TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изложба на Антовска во Њујорк

Дневник - 20.11.2008

Изложба на Антовска во Њујорк. Изложба на слики и фотографии од нашата уметница Олгица Антовска синоќа беше отворена во Македонскиот културно-информативен центар во Њујорк. На изложбата под наслов „Ескалации“ таа се претстави со масла на платно и со фотографии создадени во последните неколку години.

Нашите уметници го собраа светот на Менхетн

Вест - 19.11.2008

Специјално од Њујорк : Марија Зафировска Општиот коментар од прексиноќешното отворање на изложбата на осумтемина македонски уметници во Њујорк, во рамките на Деновите на македонска култура во САД, е дека ова прво претставување на нашата земја во Америка поминува онака како што е замислено - организирано и точно научено.

Македонската уметност во срцето на Њујорк

Дневник - 19.11.2008

Министерката за култура ја отвори изложбата во Македонскиот културно-информативен центар. Дел од богатата современа уметност е на увид пред културната јавност на Њујорк. Во Македонскиот културно-информативен центар, сместен во престижниот Менхетн, завчеравечер беше отворена изложба на дела од македонските ликовни уметници Томе Аџиевски, Јован Шумковски, Жанета Вангели, Антони Мазневски, Станко ...

Македонските уметници се претставија во Њујорк

Форум - 18.11.2008

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ја отвори изложбата во Њујорк под наслов „Современото македонско сликарство“ во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во САД. Македонското современо сликарство се претстави со своите дела пред американската публика, што е добра прилика да се промовираат македонските уметници На отворањето на изложбата денеска во ...

Отворена изложбата “Современо македонско сликарство“во рамките на Денови на македонската култура во САД

Нетпрес - 18.11.2008

Министерот за култура Елизабета Канческа Милевска вчера во Њујорк ја отворила изложбата “Современо македонско сликарство“ во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во САД. Како што информираат од кабинетот на министерката, Канческа Милевска на отворањето потенцирала дека изложбата на најсликовит начин потсетува на културната стратиграфија што ја поседува Македонија .

Македонија не е Бијафра

Н.Македонија - 18.11.2008

Изложба на седум современи македонски уметници е отворена синоќа во Македонскиот културен центар во Њујорк, претставувајќи ја, во рамки на тековните Денови на македонската култура во САД, актуелната сцена во земјава како составен дел од светските ликовни тенденции.

Современите македонски уметници изложуваат во Њујорк

Вест - 17.11.2008

Во Македонскиот културен центар "Галерија МЦ" во Њујорк денес ќе биде отворена изложбата "Современи македонски уметници", како еден од трите проекти од манифестацијата Денови на македонската култура во САД. На изложбата која ја организира Националната галерија на Македонија, ќе бидат претставени дела на осум уметници: Станко Павлески, Антони Мазневски, Јован Шумковски, Благоја Маневски, Жанета ...

Современи македонски уметници во САД

Форум - 17.11.2008

Вечерва во македонскиот културен центар „Галерија МЦ“ во Њујорк ќе се отвори изложба „Современи македонски уметници“. Изложбата што ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, е дел од манифестацијата „Македонската култура во САД“ која трае од 13 до 26 ноември За достојна презентација на современата македонска уметност титулата ...