TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мекејн го прослави роденденот во Котор на јахтата на криминалец

Вечер Прес - 14.09.2008

Џон Мекејн, американски претседателски кандидат на републиканците, 70-от роденден го прослави во Котор на јахтата на Рафаел Фолијери, криминалец кој неделава пред американскиот суд признал редица обвиненија за измама и перење пари.

Мистеријата и постојаноста на Обама

Утрински - 13.09.2008

Тој разви комплетна самодисциплина што воспостави надмоќ не само врз она што го прави, туку и како се чувствува Уште од самиот почеток на неговата претседателска кампања, помошниците на сенаторот Барак Обама ја слушаат истата мантра.

И со Обама, Македонија не е сама

Време - 12.09.2008

Политиката на Соединетите Американски Држави кон Македонија не би претрпела радикални промени без оглед на тоа дали на изборите во ноември ќе победи републиканецот Џон Мекејн или демократот Барак Обама.

Ден на примирје меѓу Обама и Мекејн

Време - 12.09.2008

Соединетите Американски Држави вчера ја одбележаа седумгодишнината од терористичките напади врз нивната земја, што предизвикаа воени интервенции во Авганистан и во Ирак и војна против тероризмот која се уште трае.

Обама ги спореди противкандидатите со свињи и со смрдливи риби

Дневник - 12.09.2008

- И на свиња можете да и' ставите кармин, но таа ќе остане свиња. Со оваа забелешка, демократскиот претседателски кандидат Барак Обама сликовито се обиде да објасни дека неговите републикански противкандидати ќе продолжат да ја следат политиката на Џорџ Буш, иако во кампањата најавуваат промени.

Британскиот премиер го поддржа Обама

Утрински - 11.09.2008

Браун смета дека Обама ќе им помогне на Американците да се справат со економското назадување ЛОНДОН - Британскиот премиер Гордон Браун вчера изрази поддршка за американскиот претседателски кандидат на демократите, Барак Обама, изјавувајќи дека тој ќе им помогне на Американците да се справат со ...

Мнозинството Грци гласаат за Обама

Н.Македонија - 11.09.2008

Може Џон Мекејн да води во испитувањата на јавното мислење во САД, но во Грција тој е далеку зад Барак Обама. Така, според истражувањето нарачано од весникот „Катимерини“ на прашањето за кого би гласале, за Обама се изјасниле дури 82 отсто од испитаниците, а за Мекејн само 5 отсто.

Сара Пејлин му обезбеди предност на Мекејн

Време - 10.09.2008

Претседателскиот кандидат на Републиканците Џон Мекејн води со четири проценти во однос на демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама, покажуваат најновите истражувања на американската агенција „Галуп“.

Светот го сака Обама за претседател

Утрински - 10.09.2008

Светот го сака Обама за претседател ЛОНДОН - Американскиот претседателски кандидат на демократите, Барак Обама, можеби се бори за предност во однос на републиканскиот ривал во анкетите во својата земја, но луѓето од светот го сакаат него во Белата куќа, покажа анкета на Би-Би-Си.

Сара Пејлин ја спасува кампањата на Мекејн

Утрински - 10.09.2008

Анкетите покажаа дека Мекејн сега се изедначи со Обама АЛБУКЕРКИ - Поддржувачите на Џон Мекејн се задоволни поради тоа што неговата кампања за Белата куќа го привлече вниманието во последните десет дена откако ја именуваше малку познатата гувернерка на Алјаска, Сара Пејлин, за свој кандидат за ...

Британскиот премиер го поддржал Обама пред изборите во САД

Нетпрес - 10.09.2008

Британскиот премиер Гордон Браун денес изразил поддршка за претседателскиот кандидат на демократската партија на американските избори, Барак Обама, изјавувајќи дека Обама ќе им помогне на Американците кои се борат со економската криза.

Мекејн со поголема јавна поддршка од Обама

Н.Македонија - 09.09.2008

Републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн по одржувањето на националната конвенција на неговата партија има четири отсто поголема јавна поддршка во однос на демократскиот ривал Барак Обама, јави Си-ен-ен повикувајќи се на резултатите од испитувањето на јавното мислење, спроведено од ...