НОВ ИНЦИДЕНТ НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА Генералштабот на АРМ ги демантираше информациите на МВР дека терористичка група од Косово направила камп кај Вејце и кај Вешала Вооружена група од Косово завчера попладне ја нападнала караулата "Стража" на македонско-југословенската граница.
Напад на терористичка група Скопје - Терористичка група завчера попладне изврши напад со пешадиско оружје врз караулата на АРМ "Стража", на македонско-југословенската граница, во делот кон Косово. Како што изјави портпаролот на Генералштабот на АРМ, полковник Благоја Марковски, нема повредени ...
Караулата Стража синоќа повторно била нападната од вооружена група што доаѓала од Косово - велат во министетртвото за одбрана. Нападот траел десет минути, бил извршен со пешадиско оружје, а граничарите одговориле на него. Во нападот нема повредени.