TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пронајдени дел од парите ограбени во Британија

А1 - 25.02.2006

Во една соба во мал хотел блиску до влезот во тунелот што минува под каналот Ламанш, на британскиот брег, полицијата откри дел од 50-те милиони фунти што група разбојници ги украде од трезорите на финансиското депо на компанијата за чување пари „Секјуритас“.

Маж и жена уапсени за грабежот во Британија

Вест - 25.02.2006

ЛОНДОН (Ројтерс) - Британската полиција којашто води истрага за вооружениот грабеж на 50 милиони фунти (87,7 милиони долари) на едно сигурносно депо во јужна Англија вчера требаше да сослуша двајца осомничени во врска со случајот.

Лажни полицајци украле 40 милиони фунти

Дневник - 24.02.2006

ГРАБЕЖ НА ИСТОРИЈАТА ВО БРИТАНИЈА Бандити украдоа речиси 40 милиони фунти од трезор на Банката на Англија, што се смета за најголем плен во кеш во историјата на Британија. За да обезбедат "влезница" за строго обезбедуваното депо во Тонбриџ, 45 километри југозападно од Лондон, бандитите ги грабнале ...

„Полицајци“ украле над 25 милиони фунти

Време - 24.02.2006

НАЈГОЛЕМ ГРАБЕЖ ВО БРИТАНИЈА Група вооружени лица маскирани како полицајци украле најмалку 25 милиони фунти од главниот трезор на безбедносната компанија „Секјуритас“ во градот Тонбриџ, во југоисточна Англија, откако ги киднапирале управникот и неговото семејство, јави АФП.

Лажни полицајци украле 70 милиони долари

Вест - 24.02.2006

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЛОНДОН (Ројтерс) - Британските иследници почнаа потрага по вооружена банда луѓе кои се преправиле во полицајци и украле речиси 70 милиони долари од безбедносно депо во една од најголемите грабежи во Велика Британија.

Од трезор украдени 25 милиони фунти

Вечер Прес - 24.02.2006

Оружена група го ограбила главниот трезор на компанијата за пренос на банкарски записи "Секјуритас" во градот Тонбриџ во југоисточниот дел на Англија, од каде украла околу 25 милиони фунти (36,6 милиони евра), соопшти британската полиција.

Најголема кражба во историјата на Велика Британија

А1 - 23.02.2006

Британската полиција стравува дека од трезорот во англискиот град Тонбриџ, источно од Лондон во областа Кент, се украдени повеќе од 25 милиони фунти, колку што првично беше соопштено дека земале крадците кои во ноќта меѓу вторникот и средата го испразнија главното депо на компанијата за пренос на ...