Верниците се собраа на утринска свечена литургија во Соборниот храм да го одбележат најголемиот христијански празник - Велигден. Запалени свеќи, молитви за љубов, здравје и среќа се дел од празничната атмосфера во храмот. За граѓаните, христовото воскресение е најголемиот верски празник.
По минатонеделното навидум помирување меѓу Бучковски и Црвенковски околу стечајците, двајцата и денеска, на Велигден, на околу месец и половина пред изборите, не пропуштија заедно да се сликаат. Во Соборниот храм околу час и половина беа заедно на велигденската богослужба.
Во Охрид за Велигден дојдоа повеќе од 5.000 гости кои заедно со Охриѓани го слават големиот христијански празник-Велигден. Поради лошото време, пополни беа кафулињата, рестораните и пред се црквите, отколку крајезерските локалитети.
Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид. Охрид, 23 април (МИА) - Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид.
Православните христијани денеска го прославуваат Христовото Воскресение - Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Пред Соборниот храм се е подготвено за свечената велигденска богослужба којашто треба да започне нешто пред Велигден. Точно во 24:00 часот епископот г.г. Стефан ќе каже: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Тоа е најголемиот празник. Верниците постепено доаѓаат, но можеби уплашени од времето, за прв пат оваа година ...
Самоуверени и урбани, влетаа во 21-от век совршено комбинирајќи ги традиционалните вредности. Тоа се македонските политичарки. Како го слават Велигден? „До оваа година се уште не сум ги фарбала велигденските јајца сама и се уште ги користам добрите услуги, воља и труд на мајка ми.
Улиците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во строгиот центар на Скопје, од попладнево до недела наутро ќе бидат затворени за сообраќај поради велигденските чествувања. Во периодот од 18,00 часот денеска до 06,00 часот во недела забрането ќе биде движење на патнички возила и автобуси на ...
НА ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК Светлана Јанкуловска и Јагода Деловска ја поделија првата награда за најубаво украсено велигденско јајце на завчерашната манифестација што четврти пат ја организира Сојузот на жени на градот Скопје. Наградените жени добија патување низ земјава.
Триесетина велигденски јајца, изработени во повеќе ликовни техники од дваесет автори од земјава, вчера беа изложени пред струмичката јавност. Изложбата имаше продажен карактер, а цената на експонатите се движеше од 3 илјади до 15 илјади денари.
ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН Да пееме и да се радуваме, славејќи Го Христа - Воскреснатиот Господ, рече во вчерашното велигденско послание поглаварот на МПЦ г.г.Стефан. "Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија вчера се организираше "Избор за најубаво украсено велигденско јајце". На конкурсот учествуваа дечиња до 10 годишна возраст, од 12 основни училишта во Скопје. Коморските амбасадори Есма Реџепова, Калиопи Букле и Билјана од групата "Синтезис" беа ...
ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ СЛАВАТ Православните христијани во земјава вчера, на Велики петок, се поклонуваа пред Христовото распетие, навраќајќи се во мислите кон Бога. Река луѓе од 10 часот наутро, па се до доцна вечерта, се поклонуваа на светата плаштаница, поминуваа под неа на колена и со ...
ПОСЛАНИЕ НА Г.Г. СТЕФАН И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме. Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А, силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението, оценува во велигденското послание, ...
На Велигден во организација на СОЖМ По повод големиот христијански празник Велигден, Организацијата на жени на Скопје по петнаесетти пат традиционално на платото пред Соборниот храм в недела со почеток во 11 часот, организира голем хуманитарен продажен велигденски хепенинг.
Фотовест Ученици од 12 основни училишта во Скопје беа дел од вчерашниот избор на најубаво украсено велигденско јајце што се одржа во организација на Стопанската комора. Децата на возраст до 10 години се натпреваруваа во различни категории велигденски јајца- најмало, најголемо, најсветкаво, ...
Честитки Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Велигден - Воскресение Христово упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите православни верници во Република Македонија.
Вечерва Во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" вечерва ќе се одржи централното одбележување на најголемиот христијански празник - Велигден. Се очекува масовно присуство на воскресенското богослужение, така што сите оние што нема да влезат во храмот, ќе можат да ја следат богослужбата преку ...
Велигденска порака на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан Воскреснатиот Христос ја востанови едната, света, соборна и апостолска Црква. Нашата, Македонската православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква, порача во своето велигденско обраќање до верниците, архиепископот ...
Најголемите вапсани јајца се од ној, гускините со две жолчки, а мискините се најмали, но најцврсти Најмалото велигденско јајце што е вапсано во Битолско е долго пет, а најголемото има дваесет и пет сантиметри. Во семејството Петровски годинава првпат, во чест на големиот христијански празник ...
Во Кавадаречко од дамнина се изведува еден велигденски ритуал за кој се верува дека се прави за добро здравје и среќа. Луѓето што се болни или што имаат некоја болка веруваат дека ако испијат живо јајце од египетски мршојадец, познат како кања, ќе оздрават или ќе ги следи среќа.
Претходната сабота го славеа Христовото воскресение во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а оваа ќе го прослават во православната црква „Свети Никола“ во Штип Можеби би било подобро православниот и католичкиот Велигден да бидат во ист ден, бидејќи имаме еден Господ и иста верба во ...
Не' капеа со црвено јајце и здравец, со благослов да бидеме здрави и весели во текот на целата година, а потоа зачешлани и дотерани одевме в црква, раскажуваат кумановци Во Куманово, православните христијани со радост го пречекуваат големиот верски празник Велигден.
