TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Водовод за цело Волково од октомври

Дневник - 21.07.2005

СО ПАРИ ОД ПРОГРАМАТА КАРДС Со првата лопата бетон градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, вчера официјално ја отвори изградбата на водоводна мрежа во селата Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука. Водоводниот крак долг 6.700 метри е финансиран од програмата КАРДС.

Започна изградбата на водоводот во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука

Утрински - 21.07.2005

Општина Ѓорче Петров обезбеди 450.000 евра од КАРДС-програмата Со новиот водовод ќе се обзбеди чиста вода за пиење за повеќе од 16.000 жители на трите населени места Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров свечено ја фрли првата лопата со што почна изградбата на водоводот за населбите Волково, ...

Вода од Рашче по 12 години

Вечер Прес - 21.07.2005

Жителите на населбите Волково, Кисела Јабука и Стопански двор по 12 години чекање ќе добијат вода од градскиот водовод. Ова ќе биде крај на црпењето вода од пумпи, а дел од населението конечно ќе здивне од секојдневното полнење минерална вода од изворите во Волково.

Водовод за Волково, Кисела Јабука и Стопански двор

Вест - 20.07.2005

СО ГРАНТ ОД КАРДС ПРОГРАМАТА Денес кај картингот во Волково ќе почне изградбата на новата водоводна мрежа, што Општина Ѓорче Петров ќе ја гради со донација од Европската агенција за реконструкција. Слободан Томиќ, советник за односи со јавност на градоначалникот Сокол Митревски, вели дека со ...

Градска вода за жителите на Волково

Време - 20.07.2005

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Жителите на Волково и околината, наместо од бунари, од денеска ќе користат вода за пиење од градскиот водовод, информираат од општината Ѓорче Петров. Водоводната мрежа Волково - Кисела Јабука - Стопански Двор, во должина од 6.700 метри, денеска ќе биде свечено пуштена во ...