАЈЌИ ВРЕМЕ ЛИЦЕНЦОРИТЕ СОЗДАДОА ХАОС Златко Крстевски Управата на фудбалскиот клуб Башкими, кој од завчера е финалист во Купот на Македонија, во изминатиов период почна финансиските трансакции да ги врши преку банка, со жиро-сметки, и да пријавува дел од фудбалерите, со цел да добие лиценца за ...
Се одиграа - реванш средбите за Купот на Македонија Во 13-то финале на фудбалскиот Куп на Македонија, на 24 мај, на Градскиот стадион во Скопје ќе играат најпријатните изненадувања од годинашните натпревари Башкими од Куманово и Маџари од Скопје.
ФУДБАЛ Со евентуалната победа на домашен терен в сабота против Башкими, Работнички Кометал и официјално ќе биде промовиран во нов шампион. Натпреварот од последното, 28. коло против Напредок, кој не се одигра, бидејќи кичевци немаа пари за официјалните лица, комесарот за натпреварување ќе го ...
Пресметка на дебитанти ќе биде финалето на 13-от фудбалски куп на Македонија. Башкими и Маџари Солидарност ќе се борат за трофејот на 24 Мај на Градскиот стадион во Скопје. Кумановскиот прволигаш ја анулираше предноста на трикратниот куп победник Силекс денеска во 1/2 - финалниот реваншот на ...
ДЕНЕСКА КУП Екипите на Башкими и на Турново, со негативи од по еден гол, денеска во полуфиналето на фудбалскиот куп ќе се обидат да направат изненадување и да го елиминираат некогашниот освојувач Силекс, односно Маџари Солидарност.
КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО ФУДБАЛ - ПОЛУФИНАЛЕ Башкими го пречекува Силекс, додека второлигашот Турново е домаќин на Маџари солидарност во денешните реванши од полуфиналето на Купот на Македонија во фудбал. И двата гостински тима ќе бранат предност од еден гол.
ФУДБАЛ - РЕВАНШ ПОЛУФИНАЛНИ КУП-НАТПРЕВАРИ Прволигашот Башкими и второлигашот Турново денеска (16 ч.) ќе бркаат по еден гол предност со кој се стекнаа Силекс, односно Маџари Солидарност, на првите полуфинални средби од фудбалскиот Куп на Македонија.
Фудбал ПРВА ЛИГА, 28. КОЛО Работнички Кометал се наоѓа пред освојување на својата прва титула во македонските фудбалски првенства, а од тоа го дели само еден бод. В сабота дебармаалци можат да ја обезбедат титулата ако не загубат дома од Башкими, единствениот тим што сезонава замина со три бода од ...