Стотина црвени јајца, храна за велигденската трпеза, слатки, чевли, облека и уште многу изненадувања добија децата од Шелтер-центарот, скривалиште за жртви на семејно насилство. Веќе трета година подароци за децата обезбедија Владата, Секретаријатот за европски прашања, Собранието на град Скопје и ...
Некои и денес сакаат да ни го приграбат она што е наше. Но, не ќе можат! Ние сме народ со минато, сегашност и иднина; кој длабоко во себе ги носи верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување „Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на ...
Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска црква. Нашата, пак, Македонска православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква. Бог не ги остава оние што веруваат и се надеваат на Него. Не постои сила на светот што може да Му се спротивстави на Оној што го ...
30-тина јајца со велигденски мотиви изработени во повеќе ликовни техники, дела на 20 ликовни уметници, од синоќа се пред Струмичани. Велигден за нас е голем предизвик и чувствувавме уметничка обврска со насликаните јајца да дадеме наш придонес кон чествувањето на овој голем празник, велат ...
Тања Вуисиќ-балетска првенка Јас не постам, ама сопругот пости 40 дена Вчера рано наутро ги вапцав првите црвени јајца, како што е редот. Утре- ќе ги вапцам и останатите. Секогаш сум вапцала исклучиво црвени јајца и секогаш ги украсувам или со кристали, или со сликички.
На Велигден во Луна-парк Традиционално, четврти пат по ред, на Велигден на бината на летното кино во Забавниот луна-парк, ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал "Децата во чест на Христовото воскресение". Децата од фолклорното друштво "Скопје", в недела во 11,30 часот со песна и игра ...
За Велигденските празници во Охрид ќе престојуваат над 1.500 гости од странство. Според информациите од туристичките агенции и од хотелите најголем број од гостите се од Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Поголемите хотели, како што се „Метропол“, „Белви“, „Гранит“ и „Парк“, речиси се исполнети ...
По повод големиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Цане Мојаноски испрати честитка до Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски Неговото Блаженство Г.г. Стефан.
И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме! Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението.
По повод големиот христијански празник Воскресението Христово Велигден претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски до Поглаварот на Македонската Православна Црква архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни христијански верници, упати честитка.
Во забавниот парк "Луна", в недела, ќе се одржи голема забава наменета за најмладите, но и за граѓаните од сите возрасти. Голем број културно-уметнички друштва од Македонија, но и од соседните земји, ќе имаат свој настап на сцената на летното кино, а ќе се избира и највелигденско јајце.
Денеска на Велики четврток пред изгрејсонце домаќинките ги извапцаа првите три велигденски јајца, како што е редот, со црвена боја - симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Ќе ги чуваат дома цела година. Според верувањето, тие не се расипуваат. Траат долго.
Борис Трајанов- оперски пејач Кај родителите на Мена во Охрид Велигденските празници ги славиме вообичаено, како и сите други. Сите подготовки порано ги правеше мајка ми, а сега и јас со својата фамилија. Уште од дете знам дека јајцата ги вапсавме на разни начини: во чорапи, со разни бои и сликички.
НИКОЗИЈА (Ројтерс) - Во Кипар се одржува традицијата за Велигден да се сечат дрвја за клада на која се палат кукли што го претставуваат Јуда Искариотски, но годинава оваа традиција беше нападната од Зелената партија на островот, која вели дека тоа ја уништува животната средина.
Првите десет јајца што ги снесоа ноевите од фармата во гостиварското село Зубовце се вапсани во чест на големиот христијански празник Велигден. Сопственикот на фармата ќе им ги подари на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, на црквата во селото Зубовце, на пријатели и ќе задржи едно-две за семејството.
По повод Велигден, в недела во Забавниот парк во Скопје ќе се случува нешто мошне убаво и несекојдневно. Забавниот парк ќе заживее преку настапите на повеќе културно уметнички друштва од земјава и од странство, а програмата ќе биде богата и со други интересни содржини, кои ова пријатно место ќе го ...
Во полскиот регионален музеј во Члухов, по повод велигденските празници, изложено е велигденско јајце старо илјада години. Реткиот експонат е откриен пред неколку години во текот на археолошките ископувања во околината на Члухов. Полските археолози тврдат дека ова јајце е најстаро во Полска.
Вработените од засолништето за жени и деца жртви на семејно насилство „Шелтер“ по повод големиот христијански празник Велигден ги повикуваат граѓаните и институциите да им ги развеселат празниците на децата во засолништето со тоа што ќе им подарат вапсани јајца, храна и подароци.
Во Катлочиката црква "Пресвето Срце Исусово" во Скопје завчера вечер се се одржа миса во чест на христијанскиот празник Велигден, што верниците од католичка вероисповест го празнуваа вчера. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов до католичките верници упати велиденска ...
Во Католичката црква во Скопје Празниот гроб на Исус Христос е најубавата вест што е соопштена во историјата на човештвото, порача во велигденската беседа скопскиот бискуп и апостолски егзарх, г. Киро Стојанов Со палењето на големата велигденска свеќа пред влезот на католичката црква ”Пресвето срце ...
Верниците од католичка вероисповед вчера го прославија големиот христијански празник - Велигден. Како и секоја година, Христовото воскресение беше одбележано со Света миса во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, но и во другите католички храмови низ Македонија.
Скопското астрономско друштво вечерва во 20 часот организира предавање „Зошто оваа година Велигден е на 23 април? - влијанија во сметањето на времето“, што ќе се одржи на Електротехничкиот факултет во Скопје. На предавањето ќе може да дознаете зошто секоја година Велигден е на различен датум, зошто ...