TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пченицата нема да остане неоткупена

Дневник - 15.06.2007

За увоз на пченица може да се размислува дури откако ќе бидат откупени домашните количества, изјави вчера министерот за земјоделство Ацо Спасеноски по средбата со претставници на Федерацијата на фармери на Македонија. - Го разгледавме барањето на мелничарите за увоз на пченица од Бугарија.

Мелничарите незаинтересирани за домашното жито

Дневник - 13.06.2007

Тие се револтирани од неконтролираниот увоз на брашно од Бугарија и од Косово, кое се продава по цена од 12 до 14 денари за килограм Ако Владата не им дозволи на мелничарите да увезуваат пченица од Бугарија, откако ќе почне жетвата во земјава тие нема да го откупуваат домашното жито.

Пченицата ќе се откупува по 7 - 8 денари за килограм

Утрински - 13.06.2007

Мелничарите бараат Владата да им дозволи увоз на бугарска пченица АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Домашната пченица годинава ќе се откупува за 7 - 8 денари, иако родот поради сушата е преполовен. Онаа пченица што ќе се откупува, освен што ќе биде во мали количини, ќе биде и со лош квалитет, оценуваат ...

Мелничарите бараат забрана на увозот на косовско брашно

А1 - 12.06.2007

Мелничарите бараат Владата да го забрани увозот на брашно од Косово. Тврдат, косовските мелничари за време на жетва купуваат евтина пченица од Бугарија, поради што косовското брашно кое стигнува во земјава е со пониска цена и поконкурентно од македонското.

Мелничарите ќе ја откупуваат пченицата по седум денари

Канал5 - 12.06.2007

Од седум до осум денари ќе биде максималната цена што ќе ја понудат мелничарите за килограм пченица. На две недели пред стартот на жетвата се пожалија на нелојалната конкуренција од увезеното евтино брашно од Косово и Србија. Побараа од државата да воведе анти дампинг мерки.