TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мемети сака да ги амнестира и кичевските бомбаши

А1 - 22.02.2002

Со законот за амнестија, покрај тоа што ќе бидат амнестирани околу 3.000 припадници на ОНА, од гонење треба да бидат амнестирани и 270 лица кои сториле дела за кои во судовите се водат кривични постапки. Поголем број од делата во судовите се сторени минатата година за време на воениот конфликт, но ...

Амнестијата коска в грло за партиите од македонскиот блок

Утрински - 22.02.2002

Додека ПДП и ДПА со олеснување ја дочекаа иницијативата Гордана Дувњак Парламентарните политички партии се крајно внимателни во давањето оцени за законот за амнестија, нагласувајќи дека не можат да се произнесат за конкретните решенија, бидејќи с? уште не го виделе текстот.

Иџет Мемети бара амнестија за сите, од дедо Ное до денес!

Дневник - 22.02.2002

СКАНДАЛОЗЕН ПРЕДЛОГ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА Во југословенскиот закон за амнестија, на кој се повикува Мемети, не им е дадена амнестија на обвинетите за тероризам Не треба да се прецизира почетниот термин на примената на законот за амнестија - вели министерот за правда Иџет Мемети и се повикува на ...

Со законот ќе се амнестираат Ахмети и кичевските бомбаши

Утрински - 21.02.2002

Нацрт-текстот на законот за амнестија испратен на "читање" во политичките партии Гордана Дувњак Законот за амнестија, кој доби приоритет на листата на акти што треба да се донесат со имплементацијата на Рамковниот договор, најверојатно Владата ќе го разгледа уште во вторник, за време на редовната ...

Амнестијата ќе ги празни затворите

Утрински - 21.02.2002

Доколку се прифати најновиот предлог на Министерството за правда, може лесно да се случи со амнестијата да се офајдат и другите категории затвореници, кои поради различни причини завршиле во некој од македонските затвори. Новината, што е содржана во последниот пречистен текст на законот за ...

Во законот нема ни од кога, ни за кои дела ќе има амнестија

Вест - 21.02.2002

ЛИДЕРСКАТА ЧЕТВОРКА ЈА ДОБИ РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА АМНЕСТИРАЊЕ Во текстот што треба да се најде на владина седница идната недела, наведен е само датумот на завршувањето на конфликтот, но го нема почетниот датум за амнестирање и според формулацијата тоа нема да се однесу На состанокот ...

Приоритет донесувањето на законот за амнестија

Утрински - 20.02.2002

Владата на Република Македонија на вчерашната седница, со која претседаваше премиерот Љупчо Георгиевски, го разгледа и прифати предлогот на приоритети за натамошна имплементација на Рамковниот договор. Во предлогот се содржани законски проекти и измени и дополнувања чии носители се, главно, ...

Законите ќе се форсираат заради изборите

Утрински - 19.02.2002

Вчера попладнето се одржа уште една лидерска средба кај претседателот Борис Трајковски, на која присуствуваа Љупчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, Мендух Тачи од ДПА и Абдулади Вејсели од ПДП, како и министрите за внатрешни работи Љубе Бошковски и за правда Иџет Мемети, а на ...

Мемети сака да го легализира криминалот

Дневник - 19.02.2002

ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПРИФАТЕНИОТ КОНЦЕПТ ЗА АМНЕСТИЈА Ниту една европска држава не би усвоила закон за амнестија со кој # се простува криминалната активност на една организација, предупредува професорот Владо Камбовски Законот за амнестија треба да важи за дела против државата и за дела сторени во ...

Закон за амнестија до крајот на март

А1 - 18.02.2002

„Законот за амнестија е прашање кое треба да се реши до крајот на март“, изјави денеска европскиот претставник Ален ле Роа, напуштајќи ја порано средбата со четворицата претставници на партиите потписнички на Рамковниот договор кај претседателот Трајковски.

Амнестија по терк на НАТО

Утрински - 18.02.2002

Многу отворени прашања околу тоа како да се изведе законското "помирување" со ОНА Министерот за правда, Иџет Мемети, денеска ќе го искористи своето присуство на состанокот на четворицата лидери од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, СДСМ и ПДП кај претседателот Трајковски, меѓу другото, и за да го образложи новиот ...