TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Баучер: САД не го признаа уставното име на Македонија

Дневник - 04.07.2003

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ Портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер, изјави дека "билатералниот договор со Македонија е потпишан под нејзиното неофицијално име", но оти тоа не значи дека "САД ја признале државата под нејзиното уставно име".

САД не го промениле ставот околу името на Македонија

А1 - 03.07.2003

Америка не ја признава Македонија под уставното име, ние сме се уште БЈРМ. После потпишувањето на документот за изземање на САД од МКС, после многуте еуфорични изјави од Владата, разочарувањето дојде лично токму од Америка. Иако беше потпишан со Македонија, иако Владата беше горда за тој успех, ...

САД подготвуваат нови договори околу МКС

А1 - 03.07.2003

САД подготвуваат нови договори за заштита на американските државјани од евентуалното појавување пред Меѓународниот кривичен суд, откако објавија дека ја замрзнуваат воената помош за 35 држави кои не потпишаа спогодби со Вашингтон.

Бранко и Илинка не ги усогласија верзиите за ИМЕТО

Вест - 03.07.2003

КОЈ КОГО ФОЛИРА Премиерот Бранко Црвенковски оценува дека "ако се говори суштински, а не формално, Договорот е потпишан со уставното име, тоа е Македонија", дека е направен "огромен успех и огромен чекор во спорот со Грција" Македонија направи огромен чекор напред во решавањето на спорот со името ...

Грција вознемирена поради името Македонија во Договорот со САД

Утрински - 03.07.2003

РЕАКЦИЈА Атина - "Грција е вознемирена од потпишувањето на билатералниот договор меѓу САД и поранешната југословенска Република Македонија за изземање на американските државјани од јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, со употреба на името 'Македонија'", изјави портпаролот на грчкото МНР, ...

Договорот со САД е голема работа за Македонија

Утрински - 03.07.2003

Премиерот Црвенковски изјави дека формулата за поптпишувањето на Договорот била утврдена уште во почетокот „Никој пат во односите со Грција околу прашањето за името немавме проблем со зборот република или околу нашето уставно уредување, туку токму околу терминот Македонија.

Атина вознемирена, Скопје задоволно од успехот за името

Дневник - 03.07.2003

ПО ДОГОВОРОТ СО САД ПОД ИМЕТО МАКЕДОНИЈА Македонија е нешто повеќе од стратегиски партнер на САД, кои работат на модернизацијата на македонската армија, изјави американскиот амбасадор Лоренс Батлер Официјално Скопје вчера го поздрави договорот со САД за Меѓународниот кривичен суд зашто Вашингтон " ...

Македонија е неформално име кое го употребивме да го потпишеме договорот за МКС, велат во Стејт Департментот

Канал5 - 03.07.2003

,,Македонија е неформално име кое го искористивме за потпишувањето на договорот за изземање на американските државјани од надлежностите на МКС. САД ја признаваат Македонија, како ПЈРМ. Ние продолжуваме да ги подржуваме разговорите меѓу Грција и Македонија ,,Македонија е неформално име кое го ...

Формулата во Договорот со САД договорена од самиот почеток

А1 - 02.07.2003

Премиерот Бранко Црвенковски тврди дека формулата според која беше потпишан Договорот за иззменање на американските граѓани од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд била договорена од самиот почеток и дека во последните денови не се случиле никакви изненадувања на тој план.

Илинка и Батлер кришум го потпишаа договорот за да не се лутат Грците

Вест - 02.07.2003

МАКЕДОНИЈА И САД ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРАА ДОГОВОРОТ ЗА МКС Во договорот, Македонија, како што се правдаат во МНР, место уставното доби скратено име Македонија и САД завчеравечер и официјално го потпишаа договорот за непредавање на американските државјани на Меѓународниот кривичен суд.

САД преферирале Македонија место уставното име

Утрински - 02.07.2003

Илинка Митрева и Лоренс Батлер го потпишаа договорот за Меѓународниот суд Слободанка Јовановска Договорот меѓу САД и Македонија за Меѓународниот суд за воени злосторства прексиноќа, без присуство на јавноста, го потпишаа министерката Илинка Митрева и амбасадорот Лоренс Батлер, и на него не стои ...

Митрева и Батлер потпишаа со "Македонија", а "Република" ќе почека

Дневник - 02.07.2003

ОФИЦИЈАЛИЗИРАН ДОГОВОРОТ СО АМЕРИКАНЦИТЕ Договорот за изземање на американските граѓани од надлежноста на МКС ги одразува македонските стратегиски и национални интереси Владите на Македонија и на Америка завчера во Скопје го потпишаа Договорот за изземање на американските војници од надлежностите ...

Билатералниот договор со САД без уставното име

А1 - 01.07.2003

Македонија го потпиша синоќа догворот со Америка за изземање на Америка. Граѓани, што е очекувана одлука но, шокот допрва претстои догворот не е потпишан како што беше најавувано, под уставното име на Македонија, туку влада на Македонија и влада на САД потписот го ставиле Илинка Митрева и Лоренс ...

САД ќе ги казнат непотписниците на договорот за МКС

А1 - 01.07.2003

Повеќе десетици земји можат уште денеска да ја изгубат американската финансиска помош доколку со САД не го потпишат договорот за изземање на американските државјани од надлежностите на Меѓународниот кривичен суд, објави синоќа Стејт Департментот.

САД и Македонија го потпишаа договорот за МКС без уставното име на Република Македонија

Канал5 - 01.07.2003

Македонија, а не уставното име на државава Република Македонија стои на договорот кој вчера министерката за надворешни работи Илинка Митрева го потпишала со американскиот амбасадор во земјава Лоренс Батлер со кој се изземаат државјаните на САД од надлежно Македонија, а не уставното име на државава ...

Усвоен текстот на договорот меѓу Македонија и САД

А1 - 30.06.2003

Владата денеска го усвои текстот на договорот меѓу Македонија и САД за изземање на американските граѓани од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд. Од македонска страна договорот ќе го потпише министерката за надворешни работи Илинка Митрева.

Потпис на договорот со САД најдоцна утре

Дневник - 30.06.2003

ДЕФИНИТИВНО ПОД ИМЕТО "МАКЕДОНИЈА" Претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски оценија дека станува збор за подобрување на македонската позиција во спорот со Грција за името Најдоцна до вторник македонската Влада со САД ќе го потпише договорот за изземање на американските војници од ...