TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дел од матурантите утре ќе протестираат

А1 - 30.09.2007

Средношколците се поделија, едните се свесни дека матура мора да се полага, порачуваат средношколците да бидат трпеливи додека траат преговорите за олеснување на испитите. Другите, незадоволни од Министерството за образование, повторно ќе протестираат.

Ослободете не' од матура

Вечер Прес - 29.09.2007

Претставници на матурантите од средните училишта во Скопје вчера се договорија дека, сепак, в понеделник ќе излезат на протест, точно на пладне, пред Министерството за образование. Овој став преовладал на состанокот на учениците во Медицинското училиште каде се усогласиле од надлежните да побараат ...

Шпанско село

Дневник - 28.09.2007

Последниве денови бевме сведоци на масовни протести на матуранти низ цела Македонија. Многу луѓе не' осудија како вандали и неодговорни. Како матурант сум изреволтиран, бидејќи медиумите не кажаа за нашите барања, туку вниманието го свртеа кон фрлените јајца и домати кон Владата и Министерството за ...

Кој ги организира учениците против матурата?

Вечер Прес - 28.09.2007

Матуранти! Обединете се! Не седи со скрстени раце, дејствувај! Ова е наведено во форумот што деновиве кружи меѓу средношколците од четврта година на еден официјален веб сајт. Таму се повикуваат сите матуранти од земјата на генерален протест на први октомври во Скопје.

Матурантите се закануваат со нови протести

А1 - 27.09.2007

Да се одложи полагањето на државната матура годинава или за оваа прашање претставниците на Средношколската заедница да преговараат со првите луѓе на Министерството за образование. Во спротивно матурантите од земјава се закануваат со нови масовни протести.

Зошто ние матурантите штрајкуваме?

Утрински - 27.09.2007

Група матуранти од скопските гимназии Кои се вистинските барања на матурантите? Зошто веќе неколку дена штрајкуваме, а се' уште никој не ги согледува причините зошто средношколците се на улица. Јавноста го става акцентот на веќе познати и небитни работи, додека, пак, она што вистински не' ...

Матурантите пробно ќе полагаат матура

Утрински - 26.09.2007

По пилот-матурата што ќе се одржи во ноември, матурантите ќе му достават на Министерството за образование официјална листа на барања и предлози сврзани со полагањето на завршниот испит. Ваков договор беше постигнат на вчерашната средба на скопскиот градоначалник Трифун Костовски со претставници на ...

Матурантите немаат заеднички став за матурата

Вечер Прес - 26.09.2007

Матурантите се со поделени ставови за матурата. Тие најдоцна до ноември, ќе ги усогласуваат ставовите за да можат пред надлежните да излезат со заедничко барање за завршниот испит од средно образование што веќе е законска обврска.

И професорите се плашат од матура

Вест - 25.09.2007

СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТИ "Професорите ни велат да не го избереме нивниот предмет, зашто ништо не сме знаеле и дека ќе ги посрамотиме. А ако, пак, го одбереме предметот, приватно да сме си земале дополнително часови", ни изјавија вчера м Средношколците од Скопје, незадоволни од досегашните резултати и ...

Рушити_ Матурата ќе се спроведе

Утрински - 25.09.2007

Протест во Тетово Матурантите од Тетово и од Битола најавуваат продолжување на протестите Билјана Јовановска Полагањето на матурските испити ќе се спроведе и тоа е став од кој нема да отстапиме, им порача министерот за образование Сулејман Рушити на матурантите по средбата со осуммина претставници ...

Кај младите отсуствува автономноста

Утрински - 25.09.2007

(Повод: текстот „Со јајца против матурата“) Веб-коментар Точно пред четири години беше презентирано истражувањето во рамките на проектот на културна деконтаминација на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“. Резултатите од истражувањата за вредносните системи и животните ориентации кај ...

Матурата е „шпанско село“ за сите фактори

Утрински - 25.09.2007

Jован Kлимовски, Скопје Последниве деновиве бевме сведоци на масовни протести на матуранти низ цела Македонија. Многу луѓе не' осудија за вандализам и за неодговорност како матуранти (јас сум матурант) и сакам во име на оние кои протестираа во следните неколку редови да претставам повеќе ставови.

Краткотрајни протести на средношколците во Скопје, Тетово, Гостивар и Прилеп

Канал5 - 25.09.2007

По вчерашниот договор за прекин на протестите до ноември, за кога е најавено дека ќе се полага пилот матура, неколку групи ученици во Скопје, Тетово, Гостивар и во Прилеп и денеска протестираа. Прилепските средношколци кои имале намера да протестираат во Скопје, по кратко време сепак, се вратиле на ...

Матурантите се враќаат на настава

Дневник - 25.09.2007

Матурантите денеска ќе се вратат на настава по протестите за укинување на државната матура. Тие се изборија да се разгледа барањето за намалување на предметите што ќе ги полагаат и добија ветување дека испитните прашања ќе се исчистат од содржини што не ги учеле во четиригодишното школување.

Матура ќе се полага - протестите во прекин

Време - 25.09.2007

НАДЛЕЖНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ РЕШИЈА Матурантите од утре се враќаат во училишните клупи, а протести денеска нема да има, најавија претставници од Средношколската унија, по нивната средба со надлежните од Министерството за образование.

Матура ќе има, но со колку предмети?

Вечер Прес - 25.09.2007

Матура годинава ќе има, но потребна е подобра информираност на средношколците и прочистување на прашањата во матурата од содржини што не ги изучувале учениците. По овие прашања истиот став го делат надлежните од Министерството за образование и претставниците на Средношколската унија на Македонија, ...

Средношколците ги прекинаа протестите

А1 - 24.09.2007

Средношколците од утре се враќаат во училиште, ги прекинаа протестите по средбите со надлежните во Министерството за образование. Според претставниците на средните училишта кои се сретнале со државниот секретар и со заменик министерот за образование, протестите се ставени во мирување до ноември, ...

За матурата не е доволно само закон

Дневник - 24.09.2007

Во почетокот на оваа учебна година се виде дека тоа што лани полагањето на државната матура беше одложено за годинава е лошо решение . Ако на една генерација и' успеало со протести да го одбегне полагањето, зошто да не и' успее и на другата.

Средношколците се враќаат во школските клупи по неколкудневните протести

Канал5 - 24.09.2007

Средношколците од утре се враќаат во школските клупи по неколкудневните протести против полагање матура. Нема конечен, туку привремен договор – учениците и министерството се согласиле во ноември да се спроведе пилот- матура која би покажала колкава е подготвеноста на матурантите за полагање на ...

Рај за матурирање

Утрински - 24.09.2007

Транзит ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ Што мисли Јован Лазаров кога мисли на матура Знам зошто Министерството за образование ќе отвора канцеларии по средните училишта за да им објаснува на директорите, професорите, учениците и родителите што е тоа државна матура.

Канцеларии за информации за матурата

Дневник - 24.09.2007

Канцеларии за информации за матурата денеска ќе бидат отворени во средните училишта. Тоа беше договорено завчера во Скопје на состанокот на претставници од Министерството за образование и наука (МОН) со директорите на средните училишта.