ОТВОРЕНА ПОНУДАТА НА ТЕНДЕРОТ Словенечката фирма "Југ-инвест" ја доставила единствената понуда да ја купи НИП "Нова Македонија" на тендерот што го распиша Агенцијата за приватизација. Инаку, оваа фирма не е запишана во трговскиот регистар на фирми во Словенија.
КОНСПИРАТИВНО ОТВОРЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Понудата за купување на НИП "Нова Македонија", наводно била на словенечката фирма "Југ-услуги", а на отворањето на тендерот било речено дека ќе се формира комисија која ќе одлучи дали понудата ќе биде приф Од неколку имиња на фирми што јавно ...
Вчера беше отворена единствената понуда за новинско-издавачката куќа од словенечката фирма "Југ услуги" НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Единствена заинтересирана компанија за купување на НИП "Нова Македонија" е словенечката фирма "Југ услуги" ДОО Марибор.
И официјално, за НИП „Нова Македонија“ стигна само една понуда за купување од словенечката фирма „Југ услуги“. Дали и под кои услови словенечката фирма ќе ја добие „Нова Македонија“, владиното тело за структури реформи ќе одлучува во понеделник.
НИКОЛА ТАСЕВ, ДИРЕКТОР НА НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Тендерската документација за продажбата на НИП "Нова Македонија" не ја направи менаџерскиот тим, туку ја правеше светски реномираната ревизорска куќа "Прајс Вотерхаус купер" избрана од Агенцијата за приватизација.
ПОЛЕМИКА "На обвинувањата од Палевски одговарам за јавноста да ја дознае вистината, а не заради него, бидејќи тој тоа не го заслужува. Од она што го изнел во медиумите, доаѓам до заклучок дека тој баш и не се разбира во тендери", вели Никола Тасев, генерален директор на НИП "Нова Македонија".
Пред отворањето на понудата не стивнуваат контроверзиите околу приватизацијата на новинско-издавачката куќа Сите политички и бизнис-структури на ВМРО-ДПМНЕ деновиве се интензивно активирани околу експресното изнаоѓање на три милиони евра, средства кои треба да се уплатат за купување на НИП „Нова ...
СОПСТВЕНИКОТ НА "БРО", ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ, ОБВИНУВА Љупчо Палевски, сопственик на издавачката куќа "БРО", ќе го тужи директорот и главен уредник на "Нова Македонија", Никола Тасев, за давање лажни податоци за финансиската состојба и оневозможување да биде извршена ревизија пред продажбата на таа ...
Компанијата "Бро", која беше една од интересентите за купување на новинската куќа, бара поништување на тендерот Компанијата "Бро", која е издавач на неделникот "Старт" и чиј сопственик е Љупчо Палевски, деновиве ќе поднесе тужба против Владата и Агенцијата за приватизација за поништување на ...
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ преку својот истурен партиски член и директор на ЕСМ Ламбе Арнаудов планира да ја купи најголемата издавчка куќа во земјава НИП „Нова Македонија“, јавуваат гласилата, повикувајќи се на анонимни извори од куќата.
ЕДНА ПОНУДА НА ТЕНДЕРОТ Словенечки инвестициски конзорциум ја доставил единствената понуда на тендерот за продажба на новинско-издавачкото претпријатие "Нова Македонија", кој заврши минатиот петок. За јавниот повик распишан од Агенцијата за приватизација интерес покажале и уште две домашни фирми, ...
ТЕНДЕРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНОТО НОВИНСКО ИЗДАВАЧКО ПРЕТПРИЈАТИЕ НЕМА ДА СЕ ПОНИШТИ Отворањето на пристигнатата понуда на купопродажниот тендер за НИП "Нова Македонија" ќе се одложи до крајот на неделава. Точниот термин на официјалното отворање на понудите треба да го одреди Телото за структурни ...
Содржината на единствената понуда што владата ја доби за купување на „Нова Македонија“, ќе биде откриена во петок за кога во Агенцијата за приватизација е закажано јавното отворање на понудата. Владата продава 69,76 проценти од акциите на НИП-от, со проценета вредност од 9,7 милиони евра.
Според непотврдени информации од најстарата новинско-издавачка куќа во државава Најстарата македонска издавачка куќа "Нова Македонија" ја купува ВМРО-ДПМНЕ, преку својот истурен партиски играч и актуелен директор на "Електростопанство на Македонија", Ламбе Арнаудов, тврдат за "Утрински весник" ...