Салата „Милениум“ во скопскиот хотел „Холидеј ин“ во средата вечерта беше претесна да ги прими раководството на Демократската унија за интеграција, поранешните борци на ОНА, симпатизерите и другите поканети во чест на седумгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Во преполната сала, во која буквално не се дишеше бидејќи не функционираше климатизацијата, доминараа членови и симпатизери на ДУИ Државни функционери имаше многу малку на приемот што го организираше Владата, Ахмети презадоволен Целиот државен врв завчера вечерта отсуствуваше од коктелот во хотелот ...
Во скопскиот хотел „Холидеј ин“, прв пат, под покровителство на Владата, во која сега е ДУИ, партијата што единствена не го потпиша, а секоја година го слави овој ден, се одржува свечен прием по повод седумгодишнината од договорот.
Охридскиот рамковен договор е клуч за интеграција на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, тој ја стабилизира државата, ги намали фрустрациите и беше катализатор за создавање доверба меѓу различните етникуми.
Прием во чест на седумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, синоќа во „Холидеј ин“ организираше владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор.
Договорот од Охрид е успешен проект и карта за влез на Македонија во Европа Рамковниот договор се покажа како успешен проект во Македонија и неговата целосна реализација треба да заврши што поскоро за да може државата да се посвети на разрешување на другите проблеми пред кои е исправена.
Рамковниот договор го оправда своето постоење, но и покрај зајакнувањето на фискалниот потенцијал на општините,Македонија и понатаму е најцентрализирана држава во Европа, оцени професор Руфи Османи На трибината покрај експертите присуствуваа и неколку министри од Владата, но само од ДУИ, а ниту ...
Со завршување на нормативниот дел и донесување на законите од Охридскиот договор не се исцрпува неговата агенда. Овој договор е процес што треба да се гради како вредност и да придонесе кон создавањето клима на граѓанска култура.
Охридскиот договор е мост што ги обединува сите етнички заедници, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прексиноќешната прослава на седумгодишнината од потпишувањето на документот што стави крај на конфликтот во 2001 година.
На денот на седумгодишнината од Охридскиот договор, ДУИ порача дека докрај ќе го реализира. Рамковниот не е само носење на закони, туку нивно целосно имплементирање во пракса.
Рамковниот договор со кој се оконча воениот судир во Македонија од 2001 година го издржа тестот на времето и ја трансформира земјата во успешно мултикултурно општество.
Игор Чавески Рамковниот договор во голема мера ја исполни задачата за која беше потпишан, а тоа е постигнување траен мир, правична застапеност на етничките заедници во институциите на системот и обезбедување на соживот меѓу сите етнички заедници во земјава.
Денес, 13 август, се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.
ДУИ не го крие задоволството од ваквиот пресврт - Владата да биде покровител на приемот Оливера Војновска Свеченоста по повод годишнината од Рамковниот документ годинава првпат ќе биде во организација на Владата, која денеска во 19,30 часот приредува коктел во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Охридскиот договор придонесе за прекин на воениот конфликт, тој е основа за стабилност, за развој на граѓанско општество и клуч за евро-атланска интеграција. Ова се дел од заклучоците на трибината организирана од Институтот за политички и интеркултурни студии (ИПИКС).
Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.
Седумгодишнината од потпишувањето на рамковниот договор денеска ќе биде одбележана со свеченост во хотелот „Холидеј Ин” што ќе ја организира владиниот Сектор за спроведување на договорот.
Институтот за политички и интеркултурни студии во соработка со Секретаријатот за имплементација на Охридскиот договор при владата на Република Македонија денес организира трибина на тема: „Охридски договор - искуства, предизвици и перспективи“.
Рамковниот договор е успех не само поради тоа што го донесе мирот, туку поради тоа што тој обезбеди основа за стабилност и просперитет во Македонија, заклучија учесниците на трибината организирана по повод 7-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.
По повод 7-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, вицепремиерот од редовите на ДУИ Абдулхаким Адеми, кој раководи со Владиниот секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, вечерва од 19 часот и 30 минути приредува прием во скопскиот хотел „Холидеј ин“.
Карта за Европа, клуч за мирот. 7 години по потпишувањето на Рамковниот договор вака дел од експертската јавност го оценува неговото значење.
- Охридскиот договор е заедничка вредност за сите граѓани на Македонија и служи како мост што ги обединува сите етнички заедници и ја засилува довербата на граѓаните во институциите на државата. Ова е една успешна сторија за земјава и модел за решавање на меѓуетничките конфликти.
Рамковниот договор, со кој престанаа воените дејствија во Македонија, денеска одбележува седум години. Настанот ќе се одбележи вечерва во Скопје, во организација на владиниот Секретаријат за Спроведување на рамковниот договор.
Седум години Охридски одговор. На утрешен ден, 13 август е потпишана спогодбата од четирите големи партии на Македонците и Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и тогашна ПДП. Сите овие години единствено ДУИ, кој не го потпиша, го славеше рамковното раѓање.
ДУИ крие кој ја организира прославата за Рамковниот Вицепремиерот во Владата на Никола Груевски, Абдулаким Адеми, утре во Скопје ќе организира прием по повод седумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година.
Вила „Билјана“, Охрид, 13 август 2001. Во Македонија сè уште се пука. Зад затворени врати претседателот на државата и лидерите на четирите најголеми партии, под будно око на меѓународната заедница, одлучуваат за иднината на државата.
Скопје, 13 август (МИА) - Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.
Во турбулентни околности за албанскиот политички блок се дочекува 7 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
"Многу работи излегоа од рамката. Таков е примерот со Тетовскиот универзитет. Сите ние чекаме таа приказна да заврши. Броиме уште колку остана од Рамковниот, но сепак има постојано нови и нови толкувања.