Прилепски пекари ги зголемија и веднаш ги вратија цените на белите печива, а лебот остана по стара цена. Мелничарите бараат повисока цена за брашното, а земјоделците од државата да им даде уште два денара за секој килограм пченица продаден по осум денари.
Велешките месарници вчера ги зголемија цените на свинското и на телешкото месо за 20 денари по килограм, јави МИА. Новите цени се истакнати во сите продавници на „Жито Вардар“ и „Агрија“ и во приватните месарници. Месарите ваквата одлука ја правдаат со немањето доволно сточна храна, што е пак ...
СКОКААТ ЦЕНИТЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ Цените се зголемени од 10 до 20 денари, односно доматот сега се продава за 50 денари, краставицата и зелката за 40 денари, пиперките за 30 денари По поскапувањето на дел од прехранбените производи, од вчера повисоки цени има и на скопските зелени пазари.
Бранот поскапувања ќе го намали животниот стандард на граѓаните. Ќе удри на семејните буџети. На државно ниво, економските експерти не очекуваат големи промени во макроекономската политика. Според нив, мал раст на стапката на инфлација секако ќе има.
Во "Жито Вардар", "Агрија", во маркетите "Жито", како и во поголемиот број помали велешки продавници, од вчера месото се продава поскапо за 20 денари за килограм. Така, ако до вчера килограм свински кременадли се купуваа за 200 денари, сега ќе се плаќаат по 220.
КОЧАНИ Кочанските трговци ги зголемија цените на прехранбените продукти во малопродажба. Цената на јајцата е зголемена некаде и за 100 насто. Во зависност од големината, сега едно јајца чини 5 (од 2, 5), 6 (од 3) денари итн. Маслото за јадење поскапе од 10 до 15 насто. Литар масло чини 56 денари.
БИТОЛА Битолчани се вознемирени и револтирани од новите цени во продавниците за кои не постои оправданост. Нови цени во одделни продавници доби маслото за јадење кое, во зависност од квалитетот, се продава и по 62 денара. Од 20 до 40 насто поскапеа и јајцата, и сега табла од 30 јајца се продава за ...
Ако се остварат најавите за поскапување на прехранбените производи за 20 отсто, просечното македонско семејство ќе треба да одвои приближно 1.000 денари повеќе од порано за месечното пазарење Сушата го зема својот данок, основните прехранбени производи добиваат нови цени АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ По ...
Ќе бараме од Владата да го спречи договарањето на новите цени од трговците и да интервенира од стоковите резерви за да го спречи ценовниот шок, велат во Организацијата на потрошувачите Бранот поскапувања на основните прехранбени продукти кој ја зафати земјава најмногу ќе удри врз семејниот буџет на ...
Последиците од сушата што ја зафатија цела југоисточна Европа се манифестираат со бран поскапувања, јави агенцијата Танјуг . Во Хрватска, лебот од 1 август е поскап за 10 отсто. Поради зголемувањето на цените на сточната храна, пораснаа и производствените цени на месото за седум до десет отсто, но ...
ОТКАКО ВЛАДАТА СЕ ЗАКАНИ СО КАЗНИ Откако Владата им се закани со контроли и казни некои од пекарите што претходно ја имаа зголемено цената на лебот решија да ја вратат старата цена. Од Владата велат дека во Радовиш пекарите веќе ја вратиле старата цена на лебот, а и од другите градови каде што ...
Радовишани од вчера повторно лебот го купуваат по старите цени од пред една недела, кога во Радовиш, како и во повеќе градови во источна и во југоисточна Македонија, цената беше зголемена од еден до пет денари. Сега, векна леб од 600 грама во Радовиш чини 20 денари наместо 25 денари за колку што се ...
Во продажната мрежа на „Жито Караорман“ брашното се продава по цена повисока за 8 денари од килограм. Лебот и белите печива се' уште се по стара цена, но како што истакнуваат надлежните во тек се пресметките околу утврдувањето на износот за евентуалното нејзино зголемување. (С.В.
Лебот во продавниците во Пробиштип од саботата се продава по 25 денари. Цената на векна од 600 грама, од досегашните 18 и 20 денари е зголемена за 30 отсто. Освен тамошните приватни пекарници, леб во Пробиштип доставуваат и пекари од Кочани и од Кратово.
Продолжува бранот поскапувања на основните прехранбени производи. По лебот, поскапуваат и месото и јајцата. Цената на табла јајца од сите класи е повисока во просек за 50 денари. Продолжува бранот поскапувања на основните прехранбени производи. По лебот, поскапуваат и месото и јајцата.