Фудбалерите на Црвена Ѕвезда, за прв пат предводени од македонскиот стратег Чедомир Јаневски, успеаа да побегнат од дното на табелата, но не и да ја остварат својата прва победа во овогодинешниот шампионат, бидејќи во интересен и неизвесен меч одиграа нерешено 2:2 со Чукарички.
оштетиле повеќе автомобили на фудбалерите што биле паркирани пред стадионот, јавуваат денеска српските медиуми. Според полицијата, хулиганите за време на вчерашниот состанок на фудбалерите со новиот шеф на стручниот штаб Чедомир Јаневски , искршиле 11 автомобили на играчите.
Група навивачи на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда од Белград оштетиле повеќе автомобили на фудбалерите што биле паркирани пред стадионот, јавуваат денеска српските медиуми.
Чедомир Јаневски од синоќа и официјално е тренер на Црвена Ѕвезда, откако по завршувањето на формалностите и раскинот на договорот со Ал Шаби од Емиратите, го одработил и првиот тренинг.
Спортскиот директор на Црвена Ѕвезда, Илија Ивиќ, го извлече својот “џокер“ од ракавот. Можеби тоа многумина ги изненади, но новиот тренер на Црвена Ѕвезда е Македонецот, Чедомир Јаневски.
- После неколку дена интензивни преговори, потпишав договор со Ѕвезда до крајот на сезоната. Знам како е да се работи во голем клуб, бидејќи дел од кариерата поминав во Бриж и Олимпијакос.
Македонскиот фудбалски стручњак Чедомир Јаневски потпиша едногодишен договор со најтрофејниот српски клуб Црвена Ѕвезда.
Претходно, во 2007 година, Јаневски пет месеци беше тренер на белгискиот клуб Бриж, со кој го освои националниот куп. Кратко време работеше како помошник во Гент, пред да се пресели во Дубаи.