TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата ќе расправа за нова цена на струјата

А1 - 27.07.2008

Отворена е опцијата за зголемување на цената на струјата. Вакви најави стигаат по се погласните сугестии од ММФ дека струјата мора да поскапи, прашањето ќе се најде и пред министрите. „Владата не расправала за цената на струјата, што не значи дека ова прашање не може да биде ставено на дневен ред.

Владата не ја исклучува можноста струјата да поскапи

Канал5 - 26.07.2008

Цената на струјата треба да се зголеми. Ваков став веќе има и Владата, особено по гласните препораки од Меѓународниот монетарен фонд кој во неколку наврати сугерираше цената да се коригира.

Грифитс препорачува стегање на буџетскиот ремен

Утрински - 26.07.2008

„Владата мора да води затегната фискална политика и да го чува вишокот собрани пари од даноците, препорачува шефот на Мисијата на ММФ Марк Грифитс“, кој деновиве е во неформална посета на земјава.

НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ВЛАДАТА ДА РАСПРАВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

Сител - 26.07.2008

НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ВЛАДАТА ДА РАСПРАВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Не е исклучено Владата да расправа на зголемување на цената на струјата, вели министерот за финансии Трајко Славевски.

Славески и Грифитс разговарале и за повисока цена на струјата

Кирилица - 26.07.2008

Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија Марк Грифитс , кој во Скопје допатува без својот преговарачки тим, со министерот за финансии Трајко Славески разговарал за тековните економски проблеми во земјава.

Не е исклучено Владата да расправа за зголемување на цената на струјата

Нетпрес - 26.07.2008

Не е исклучено Владата да расправа на зголемување на цената на струјата, вели министерот за финансии Трајко Славевски. “Владата не расправала за тоа прашање, но не значи дека нема да биде ставено на дневен ред“, изјави Славевски.

ММФ сугерира струјата да поскапи

А1 - 25.07.2008

Цената на струјата во земјава мора да се зголеми, и сугерира ММФ на Владата. Македонија мора да ги следи светските трендови на раст на цената на електричната енергија, порачува Марк Грифитс, шефот на мисијата на ММФ.

ММФ загрижен за жешките економски проблеми во земјава?

Утрински - 25.07.2008

Шефот на Мисијата Марк Грифитс вчера имал состанок со гувернерот Петар Гошев Продолжува скенирањето на економските движења во земјава од шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Марк Грифитс, кој од пред неколку дена е во неофицијална посета на земјава.

ММФ: Владата да направи реформи во енергетскиот сектор

Канал5 - 25.07.2008

Владата да направи реформи во енергетскиот сектор за да го намали високиот трговски дефицит кој го зголемува скапиот увоз на струја, препорачува ММФ.

ВЛАДАТА ДА НЕ ТРОШИ МНОГУ

Сител - 25.07.2008

Фискалната политика да остане затегната. Владата да не троши многу. Ова е пораката од Меѓународниот монетарен фонд, кои се на неформална посета во земјава. Вишокот пари од даноците Владата треба да чува, а не да ги троши, вели првиот човек на ММФ, Марк Грифитс.

Тимот на ММФ се сретна со професорот Беџети

Нетпрес - 25.07.2008

Тимот на ММФ, предводен од Марк Грифитс денеска попладне се сретна со професорот Абдулменаф Беџети. “Ова не е мисија. Сакам да се запознаам со новата Влада, да разговараме бидејќи завршува аранжманот.

Мисија на ММФ го контролира енергетскиот сектор

А1 - 24.07.2008

Експресното донесување на законите за енергетика и експропријација, големиот трговски дефицит во најголем дел направен поради увозот на струја. Ова се клучните теми поради кој тим на ММФ од Вашингтон дојде во Скопје.

Вонредна посета на ММФ на Македонија

Вест - 24.07.2008

Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Марк Грифитс од вчера е во Скопје во неофицијална посета. Официјално, мисијата треба да дојде во Скопје наесен, за да се направи завршниот преглед на стенд-бај аранжманот кој истекува во август.

Грифитс во неофицијална посета на земјава

Утрински - 24.07.2008

Според експертите, Македонија треба да склучи нов договор со ММФ Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Марк Грифитс вчера допатува во нашата земја, без својот преговарачки тим.

Не се планира нов кредит одММФ

Дневник - 24.07.2008

Не се планира нов кредит одММФ Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Марк Грифитс, од вчера е во неформална посета во Македонија.

Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Грифитс во Скопје

Канал5 - 23.07.2008

Скопје, 23 јули (МИА) - Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија Марк Грифитс денеска допатува во нашата земја.

ММФ загрижен за енергетската ситуација во Македонија

Канал5 - 23.07.2008

Меѓународниот монетарен фонд е загрижен за енергетската ситуација во земјава. Ова е една од позначајните причини дознава Канал 5 зошто шефот на мисијата на Фондот Марк Грифитс, од денеска престојува во Македонија.

Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Грифитс во Скопје

Кирилица - 23.07.2008

Се очекува шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Марк Грифитс во Скопје да има средби со македонскиот тим вклучен во преговорите со ММФ на кои ќе се разговара за спроведувањето на актуелниот „стенд бај“ аранжман на Македонија со оваа финансиска институција, ...

ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ММФ ЗА МАКЕДОНИЈА ГРИФИТС ВО СКОПЈЕ

Сител - 23.07.2008

Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија Марк Грифитс денеска допатува во нашата земја. Во Скопје Грифитс дојде без својот преговарачки тим, а цел на посетата е запознавање со програмата на новата македонска влада која треба да биде избрана в сабота.

ММФ најмногу загрижени за случувањата во електроенергетскиот сектор

Нетпрес - 23.07.2008

Тим на ММФ од денеска престојува во Скопје. Монетарците, според информациите на Нетпрес, се најмногу загрижени за случувањата во електроенергетскиот сектор.

Марк Грифитс во Скопје

Вечер Прес - 23.07.2008

Марк Грифитс во Скопје Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Марк Грифитс вчера допатува во земјава без својот преговарачки тим за да се запознае со програмата на новата македонска влада која треба да биде избрана в сабота.

ММФ уште ни треба, Владата да не избрзува

Утрински - 22.07.2008

Експертите сметаат дека контролата од Фондот е неопходна во време на големи економски ризици Нина Нинеска - Фиданоска Александрија Стевковска На Македонија и натаму и' е неопходен аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Дури сега тој е попотребен отколку пред две години.

Завршува аранжманот со ММФ, ќе има ли нов?

Утрински - 21.07.2008

Оваа недела во земјава треба да пристигне Грифитс, на првични дискусии со новата Влада Александрија Стевковска Нина Нинеска - Фиданоска Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Марк Грифитс треба да допатува во земјава оваа недела, на првични дискусии со новата Влада.