TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нов доказен материјал за „Киро Ќучук“

А1 - 06.12.2002

Полицијата денеска на јавниот обвинител од Велес му доставил нов доказен материјал поврзан со инцидентот што на трети декември се случи пред влезната капија на „Киро Ќучук“ и во кој од огнено оружје беа повредени четири лица.

Локалната полиција и ССМ биле одговорни за инцидентот во "Киро Ќучук"

Дневник - 06.12.2002

УНАСМ БАРА ИТНА РАЗВРСКА НА ВЕЛЕШКИОТ СЛУЧАЈ Велешката полиција и Сојузот на синдикатите на Македонија се одговорни за немилите настани што се случија во велешката фабрика АД "Киро Ќучук", кога четворица штрајкувачи беа ранети од огнено оружје, а едно лице беше повредено со тврд предмет, обвини ...

Акционерите-штрајкувачи на "Киро Ќучук" избраа свое раководство

Утрински - 05.12.2002

По крвавиот настан, протестите во велешката фабрика за градежни материјали продолжуваат БОЖАНА ЌУЛАВКОВА-ЧАДИЕВА ВЕЛЕС - По трагичниот крвав инцидент во фабричкиот круг на АД "Киро Ќучук" кога припадници на обезбедувањето пукаа во штрајкувачите, при што повредија четири лица, штрајкот продолжи и ...

Битка на партиските тули

Дневник - 05.12.2002

Коментар - Петар Печков Во "Киро Ќучук" повторно влезе политиката. Во таа велешка фабрика стана правило да се случуваат "спонтани" штрајкови, по секое сменување на власта во земјава. Така беше пред четири години, кога по победата на ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот полициски функционер Љубе Бошковски ...

Насилството е дело на поранешниот директор Ордан Николовски

Дневник - 05.12.2002

ДИРЕКТОРОТ НА ВЕЛЕШКИ "КИРО ЌУЧУК" ОБВИНУВА: Повредените во завчерашните престрелки во "Киро Ќучук" се надвор од животна опасност, а во велешката фабрика продолжија вербалните пресметки. Директорот го обвини својот претходник дека е виновен за насилството, а синдикатот тврди дека не е организатор ...

Случајот „Киро Ќучук“ во рацете на велешкиот обвинител

А1 - 04.12.2002

Изјави на дваесет сведоци од двете инволвирани страни во вчерашното случување во фабриката „Киро Ќучук“, извештај направен од парафински ракавици и друг материјал, го сочинуваат полициското досие кое денеска му е предадено на јавниот обвинител од Велес, дознава А1 од полициски извори.

Четворица повредени во вооружена пресметка на директорски рекетари

Вест - 04.12.2002

ШТРАЈК ВО ВЕЛЕШКИ "КИРО ЌУЧУК" Престрелката на влезната капија на фабриката се случила околу 7 до 7.30 часот вчераутро, при обидот за изведување штрајк од таборот на ексдиректорот и велешки градоначалник, Ордан Николовски, кога во поранешн Осуммина членови на обезбедувањето на велешката фабрика за ...

Обезбедувањето на "Киро Ќучук" тешко ранило четворица работници

Утрински - 04.12.2002

Крвав епилог на штрајкот во велешката фабрика за производство на градежни материјали ВЕЛЕС - Обезбедувањето на директорот на велешката фабрика "Киро Ќучук" вчера тешко повреди четворица работници-акционери. Трагичниот настан се случи во моментот кога петмина припадници од обезбедувањето почнаа да ...

Четворица ранети во акционерски напад на "Киро Ќучук"

Дневник - 04.12.2002

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС Две лица се потешко ранети од огнено оружје за кое чуварската служба вели дека го употребила во самоодбрана Четири лица се ранети од огнено оружје, а едно лице е повредено со цврст предмет вчера изутрина, кога група од околу 80 акционери во АД "Киро Ќучук" од Велес се ...

Четворица ранети пред „Киро Ќучук“ во Велес

А1 - 03.12.2002

Две лица се потешко, а две полесно повредени од огнено оружје, во инцидентот што се случи изутрината околу 7,30 часот пред велешката фабрика „Киро Ќучук“, потврди МВР. Две лица веќе се приведени во велешката полиција, која врши истрага во врска со инцидентот.