TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ролф Плат: Нема криминал во „Телеком“

А1 - 13.06.2007

Во „Телеком“ нема криминал, вели во ексклузивна изјава за А1 новоназначениот генерален извршен директор на компанијата Ролф Плат. Уверен е дека наскоро работите во најмоќната македонска компанија ќе бидат појасни. „Ништо нема нелегално, ние длабоко веруваме и нашите акционери длабоко веруваат во ...

Атила Сендреи се повлече од телекомот

Дневник - 13.06.2007

Привремената замена на директорското кормило се случува во период кога во телекомот се води истрага за проневера на речиси десет милиони евра за фиктивни консултантски услуги Атила Сендреи, главниот извршен директор на „Македонски телекомуникации“ привремено се повлече од функцијата поради ...

Исплата на дивиденда и смена на Сендреи од „Телеком“

Утрински - 13.06.2007

Ревизорската куќа „Прајс вотерхаус Куперс“, конечно, реши да го достави финансискиот извештај за работењето на „Телеком“ до централата на Будимпешта. Ревидираниот извештај по разгледувањето во „Маѓар телеком“ ќе се најде на дневен ред на седницата на Борд директори на „Телеком“ на 24 јуни, по што ...

Сендреи сменет

Вечер Прес - 13.06.2007

Сендреи, според наши информации, наводно е тргнат од Телеком по препорака на американската фирма "White and Case" за да нема влијание врз истрагата која ја вршеше во компанијата веќе неколку месеци во врска со проневера на околу 10 милиони евра Ролф Плат, досегашниот финансиски директор во ...

Плат ќе го менува Сендреј најдоцна до крајот на јули

А1 - 12.06.2007

Ролф Плат ќе може да го менува Сендреј најдоцна до крајот на јули, кога му истекува договорот за работа во „Мактел“. Според информации на А1, Плат не добил ново продолжување на договорот, со што најверојатно ќе си замине од неговата позиција во Телекомот.

Ролф Плат нов директор на „Мактел“

А1 - 11.06.2007

Бордот на директори на „Телеком“ го тргна Атила Сендреј од главната директорска фотелја во компанијата. Германецот Ролф Плат ја презема функцијата генерален извршен директор на „Мактел“. Одлуката падна доцна попладне на вонредниот состанок на Директорскиот борд.