TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стигна хрватското барање за сослушување македонски сведоци

Дневник - 02.10.2004

СЛУЧАЈ "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Министерството за правда вчера го добило хрватското барање за давање правна помош во истрагата против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски за случајот "Раштански Лозја", кој го презеде Жупанскиот суд во Пула.

Притворот за Бошкоски продолжен за уште два месеца

Утрински - 01.10.2004

Адвокатот на ексминистерот демантира дека неговиот клиент го обвинил Цветков за Раштански Лозја На ексминистерот Љубе Бошкоски вчера од страна на Судскиот совет во Жупанискиот суд во Пула му беше продолжен притворот за уште два месеца.

Бошковски ги сменил адвокатите

Време - 01.10.2004

СУДОТ ВО ПУЛА ДЕНОВИВЕ ЌЕ РЕШАВА ЗА ПРИТВОРОТ Судскиот совет од жупанискиот суд во Пула деновиве треба да реши дали на Љубе Бошковски, осомничен за убиство на шест Пакистанци и еден Индиец во случајот „Раштански Лозја“ ќе му го продолжи притворот за уште еден месец.

Љубе остана во притвор

Дневник - 01.10.2004

СУДОТ ВО ПУЛА РЕШИ Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски ќе остане во притвор уште два месеца, соопшти жупанискиот суд во Пула. Адвокатите на Бошковски велат дека за нив одлуката на судот била очекувана оти истрагата не била мрдната од место.

ЉУБЕ БОШКОСКИ УШТЕ 60 ДЕНА ВО ПРИТВОР

Вечер Прес - 01.10.2004

Ексминитерот Љубе Бошкоски осомничен дека е главен двигател на акцијата за убиството на седумтемина странци кај Раштански лозја во март 2002 година, со одлука на Жупанискиот суд во Пула, ќе остане во притвор уште 60 дена, соопшти вчера неговиот адвокат Бранко Радончиќ.

Притворот на Љубе Бошковски е продолжен за уште два месеци

А1 - 30.09.2004

Нови два месеци притвор за Љубе Бошковски во Истражниот центар во Пула. Така одлучи истражниот оддел на судот, неколку дена пред истекување на 30-дневниот притвор на Бошковски, одреден на 4-ти септември. Бранителите на Бошковски ќе се жалат на одлуката на судот.

Нови два месеца притвор за Љубе Бошковски, ова е решението на хрватскиот жупаниски суд во Пула.

Канал5 - 30.09.2004

Бошковски, пак, најавува тужба на ова решение на судот. Според Бранковиќ ова е очекувана одлука за нив и реакцијата на Бошковски била мирна. Во минатиот месец додека Бошковски беше во притвор, хрватскиот суд не сработил ништо во врска со случајот и о Бошковски, пак, најавува тужба на ова решение на ...

“ВЛАСТА МОНТИРА”

Вечер Прес - 30.09.2004

На Љубе Бошковски, најверојатно, ќе му биде продолжен притворот за уште 30 дена. Продол- жувањето на притворот во предистражната постапка , според хрватските закони, може да трае најдолго до шест месеци. Дали Бош- ковски ќе мора да го издржи максимумот е сосема неизвесно, а според неговиот ...

Костов ми нудеше да сведочам против Бошковски

Дневник - 29.09.2004

ГОРАН СТОЈКОВ СО ПРИГОВОР НА ОБВИНЕНИЕТО Поранешниот министер за внатрешни работи и поранешниот потсекретар за град Скопје ми понудија да бидам сведок против Љубе Бошковски за случајот "Раштански Лозја", изјавил вчера поранешниот командант на "Лавовите", Горан Стојков, пред Кривичниот совет на ...

Бошкоски ја префрла вината врз Александар Цветков

Утрински - 29.09.2004

Поранешниот министер за "случајот Раштански Лозја" Борис Георгиевски Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски целата вина за "случајот Раштански Лозја" ја префрлил врз поранешниот началник на Одделението за оперативна техника во МВР, Александар Цветков.

Мемети не знае за сослушувањето

Дневник - 29.09.2004

слуЧаЈ бошковски Немам информација, но ако барањето од Хрватска за сослушување сведоци во Македонија стасало во Министерството за правда, тоа ќе биде доставено до судските органи, изјави вчера министерот за правда Иџет Мемети.

СТОЈКОВ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ

Вечер Прес - 29.09.2004

"Биди сведок против Љубе, па стани оди си, ме убедуваш е помошникот на Хари Костов, Бранко Радосављевиќ". Вака ја почна својата одбрана второобвинетиот за убиството на седумтемина странци кај Раштански Лозја, команданот на единицата за брза интервенција "лавови", генералот Горан Стојков, на вчераш ...

Мемети нема информација за хрватско барање за Раштански

А1 - 28.09.2004

Министерот за правда Иџет Мемети нема информација дали е пристигнато барање од хрватските правосудни органи во врска со случајот „Раштански лозја“, затоа што, како што изјави денеска „таква евиденција не води“. Мемети додаде дека доколку барањето е пристигнато, тоа ќе биде проследено до надлежниот ...

За бранителите, случајот Раштански лозја е монтиран политички процес

А1 - 28.09.2004

„Митко сведочи, а ако не, нека ти е среќен притворот“. Вака сегашниот премиер Хари Костов го убедувал Митко Кикереков, обвинет во случајот Раштански лозја, да биде сведок во процесот. Ваквото обвинување пред Кривичниот совет на Основниот суд 2 го кажаа адвокатите на Кикереков.

Притворот на Љубе Бошковски истекува задутре

Дневник - 28.09.2004

СЛУЧАЈ "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Триесетдневниот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во Хрватска истекува в четврток, а за продолжување ќе одлучува судски совет, соопшти Ивица Станиќ, истражен судија од судот во Пула, кој го води случајот "Раштански Лозја".

Цветков ќе бара меѓународна правда

Дневник - 27.09.2004

ПО ОДЛУКАТА НА СКОПСКИОТ СУД 2 Бранителите на поранешниот началник на секторот за оперативна техника, Александар Цветков, ќе побараат од јавниот обвинител да поведе постапка за заштита на законитоста пред Врховниот суд бидејќи првостепениот суд го одби нивниот приговор на обвинението, со кој тврдеа ...